29 декември
Беше тоа на 29 Декември 1920 Во Софија умре Марко Цепенков, во крајна мизерија, сиромаштија и заборавен од сите, чие име подоцна ќе стане синоним и симбол на Македонската култура, традиција и народно творештво на Македонија. Тој еден од најголемите собирачи на македонски народни умотворби, неговото творештво собрано е во 10 книги.
На 29 Декември 1933 е роден Стојан Тарапуза — македонски поет. Основното образование го завршил во родното место и во Штип, а потоа учел во средното техничко училиште и на Вишата педагошка академија во Скопје. Работел како новинар во редакцијата „Детска радост“, во книгоиздателството Наша книга и во Македонското радио. Член е на ДПМ од 1966 година. Стојан Тарапуза пишува поезија за деца и за возрасни.
Беше тоа на 29 Декември 1941 Ненад Милосављевиќ (р. во Прилеп) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Дипломирал на театарска академија во Белград во 1967. Член на Драмски театар – Скопје од 1968 година. Добитник е на наградата за епизодна улога на театарските игри “Војдан Чернодрински” во Прилеп, добитник е и на наградата за најдобра епизодна улога на Стериионото Позорје
На 29 Декември 1944 Основана Македонската стопанска банка.
Беше тоа на 29 Декември 1992 Долниот дом на холандскиот Парламент донел одлука за признавање на Република Македонија.
На 29 Декември 1993 Владите на Полска и на Република Македонија донеле одлуки за воспоставување дипломатски односи во ранг на вонредни и ополномоштени амбасадори.
Беше тоа на 29 Декември 1993 Исланд и на Република Македонија воспоставиле дипломатски односи.
На 29 Декември 1998 почина Томо Шијак македонски сликар роден во Косово Поле. Уште од најрана младост кај него се јавил огромен интерес за ликовно претставување на сопствените опсервации. По завршувањето на средното уметничко училиште во Скопје, студирал ликовна уметност на Академијата за ликовни уметности во Љубљана, а потоа бил на студиски престој во Париз. Самостојно излагал во Скопје, Белград и Ниш. Учествувал на Биеналето во Сао Паоло и на Биеналето во Венеција. Се занимавал со карикатура, илустрација, сценографија, плакат и фотографија. Во неговото творештво се разликуваат неколку фази: посткубизам, апстракција, варијанти на поп-артот и концептуални постапки, кои кон крајот на шеесеттите години резултирале во првите објекти во македонската современа уметност: мусандри и неомусандри. Во нив ги обединил сликарските, вајарските и дизајнерските аспекти. Овој модел на ликовно обликување просторно го применил во ентериерот на зградата на Градскиот комитет во Скопје и во хотелот „Дрим“ во Струга.
Беше тоа на 29 Декември 2000 Претседателот на Македонија Борис Трајковски ја посети Југославија, ова е прва посета на македонски Претседател по падот на Слободан Милошевиќ.
