27 декември
На 27 Декември 1918 е роден Христо Брашнаров — македонски гинеколог, акушер и учесник во НОБ. Брашнаров е роден во Прилеп. Медицинскиот факултет го завршил во Белград во 1946 година. Работел во Битола и во Скопје во 1947, каде што во 1952 година специјализирал гинекологија и бил директор на Средното медицинско училиште. Примариус станал во 1966 година. Како гинеколог работел во Струмица, Прилеп и Скопје (1971–1981), каде што бил началник на Диспанзерот за жени во поликлиниката „Центар“.
Беше тоа на 27 Декември 1938 кога во Скопје за првпат е изведена драмата „Парите се отепувачка“ од драмскиот писател Ристо Крле.
На 27 Декември 1945 стапи во сила Договорот за основање Меѓународен монетарен фонд, усвоен на Монетарната и финансиската конференција на Обединетите нации, во јули 1944 година, во Бертон Вудс, со учество на претставници од 44 земји, а со задача да ја унапредува меѓународната трговија, да воспоставува и да одржува валутна стабилност во светот.
Беше тоа на 27 Декември 1946 кога е роден Трифун Костовски, познат македонски стопанственик, дарител и поранешен градоначалник на Град Скопје. Костовски дипломирал на Економскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Добитник на наградата „Климент Охридски“ за достигнувања во науката, уметноста, културата и хуманитарната дејност, Основач на Фондацијата “Трифун Костовски” во рамките на Македонската академија на науките и уметностите. Функцијата на фондацијата е финансирање на научни проекти, едиции, публакации и уметнички колекции од национален интерес. Ктитор на изградбата на Соборниот храм “Света Богородица”, заштитничката на Скопје. Сопственик на ракометниот клуб Кометал Ѓорче Петров кој во сезоната 2001/2002 ја освои титулата европски ракометен клупски шампион во женска конкуренција. Претседател и спонзор на фудбалскиот клуб “Работнички Кометал“. Финансиер и поддржувач на голем број невладини организации, болници и социјални установи, на хуманитарни и волонтерски активности, помош на инвалиди, финансиска поткрепа на социјални случаи, помош на болни за операции и лекувања. Спонзорирање на школување на млади музичари и уметници. Спонзорирање на светилишта на Македонската православна црква. Донирање во значајни акции и објекти во Скопје, како и во други градови во земјата
На 27 Декември 1971 во Скопје е отворена новата зграда на Народната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“
Беше тоа на 27 Декември 2006 кога македонската влада ги промени името на аеродромот, од „Аеродром Скопје“, во „Аеродром Александар Велики“.
