домаБЕШЕБЕШЕ - 27 ОКТОМВРИ 2023 ГОДИНА

БЕШЕ – 27 ОКТОМВРИ 2023 ГОДИНА

27 октомври
Беше тоа на 27 Октомври 1947 кога во Лерин е извршена смртна пресуда врз 13 Македонци од селото Герман, Леринско, обвинети за соработка со партизаните.
Беше тоа на 27 Октомври 1993 Во Женева, Советот на претставниците на ГАТТ (Општ договор за трговија и царини) донесе одлука со која Република Македонија доби статус на посматрач
Беше тоа на 27 Октомври 1994 Фестивалот „Охридско лето“ е примен во Европската фестивалска унија.
Родени:
Беше тоа на 27 Октомври 1920 кога во Битола е роден Стефан Наумов – Стив, народен херој на Македонија. Потекнува од печалбарско семејство. По завршувањето на гимназијата во Битола, во 1938 година се запиша на Техничкиот факултет во Белград, каде што веднаш му пристапи на напредното работничко движење, поради што беше често затворан. По враќањето во Битола, во 1940 година беше избран за секретар на Месниот комитет на КПЈ за Битола. Во април 1942 година го формира Битолскиот НО партизански одред “Пелистер”. Загина (се самоуби) во борбата против бугарската фашистичка војска и полиција кај селото Болно, Ресенско, на 12 септември 1942 година.
Беше тоа на 27 Октомври 2001 кога загина Александар Серафимов припадник на ЕСЗ Тигар.Им подлегна на претходно задобиените рани тешко ранет во главата во с.Матејче.Граѓаните на Свети Николе му оддадоа почит на нивниот сограѓанин Александар Серафимов со откривање на негова спомен биста во центарот на градот.
Беше тоа на 27 Октомври 2009 кога почина Миле Попоски македонски писател, сценарист и преведувач. Попоски е роден во Прилеп на 20 октомври 1922 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје, а извесен период работел како средношколски професор и како уредник во РТВ Скопје. Член е на писателската асоцијација од 1965 година. Добитник е на највисоката награда на Југословенскиот фестивал за хумор и сатира во Будва, наградата „Војдан Чернордински“ во Прилеп и „Гран при“ за особен интерес во развојот македонската хумористично-сатирична литература на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“. Од 1960 година работел во НИП „Нова Македонија” како уредник на хумористичната страна на весникот. Работел и во Радио Скопје како уредник, а потоа, до своето пензионирање, како одговорен уредник на секторот за образование и наука во Телевизија Скопје. Добитник е и на наградата за животно дело на фестивалот Војдан Чернодрински за 2006 година. Починал во Скопје по кратко боледување на 27 октомври 2009 година. Најпознати се неговите комедии „Солунски патрдии“, „Викенд на мртовци“ и „Жени со искуство“. Автор е и на низа збирки со хумористични раскази меѓу кои се вбројуваат: „Маратонска битка“ и „Сите божји заповеди“.

Ден 18 април 2025

00:01:17