3 февруари
Беше тоа на 3 Февруари 1904 убиен е Толе Паша во голема и нерамна битка со триилјаден турски аскер, кој добро информиран од својата, но и од грчката шпионска мрежа, го заобиколил селото Гудјаково во кое била лоцирана четата на војводата. На информацијата дека селото е опколено, Толе Паша не покажал особена возбуда, ниту особен страв, туку мирно им се обратил на домаќините и на своите комити да завршат со ручекот, па после да бијат битка со непријателот.
На 3 Февруари 1921 година во Трпчевата меана се одржало првото официјално основачко собрание на фудбалкскиот клуб „Балкан“ од Чаир. Во оригиналните документи во Београдскиот лопташки савез стоело: ФК „Балкан“ е прв рагистриран клуб из „вардарске бановине“, издаден на 30 мај 1921 год. со потпис на тогашниот секретар Коста Таушановиќ. Од своите лични и скромни средства управата и играчите на ФК „Балкан“ ги купиле своите дресови кои биле црвени.
Беше тоа на 3 Февруари 1937 во село Стапар, Војводина, роден е Александар Џамбазов. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Неговиот творечки опус е многу богат. Автор е на голем број детски песни како иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот „Златно славејче“. Пишувал сценска и филмска музика и повеќе дела од класичната музика. Kомпонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии. Добитник е на педесетина стручни награди.
На 3 Февруари 1977 Во несреќен случај загина Васко Каранѓелески, народен херој на Македонија. Роден е во селото Брусник, Битолско, на 7 јули 1921 година. Беше командант на Скопската армиска област. Загина во неразјаснет случај убиен е на падините на планината Караџица додека со пријателите бил на лов. По неговата смрт, Младиќ е поставен за командант на Скопската армиска област.
Беше тоа на 3 Февруари 1966 На Месечината се спушти првото летало лансирано од Земјата, советскиот вселенски брод без посада „Луна IX“, по што почна да емитува радиосигнали.
На 3 Февруари 2000 Во Скопје умре Лазо Каровски, македонски писател и книжевен историчар. Од неговото обемно книжевно дело ќе ја споменеме неговата прва книга поезија за деца „Овчарче“, објавена во 1946 година, и последната, романот за деца „Нека летаат гулбите“, објавена во 1986 година. Роден е во Кавадарци, на 17 февруари 1927 година.
Беше тоа на 3 Февруари 2002 Во Скопје, во сообраќајна несреќа, загина Петранка Костадинова, позната македонска пејачка на народни песни. Познати и се песните „Не кажувај либе добра ноќ“, „Во Струмица на улица“, „Мајка“, „Мајсторе, мајсторе“, „Земи си златни ѓердани“ и многу други. Родена е во Сомбор, во 1948 година.
