домаБЕШЕБеше 28 февруари 2024

Беше 28 февруари 2024

28 февруари

Настани:

1934 Основан е Музејот на град Битола.

Родени:

1915 роден е Диме Поцев, учесник во НОВ.Тој е и носител на Партизанска споменица од 1941 година. Во младите години се занимава со спорт и е еден од најдобрите гимнастичари на Соколското друштво во Кавадарци. Во 1934 г. на првенството во лесна атлетика и гимнастика во Скопје го освоил првото место. Во 1941 година е еден од организаторите на штрајкот на монополските работници. Во мај 1943 година е меѓу првите борци на тиквешкиот партизански одред “Добри Даскалов“.

1980 Васил Зафирчев македонски театарски и филмски глумец. Зафирчев настапувал во повеќе театри во Македонија, како Македонскиот народен театар, Драмскиот Театар, народните театри во Велес, Прилеп и Струмица и Македонската Опера и Балет. Зафирчев остварил повеќе од 60 улоги во театар, телевизија и на филм. Добитник е на сите престижни глумечки награди во Македонија, меѓу кои и на највисокото глумечко признание „Ристо Шишков”, како и на повеќе меѓународни театарски награди. Од 2004 -2006 година Зафирчев бил Претседател на Здружението на драмски уметници на Република Македонија – „Џинот”. Од 2006-2007 година бил професор на Глумечкиот факултет при Славјанскиот Универзитет во Битола. Од 2006-2007 година бил професор по глумечка игра во средното балетско училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Од 2006 до 2008 година бил вработен во Националната Установа Драмски Театар, Скопје.

Починале:

1908 Петар Христов – Германчето се самоубил, тој е македонски револуционер и војвода, член на ВМРО, активен учесник во Илинденското востание, по кое заминал на печалба во САД. Во Преспанско, во борба против турската војска, во една безизлезна ситуација, за да не падне жив во рацете на непријателот, се самоубил Во 1905 година се вратил во татковината и учествувал во борбата на македонскиот народ за ослободување од турската власт. Роден бил во селото Герман, Преспанско.

1981 Во Скопје умре Љутви Руси, прозаист од албанска националност во Македонија. Негови најзначајни дела се „Партизански приказни“, „Калење“, „Ибе Паликуќа“, „Двајца другари“, „Сомневање“, „Лиман Каба“ и „Глувонемиот“. Од македонски на албански јазик го преведе делото „Везилка“ од Блаже Конески. Роден е во Дебар, на 18 јануари 1923 година.

Ден 18 април 2025

00:01:17