домаБЕШЕБеше 28 јануари 2024

Беше 28 јануари 2024

28 јануари

Беше тоа на 28 Јануари 1919 кога е воспоставен сообраќај на железничката линија Скопје-Ниш.

На 28 Јануари 1945 во Скопје е отворена првата градинка во Македонија, за престој на деца од 4 до 7-годишна возраст, на кои им беа обезбедени храна и воспитување преку денот, додека нивните родители беа на работа.

Беше тоа на 28 Јануари 1898 кога во Велес е роден Кирил Ќамилов, еден од македонските учесници во Шпанската граѓанска војна. Умре во Скопје, на 8 септември 1976 година.

На 28 Јануари 1928 е роден Славко Милосавлевски бил активен учесник во НОБ од 1941 година. За време на војната вршел разни политички должности, a крајот на војната го затекнал како член на бригаден комитет на КПЈ. Носител е на Партизанска споменица 1941. Во периодот 1957-1958 година бил претседател на Општина Тетово. Во ноември 1974 година Милосавлевски заминал за САД во надеж дека ќе најде работа на некој американски факултет. Сепак, неговите идеолошки врски со југословенскиот комунизам биле премногу силни и тој не сакал југословенската власт да го прогласи за дисидент. По воведувањето на политичкиот плурализам учествувал во формирањето на Социјалдемократската партија на Македонија и бил избран за нејзин прв претседател. На чело на партијата бил до септември 1991 година, кога ја напуштил партијата и се повлекол од активната политика. По осамостојувањето на Република Македонија одреден период бил македонски амбасадор во СР Југославија. Починал на 14 октомври 2012 во Вратница, Тетовско.

Беше тоа на 28 Јануари 2004 Во Скопје умре Алаетин Тахир, писател, литературен критичар, есеист и новинар од турската националност во Македонија. Автор е на книгите „Апартман 18“ и „Портрет“. Роден е во Скопје, на 23 април 1949 година.

Ден 18 април 2025

00:01:17