домаБЕШЕБеше 29 февруари 2024

Беше 29 февруари 2024

29 февруари

29 февруари — 60. ден во годината според грегоријанскиот календар, само во престапна година. Месецот февруари има дополнителен или таканаречен престапен ден на секои четири години. Ова е практика што постои од 1582 година поради едноставна причина. На Земјата ѝ се потребни приближно 365,25 дена за да направи круг околу Сонцето. Дополнителниот ден во февруари е додаден бидејќи времето што ѝ е потребно на нашата планета за цел круг околу Сонцето не може да се заокружи на прецизен број денови. Без тие дополнителни 5 часа, 48 минути и 45 секунди во патот на Земјата околу Сонцето, кои ги нема во календарот на една обична година, би се смениле годишните времиња. Календарот би се оддалечувал од соодветните годишни времиња и по одреден период би имале зима во мај, па дури и во јуни. Токму затоа, речиси секоја земја во светот го користи грегоријанскиот календар, кој во себе има престапна година. Според „Ворлдатлас“, десет земји не го користат грегоријанскиот календар.

Настани:

Околу пет милиони луѓе ширум светот се родени на овој ден, па својот роденден можат да го слават или на 28-ми февруари или на први март, кога годината не е престапна.

1912 склучен договор помеѓу Србија и Бугарија за поделба на Македонија, Скопје се наоѓало во спорна зона за која решение требало да даде арбитерот – рускиот цар.

Родени:

1920 Благој Страчковски македонски народен херој, учесник во НОБ. На 11 октомври 1953 година, со одлука на претседателот со СФРЈ, Јосип Броз-Тито, бил прогласен за народен херој. Работел во каменоломот во Превалец, копал лозја, садел тутун, носел малтер и др. Без никаков стекнат работен стаж стапил во револуционерното движење. Откако станал член на синдикатот, се вклучил во неговата работа и учествувал во штрајкови и демонстрации против властите. Читајќи марксистичка литература, се’ повеќе се ангажирал во синдикалното движење. Неговата активност била забележана, па на почетокот од 1940 година станал член на СКОЈ, а на крајот од годината станал член на Комунистичката партија на Југославија. Во декември 1942, бугарската окупаторска власт презела широки акции за разбивање на одредот. Таква битка била Битката кај Војничка Пештера кадешто одредот се разделил. Благој со група борци требало да тргне кон Скопска Црна Гора, но поради густиот снег кај Катланово биле принудени да се вратат во градот. Бидејќи не можеле да воспостават врска со одредот, Благој со уште двајца борци извесно време се криеле во градот. Потоа заминале кон село Росоман кавадаречко кадешто биле забележани од група контрачетници и отвориле оган на нив. Извлекувајќи се од заседите, Благој и двајцата другари стигнале до село Водоврати. Тука преморени и без муниција биле фатени и однесени во касарната во Велес и биле мачени. Благој на прашањата на на бугарските војници за партизаните возвраќал со молчење. На 13 јануари 1943 година во еден миг Благој само извикал дека победата ќе биде на страната на партизаните. Кога го слушнале ова разбеснетите бугарски војници Благој жив го закопале, а после го откопале и го исекле на парчиња.

Кавадарчанката Славица Димова Вареловска е меѓу ретките во Македонија што со нетрпение го чекаат 29 февруари, годинава со 32 години ќе има 8 свеќи на роденденската торта. Kога годините не се престапни, роденденот го одбележува на 28 февруари. Но, никој од моите блиски не и го признаваат тој датум за роденден, па и честитаат дури на 1 март, открива дипломираната економистка.

29-ти февруари е интересен и несекојдневен датум, низ историјата овој датум има различни значења и со овој ден се поврзани неколку интересни занимливости.

Веројатноста некое дете да се роди на овој датум е 1:1.500.

Во САД живеат помалку од 200.000 лица родени на овој ден.

Во Гинисовата книга на рекорди е запишано семејство од Ирска што има дури три генерации родени на 29-ти февруари. Таткото е роден на 29-ти февруари 1940-та, неговиот син на 29-ти февруари 1964-та година, а внуката на 29-ти 1996-та година. Во Ирска има закон со којшто сите деца родени на 29-ти февруари добиваат подарок од 100 фунти. Во Ирска на овој ден им било дозволено на жените да ги запросуваат мажите. Традицијата прва ја почнала кралицата Маргарита од Шкотска во 1288 година.

Ако некое дете е родено на 29-ти февруари во Нов Зеланд, 18-от роденден ќе го прослави на 28-ми февруари, односно од тој момент се смета за полнолетен, додека во Велика Британија полнолетството ќе му почне на први март.

Во Русија се верува дека престапната година носи многу неповолни временски услови.

Во Тајван, мажените ќерки на овој ден се враќаат во домот, бидејќи се верува дека лунарната месечина може на родителите да им донесе лошо здравје, па затоа треба нивните ќерки да бидат присутни во домот за да им донесат здравје и среќа.

Први во светот што додавале по еден ден во календарот на секои четири години биле Еѓипќаните кои на овој начин ја урамнотежувале календарската и сончевата година

Според енциклопедијата за светско наследство, како невообичаена случка која е врзана за престапната година, односно за 29 февруари, се истакнува случајот на Џејмс Милн Вилсон во 1800-тите години, кој по потекло бил Британец, а за време на неговиот живот станал премиер на Тасманија. Тој се родил токму во престапен ден и умрел токму тој ден. Вилсон починал на 29 февруари 1880 година, на неговиот 17-ти роденден, ако се празнува секоја четврта година, односно на 68-годишна возраст.

Познати личности родени на 29 февруари, се Мел Гибсон, Сандра Булок, Кристина Агилера, Скарлет Јохансон, композиторот Джоакино Росини, актерот Џејмс Мичел, бугарскиот актер Христо Чешмеджиев.

Ден 18 април 2025

00:01:17