домаБЕШЕБеше 26 февруари 2024

Беше 26 февруари 2024

26 февруари

Настани:

1944 во селото Жегљане била создадена Кумановската дивизија со спојување на три бригади, имајќи околу 5.500 борци.

1992 Република Босна и Херцеговина ја призна Република Македонија.

2001 Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата одлучи добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2001 година да биде Шејмас Хини, ирски писател.

2004 Македонскиот претседател Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинале при уривањето на авионот од типот „Кингер“ на 15-километри јужно од Мостар.

Родени:

1926 Во селото Врбени, Леринско, е родена Тимка Димкова, една меѓу храбрите жени-борци на народноослободителното движење на македонскиот народ во Егејска Македонија. Загина во борба против грчката владина војска на височината Вулгара, Котелско, на 5 април 1949 година.

1932 Во Штип е роден Спиро Прилепчански, долгогодишен новинар и уредник на неделниот енигматски забавник на “Нова Македонија”, доајен на енигматиката во Македонија, уредник и издавач на првото енигматско списание на македонски јазик, чиј прв број се појави во Штип, на 1 мај 1966 година. Умре во Скопје, на 7 март 1990 година

1948 Ѓорѓи Колозов македонски глумец. По дипломирањето, тој е во постојан работен однос со Македонскиот народен театар. Неговата популарност била резултат на неговото долгогодишно искуство и мошне популарната македонска ТВ-серија „Македонски народни приказни“ засновани на збирката народни преданија издадени во XIX век од собирачите на македонски народни умотворби како Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Ѓорѓи Пулевски и други. Настапил во повеќе играни филмови како во македонска продукција така и во продукција на Вардар Филм во периодот на поранешна СФРЈ, меѓу кои: „Македонскиот дел од пеколот“, “Нели ти реков”, “Истрел”, „Тетовирање„ и други.

1963 Милко Ѓуровски роден во Тетово. Бил фудбалер на ФК Црвена Звезда и Партизан од Белград. Играл за младинската и сениорската репрезентација на Југославија. Во составот на Олимписката репрезентација на Југославија, на Олимписките игри во Лос Анџелес (САД, 1984) освоил бронзен медал. По осамостојувањето од 1991 година настапил неколкупати и за Фудбалската репрезентација на Македонија.

Починале:

1916 Наум Туфекчиев македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на неколку македонски емигрански друштва и организации, учествувал во дејноста на Младата македонска книжевна дружина, Братскиот сојуз и Македонскиот комитет. Судбината на Туфекчиев не му била благонаклонета. Тој го загубил единствениот син Александар, а на 25 февруари 1916 година бил ликвидиран на една софиска улица од луѓе на ВМРО, а по наредба од Тодор Александров.

2004 Борис Трајковски дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1980 година, специјализирал деловно право и право на работни односи. До 1997 година е раководител на правната служба на градежното претпријатие „Слобода“ од Скопје, од 1997 до 1998 година е шеф на Кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода – Скопје, а од 21 декември 1998 година е заменик министер за надворешни работи на Република Македонија во влада предводена од Љубчо Георгиевски. За претседател на Република Македонија беше избран на претседателските избори во 1999 година. Во 2002 година, тој беше почесен витез на орденот на Свети Михаил и Свети орѓи од Х.М. кралицата Елизабета Втора. Трајковски почина на 26 февруари 2004 година во авионска несреќа на патот кон економска конференција во Мостар, Босна и Херцеговина. Авионот се урна во густа магла и пороен дожд на планината во југоисточна Херцеговина, во близина на селата Поплат и Врсник на околу осум милји (15 км) југо-југоисточно од Мостар. Осум други лица исто така беа во авионот, но никој не го преживеа ударот, што го сруши авионот на три парчиња. Повеќе од 47 светски делегации присуствувале на погребот. По неговата смрт неговото семејство го продолжува наследството преку Фондацијата Борис Трајковски.

2015 Јовица Јовановски роден е во Скопје. Како гитарист бил активен во повеќе ансамбли и жанрови, подоцна фокусирајќи се исклучиво на џезот. Неговите настапи претежно се врзани со вокалистката Марија Димитријевиќ, со која често настапувал во џез дуо формација. Во издание на Џез ФМ пак, снимки од негови живи настапи се наоѓаат на колажното издание “Dal Met Fu Sessions” каде покрај триото на Димитријевиќ и Јовановски (со Зоран Павлоски на контрабас), сместени се и снимки од бендовите на најдобрите македонски џез имиња (Тони Китановски, Дамир Имери, Георги Шарески и Оливер Дуев).

2016 Нико Нестор македонски пливачки маратонец, првиот Македонец кој го препливал Ла Манш. Тој бил член на ПВК “Охридски бранови“ од Охрид. Од 1948 до 1967 година учествувал на републичките првенства во пливање на кои освоил 14 први места и поставил наколку републички рекорди. Во периодот од 1954 до 1959 година се истакнал во пливање на долги патеки на Охридското Езеро. Во 1958 го препливал езерото од Св. Наум до Струга за 11 часа и 28 минути, а во 1959 година го препливал Ла Манш за 12 часа и 6 минути.

2018 Атанас Русоманов македонски шахист. Настапувал за повеќе познати македонски клубови, како што се Студент и Фонографика и со својата комбинаторнаигра и резултати постигнати на црно-белите полиња, посебно во 80-те години, оставил траен печат во македонскиот шах. Неговиот највисок шаховски рејтинг бил забележан во јули 1986 година кога изнесувал 2.325 бода, што всушност беило на ниво на шахист со титула ФИДЕ-мајстор.

Ден 18 април 2025

00:01:17