30 ноември
Беше тоа на 30 Ноември 1894 кога Македонскиот револуционер Гоце Делчев, лично од Даме Груев, примен е за член на ВМРО.
На 30 Ноември 1935 роден е Стојан Андов македонски економист, политичар, публицист и романописец, прв претседател на повеќепартиското Собрание на Македонија, претседател на Либералната партија на Македонија. Андов се занимава и со теоретски прашања од областа на економијата, со публицистика и со книжевност. Автор е на повеќе книги од областа на економскиот и политичкиот систем, како и од областа на книжевноста
Беше тоа на 30 Ноември 1948 кога Пелистер стана национален парк на тој ден е прогласен за прво заштитено природно богатство во Р. Македонија.
На 30 Ноември 1998 е избрана Владата на Република Македонија, предводена од Љубчо Георгиевски.
Беше тоа на 30 Ноември 2000 кога Претседателот на Собранието на Република Македонија Саво Климовски поднесе оставка на оваа функција, а за претседател на Собранието на Република Македонија е избран Стојан Андов.
На 30 Ноември 2001 Собранието на Република Македонија, со мнозинство гласови, го прифати седмиот по ред владин состав на Премиерот Љубчо Георгиевски.
Беше тоа на 30 Ноември 2005 кога Тито Петковски ја формира НСДП, како реакција на незадоволството кое подолго време владееше во редовите на СДСМ. Формирањето на оваа партија се смета како еден од главните фактори за поразот на владата на Владо Бучковски во јули 2006 година. На тие избори НСДП освои 6 пратенички места и стана дел од владејачката коалиција.
Беше тоа на 30 Ноември 2011 кога почина Илија Зимбо — македонски солист, камерен музичар и прв флејтист во оркестарот на Македонската опера и балет.
Беше тоа на 30 Ноември 2011 кога во Тетово почина спортскиот функционер на Мотоциклистичката федерација на Македонија, Стеве Илиески – Караѓуле. Илиески беше омилен помеѓу децата со кои работеше како долгогодишен скијачки инструктор и иницијатор на детски натпревари на снежните терени на Попова Шапка. Покрај тоа, Караѓуле ќе остане запаметен како еден од главните иницијатори за организација на првиот ендуро натпревар во Македонија, „Ендуро Шар Планина 2009“.
