домаБЕШЕБеше 27 09 2023

Беше 27 09 2023

27 септември
Настани:
1822 Жан-Франсоа Шамполион објавил дека го дешифрирал Каменот од Розета.
1908 Во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“ под редакција на Димитар Влахов. Излегуваше двапати во неделата. Последниот број излезе на 5 јануари 1909 година. Овој е еден од најпрогресивните весници што се појавија по Младотурската револуција. Се застапуваше за доследно и крајно спроведување на револуцијата, за организирање на демократијата и револуционерните сили против реакцијата. Се бореше против политиката на Егзархијата во Македонија во Одринско
1993 Република Македонија е примена за член на Меѓународната агенција за атомска енергија.
1994 Република Македонија воспоставила дипломатски односи со Португалија и со Кралството Саудиска Арабија.
1994 Во Скопје е основано Македонско-кинеското друштво за пријателство и соработка.
1995 Република Македонија е примена во Советот на Европа како 38-ма членка.
2000 На врвот на планината Водно (место Крстовар) над Скопје, на православниот празник Крстовден, а по повод одбележувањето на 2000-годишината од Христовото раѓање е поставен камен-темелникот на МИЛЕНИУМСКИОТ КРСТ.
2001 Владата на Република Македонија донесе одлука, согласност за распоредување на силите на НАТО „Килибарна лисица“ на територијата на Република Македонија заради спроведување на мисијата за обезбедување дополнителен придонес за безбедноста на меѓународните посматрачи, што НАТО ќе ја извршува врз основа на барањето на Република Македонија.
Родени:
1920 Таки Хрисик македонски композитор и музички педагог. Музика учел кај австрискиот композитор и диригент А. Храше, а музичкото образование го дооформил по Ослободувањето во Скопје. Во СФРЈ постоеле неколку обиди за промена на химната Еј, Словени. Последен посериозен обид бил во 1973/74 година. Тогаш како најприфатлива била мелодијата од македонскиот композитор Таки Хрисик, која всушност била и одбрана како најдобра на анонимен конкурс. Хрисик бил автор на голем број на хорски дела, камерна музика, соло песни, оркестарски дела и околу 1500 мелографски записи на македонски и влашки песни. Неговата свечената песна за браќата Св. Кирил и Методиј е химна на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
1999 Елиф Елмас — македонски фудбалер од турска националност. Елмас е роден во Скопје. Израснал во скопската населба Бутел. Својата фудбалска кариера ја започнал во фудбалската школа Форца од каде потоа се преселил во Работнички каде станал професионален фудбалер. Во јули 2017, селекторот на турската репрезентација Фатих Терим се обидел да го наговори Елмас да игра за Турција, но тој одлучил да ја претставува Македонија.
Починале:
2018 Почина Благој Истатов македонската фудбалска легенда. Својата кариера ја започна во родната Струмица, есента 1962. година, во тогашната прочуена фудбалска школа на ФК Беласица. За екипата на Победа, Истатов настапи на 210 натпревари, се до 1973. година кога премина во белградски Партизан. Во три првенствени сезони колку што настапуваше во дресот на Партизан, Истатов одигра 106 натпревари за првиот тим. Од сезоната 1976. до 78. бранеше за холандски Утрехт. Како тренер работеше и во ФК Малеш, Дојранско езеро, Вардар, Касторија и во репрезентацијата на Македонија. Благој Истатов е добитник на многубројни признанија и награди. Во 2015. година, Фудбалската федерација на Македонија му додели признание за животно дело.
2021 Драган Поповски – Дада македонски вајар. Попоски е роден во 1933 година во Прилеп, завршил академија за ликовни уметности (1961) и постдипломски студии (1964) во Белград. Работел како професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Од 1965 година остварил повеќе самостојни изложби и учествувал на бројни групни претставувања во земјава и во странство. Автор е на повеќе монументални дела и е добитник на повеќе награди, меѓу кои во 1981 година највисоката републичка награда „11 Октомври“. Скулптурата Бескрајна вертикала од Драган Попоски-Дада, 1986 e во дворот на дирекцијата на Бундесбанка во Франкфурт на Мајна.
Празници:
Светски ден на туризмот

Ден 18 април 2025

00:01:17