домаБЕШЕБЕШЕ - 27 НОЕМВРИ 2023 ГОДИНА

БЕШЕ – 27 НОЕМВРИ 2023 ГОДИНА

27 ноември

Беше тоа на 27 Ноември 1895 кога шведскиот фабрикант Алфред Нобел, пронаоѓач на динамитот, во Париз напиша своерачен тестамент со кој каматите од големиот имот ги остава за развој на науката, литературата и на борците за мир. „Наградите треба да се делат без оглед на националноста“, пишуваше во тестаментот, со кој се основа Нобеловата награда за најголеми достигнувања на човековиот ум.

Беше тоа на 27 Ноември 1897 во Виничката афера во затворите во Скопје затворени се 528 лица, од кои 208 измачувани, многу девојки и жени обесчестени и убиени, 10 приврзаници на ВМРО убиени.

Беше тоа на 27 Ноември 1901 Емануел Чучков македонски политичар, роден во Штип. Бил македонски политичар тој е и првиот штипски доктор по географски науки. Член на групата интелектуалци кои го сочинуваат Акциониот народноослободителен комитет (АНОК). Во април 1944 година станува член на проширениот состав на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Починал на 1 септември 1967 во Скопје.

Беше тоа на 27 Ноември 1912 првиот лет со авион од скопски аеродром. Тоа бил руски авион донесен во делови со воз од Москва и монтиран во Скопје. Со авионот допатувал и пилотот Агафонов.

Беше тоа на 27 Ноември 1934 изработен е генерален план за трасирање на каналската мрежа во Скопско поле.

Беше тоа на 27 Ноември 1941 Завршува судскиот процес против 15 уапсени комунисти што се одржува во Охрид. Од нив само 5 се осудени, меѓу кои Лазар Колишевски и Петре Пирузе на смрт со бесење.

Беше тоа на 27 Ноември 1946 Солунскиот партиски весник „Лаки Фони“ објави список на околу 100 лица од Леринско и од Воденско (претежно Македонци), кои беа интернирани на егејските острови.

Беше тоа на 27 Ноември 1960 Владо Јаневски македонски поп-пејач и композитор. Има издадено 6 студиски албуми со големи хитови како „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“, „Еден бакнеж“ итн. Учествувал на многу домашни и странски фестивали и е првиот официјален претставник на Република Македонија на Изборот за песна на Евровизија со „Не зори зоро“ во Бирмингем, 1998.

Беше тоа на 27 Ноември 1961 Авдија Пепиќ македонски економист и политичар. Од 1991 до 1994 година бил генерален секретар на бошњачката Странка на демократската акција на Македонија, а од 1994 до 1996 година и нејзин претседател. Од 2006 до 2008 година бил директор на Агенцијата за поддршка на претприемништвото, а од 2008 и пратеник во Собранието на Македонија.

Беше тоа на 27 Ноември 1993 Во Крањ, во Словенија, во Основното училиште „Франце Прешерн“ почна наставата на македонски јазик за македонски деца од предучилишна до средношколска возраст, државјани на Република Словенија.

Беше тоа на 27 Ноември 1995 Во Женева, на Генералното собрание на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Црвениот крст на Македонија е примен за рамноправен член на оваа асоцијација.

Беше тоа на 27 Ноември 1996 Во Скопје умре Димко Кепески, еден од основачите на Клиниката за ортопедски болести во Скопје. Роден е во Прилеп, на 14 септември 1918 година.

Беше тоа на 27 Ноември 1997 Во Брисел, со одобрение на Министерскиот совет на Унијата, беше одобрена Спогодбата за соработка и транспорт меѓу Европската унија и Република Македонија.

Беше тоа на 27 Ноември 2018 во Англија, во местото Кентбери, по кратко боледување, почина Горан Стефановски. Горан Стефановски е роден во Битола, на 27 април 1952 година, и е еден од наплодните драмски писател од современата македонска книжевност. Работел во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1986 година бил професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Со појавата на Стефановски современата македонска драма доживува голем успех, особено со неговите драми „Јане Задрогаз“, „ Диво месо “, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“.Автор е на телевизиските драми „Клинч“, „Сослушувањето на железничарот“ и на ТВ сериите „Тумба, тумба дивина“, „Бушавата азбука“. Добитник на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стеријина награда“, „Војдан Чернодрински“.

Ден 18 април 2025

00:01:17