28 септември
Настани:
1993 Владата на Демократска Народна Република Кореја донесе одлука за признавање на Република Македонија.
1994 Во Скопје, во издание на „МИ-АН“, излегува првиот број на „Македонско време“, независен информативно-политички магазин.
Родени:
1962 Венцеслав Симоновски (Делчево) поранешен македонски фудбалер. Тој во 1987 година бил дел од шампионскиот тим на ФК Вардар кој ја освоил шампионската титула на тогашна Југославија. Играл за ФК Вардар од Скопје во рамките на југословенската лига во периодот од 1983 до 1988 година. Помеѓу 1988 и 1992 година играл за тимот на Спартак Суботица.
Починале:
1902 Во селото Крушоради, Леринско, во борба против турската војска и башибозукот, немајќи друг излез, По целодневна битка, Дине Кљусов и тројца негови бунтовници, Ване Попов од Неокази, Красто Торбанов од Сетина и Наидо од Добровени, извршиле самоубиство за да избегнат фаќање. Неговата смрт е опишана во драмата на Христо Настев „Како умира македонскиот четник“, претставена на 18. II. 1939 година во Македонскиот дом во Варна.
1960 Во Скопје умре Наум Наумовски – Борче, народен херој на Македонија. Роден е во Крушево, на 1 април 1920 година. Наум Наумовски е роден во Крушево. Завршил два класа гимназија во Прилеп, а потоа со семејството се преселиле во Белград, каде го довршил школувањето. По школувањето, се вработил во белградската фабрика за авиони „Рогожарски“. За народен херој бил прогласен на 29 ноември 1953 година. Во негова чест е именувана улица во општина Центар, како и средното училиште во Крушево.
1994 Вангел Коџоман македонски сликар. Се школувал во Охрид каде во 1923/24 година матурирал во Охридската гимназија. Од 1924 до 1928 година го завршил наставниот оддел на Уметничката школа во Белград. Името и ликовното дело на Вангел Коџоман е вградено во темелите на модерната уметност во Македонија. Тој е ликовен уметник и еден од малубројните кој во почетокот на триесеттите години на минатиот век, во историски неповолни услови, ја запозчнал својата творечка активност. Самостојно излагал во Струга, Скопје, Торонто, а учествувал и на повеќе групни изложби во земјата (од 1929 г.) и странство (Берлин 1977 г.). Извел (со Шулајковски и Дракулевски) мозаик во Југобанка – Скопје. Добитник е на Октомвриска награда за животно дело – 1969 г., наградата АВНОЈ – 1979 г. и др.
2010 Михаил Левенски е роден во с. Владимирово, Беровско на 10 ноември 1942 година. Завршил Медицински факултет во Скопје и специјализирал невропсихијатрија. Работи во Здравствениот дом на Скопје. Преку трибините, радиото, телевизијата и печатот, се докажа како неуморен хуманист и фанатичен поборник на вистината, правдата и човековото достоинство. На љубителите на пишаниот збор им ги подари книгите: Стрниште, Досилување, Макадам (раскази, 1987), Како да станам свој (студија, 1991), Магија (радио драма, 1994), Од утробата на гневот (раскази, 1995), Лош препис од оригиналот з. (поезија, 1996), Создавање на светот во мене (поезија, 1997), Истрели во сонот на Марија (телевизиска драма, 1998), Виделинки (мудрости, 1999), Кажи ми тато (поезија за деца, 2000). Починал на 28 септември 2010 година во Скопје. Ликот и делото на Михаил Левенски продолжува да живее преку фондација со неговото име на 70 годишнината од неговото раѓање.
Празници:
Меѓународен ден на Бошњаците – неработен ден за припадниците на заедницата
