домаБЕШЕБЕШЕ - 30 ОКТОМВРИ 2023 ГОДИНА

БЕШЕ – 30 ОКТОМВРИ 2023 ГОДИНА

30 октомври
Беше тоа на 30 Октомври 1890 кога Охридското граѓанство испрати молба до Високата порта во Цариград, во која молеше да се дозволи основање на македонски училишта во градот и околината и да се дозволи наставата во училиштата да се изведува на македонски јазик.

Беше тоа на 30 Октомври 1958 кога во Гостивар е роден Атила Клинче, македонски глумец. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1982 година, каде што е примен за доцент по техника на говорот. Специјализирал на државниот универзитет „Хаџет Тепе“ во Анкара, а во март 2011 магистрирал на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со што станал магистер по културологија. Како професор работи на Факултетот за драмски уметности, каде што предава сценски говор. Работел како глумец во НУ Турски Театар во Скопје и бил директор на истиот од 2003 до 2006 година, повторно бил назначен за директор на Тетарот во октомври 2008 година. 2017 поднесува оставка од функцијата директор на НУ Турски Тетар Скопје. Има одиграно повеќе од 70 улоги во многу претстави, од кои во повеќето заземал главен лик.

Беше тоа на 30 Октомври 1988 кога почина Кочо Петровски. Се смета за еден од најдобрите хармоникаши од Македонија, бил македонски музичар, водач на оркестар, композитор, аранжер и продуцент на македонски народни и новосоздадени фолклорни песни.

Беше тоа на 30 Октомври 1993 кога Министерството за односи со странство на Република Македонија, официјално е известено од генералниот секретар на Обединетите нации, дека е прифатена нотификацијата на Република Македонија, со која се пристапува кон Виенската конвенција за патниот сообраќај од 1968 година. Според тоа возилата регистрирани во Македонија ја користат ознаката „МК“.

Беше тоа на 30 Октомври 1994 кога се одржаа вторите повеќепартиски избори во Македонија. СДСМ оствари уверлива победа, а ВМРО ДПМНЕ не ги прифати резултатите и се откажа од учество во работата на Парламентот.

Беше тоа на 30 Октомври 1995 кога во Луксембург, Советот на европските министри ја даде својата согласност за вклучување на Македонија во структурата на програмата ФАРЕ, наменета за земјите од Централна и од Источна Европа.

Беше тоа на 30 Октомври 2014 кога почина академик Благој Попов, член на МАНУ од нејзиното формирање во 1967 година. Од 1948 година е асистент на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1949 година е избран за предавач, во 1953 година за доцент по предметот математичка анализа, а во 1963 година за редовен професор. Од 1967 до 1969 година е ректор на Универзитетот во Скопје. Во МАНУ извршувал високи функции, од 1980 до 1983 година бил потпретседател, а од 1985 до 1991 година секретар на Одделението за природно-математички и технички науки. Академик Благој Попов бил член на Меѓународната астрономска академија во Париз и член на Њујоршката академија. Научната активност му е во областа на диференцијалните равенки и специјалните функции, а неговите научни трудови се публикувани во домашни и реномирани странски списанија, а учесник е и на бројни меѓународни конгреси на математичарите. Академик Благој Попов е роден во Кочани на 17 јануари 1923 година.

Ден 18 април 2025

00:01:17