домаБЕШЕБеше 27 јануари 2024

Беше 27 јануари 2024

27 јануари

Беше тоа на 27 Јануари 1936 кога е одржана е лицитацијата за градење на делница на државниот пат бр,1 Белград-Ниш-Скопје-Гевгелија.

На 27 Јануари 1949 во Скопје, во Македонскиот народен театар, е прикажана првата балетска претстава „Валпургиска ноќ“ од францускиот композитор Шарл Гуно. Кореограф беше Ѓорѓи Македонски, диригент Трајко Прокопиев, сценограф Василие Поповиќ Цицо, а нацртот на костимите беше на Милица Бабиќ – Јовановиќ.

Беше тоа на 27 Јануари 1954 кога е регистрирана најниската температура во Македонија. Во Берово тогаш се измерени минус 31,5 степени Целзиусови.

На 27 Јануари 1991 Собранието на Република Македонија со тајно изјаснување и со мнозинство гласови за претседател на Републиката го избра Киро Глигоров.Прв Претседател на самостојна Република Македонија.

Беше тоа на 27 Јануари 1993 кога во селото Бистрица, Битолско, умре Благоја Фотев, учесник на Првото заседание на АСНОМ, прв повереник за финансии, а потоа и за земјоделство во Владата на НР Македонија, а од 1947 до 1950 година претседател на Президиумот на Народното собрание на НР Македонија. Беше борец за идеите на ВМРО (обединета) и активен популаризатор и толкувач на идеите на движењето МАНАПО. Роден е во селото Герман, Леринско, на 14 август 1900 година.

На 27 Јануари 1995 Република Молдавија и Република Македонија воспоставиле дипломатски односи.

Беше тоа на 27 Јануари 1995 кога во Скопје умре Лилјана Белева, македонска писателка. Познати и се делата „Моето парче 27 јануари земја“, „Жолтата амфора“ и „Перниче од ружи“. Родена е во Заечар, на 23 март 1940 година.

На 27 Јануари 2005 генералното собрание на Обединетите Нации одлучи да им се оддава почит на жртвите на холокаустот на 27 јануари. Македонија преку изградбата на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија отворен во Скопје во 2011 година, на местото на некогашното Еврејско маало, создаде место за сеќавање на 7.148 убиени Евреи со потекло од Македонија за време на Холокаустот. Во знак на сеќавање на депортираните македонски Евреи, во март 2011 година во Скопје беше отворен Меморијалниот центар на жртвите на холокаустот, кој е еден од четирите такви во светот, покрај центите во Израел, Германија и во САД.

27 Јануари е Меѓународен ден на комеморација на жртвите на холокаустот.

Ден 18 април 2025

00:01:17