домаБЕШЕБЕШЕ - 29 НОЕМВРИ 2023 ГОДИНА

БЕШЕ – 29 НОЕМВРИ 2023 ГОДИНА

29 ноември
Беше тоа на 29 Ноември 1913 кога во Париз основан Меѓународниот мечувалски сојуз (ФИЕ).
На 29 Ноември 1926 во Тетово е пуштена во редовна работа ХЕЦ „Пена“ прв хидроенергетски објект во Македонија. Изградена е во периодот од 1924 до септември 1926 година. Инвеститор било Тетовското индустриско акционерско друштво основано на иницијатива на Г-дин Михајлович, руски емигрант кој живееел во Тетово.
Беше тоа на 29 Ноември 1943 кога Народноослободителниот комитет на селото Сливово, Охридско, ја изрече првата пресуда. Воедно тоа е и првата пресуда што ја изрекоа органите на народната власт во НОВ на територијата на Македонија. Сослушувањето и пресудата ја изрече Танаско Трајковски, а се однесуваше за разрешување на имотните односи меѓу тројца селани.
На 29 Ноември 1949 во Скопје, на платото пред некогашната Женска гимназија е откриен Споменикот на паднатите борци во НОВ на Македонија (Денес пред владата на РМ). Изработен е во бронза, а е дело на хрватскиот скулптор Иван Мирковиќ.
Беше тоа на 29 Ноември 1958 Скопје и некои други градови од Македонија добиваат добар прием на италијанската телевизија.
На 29 Ноември 1973 во Маврови Анови е формирано Здружението на радиостаниците во Република Македонија.
Беше тоа на 29 Ноември 1991 Ксенте Богоев е избран за нов претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
На 29 Ноември 1951 е роден Мирче Нешовски. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работи во Народната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје. Член на Друштво на писатели на Македонија од 1994 година.
Беше тоа на 29 Ноември 1956 кога е роден Аце Русевски. Бил член на БК „Куманово“ во Куманово. На Републичкото боксерско првенство за младинци освоил прво место (1973). На првенствата на Југославија во Пула (1979) освоил исто така прво, а во Осиек (1973), Бања Лука (1974) и Ниш (1976) второ место. На Балканските првенства во Софија (Бугарија, 1975) и во Загреб (1976) освоил златен медал, како и на Медитеранските игри во Сплит (1979) и на Европското првенство во Хале (Германија, 1977). На Европското првенство за младинци во Киев (Украина, 1974) и на Олимписките игри во Монтреал (Канада, 1976) го освоил трето место. Бил прв на четири меѓународни турнири (1973–1978). Со Клубот боксувал во Првата сојузна лига (1976/77). Вкупно настапил на 280 мечеви – 267 победи, 3 нерешени и 10 порази, освојувајќи 10 златни, 4 сребрени и 6 бронзени медали и други трофеи. Боксувал и како професионалец. Бил избран за најдобар спортист на Македонија (1976).
На 29 Ноември 1956 починал Јордан Икономов македонски градежен инженер, вонреден професор на Градежниот факултет во Скопје (1949) по предмети од областа на комуналната хидротехника, хидрологијата и мелиорациите. Завршил Технички факултет во Виена. Напишал скрипти за предметите хидрологија и за Канализација.
Беше тоа на 29 Ноември 2003 Јордан Икономов роден во Крива Паланка македонски градежен инженер, вонреден професор на Градежниот факултет во Скопје (1949 г.) по предмети од областа на комуналната хидротехника, хидрологијата и мелиорациите. Завршил Технички факултет во Виена. Напишал скрипти за предметите хидрологија и за Канализација.
На 29 Ноември 1991 Ксенте Богоев е избран за нов претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
29 Ноември е Ден на Републиката во поранешна СФРЈ во спомен на прогласувањето на федералното уредување на Југославија на уставотворното собрание 1943 година, Второто заседание на АВНОЈ. Со распадот на СФРЈ се престанало со одбележување на овој ден во сите републики на поранешна Југославија освен во Србија каде останал како празник во Сојузна Република Југославија сè до 2002 година.

Ден 18 април 2025

00:01:17