25 ноември.
Беше тоа на 25 Ноември 1855 година во селото Голозинци, Велешко роден е Антон Лазов Јанев Македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа во 1901 година на мисионерката Мис Стон, како и во Илинденското востание во 1903 г. Потоа бил војвода во Гевгелиско, инспектор на четите, делегат на првиот (редовен) конгрес на Серскиот револуционерен округ (1905) и доброволец во Македонско-одринското ополчение (1912–1913), по што живеел во Горна Џумаја. Секоја наредба на ВМРО ја извршувал без поговор. Таму каде што ќе загустеле работите на теренот, каде требало да се расчистат сметките со тие што му создавале проблеми на народот го испраќале Ќосето.
Беше тоа на 25 Ноември 1867 кога Алфред Нобел го патентирал динамитот. Патентните права му донеле големи приходи од кои и до денес се финансира наградниот фонд на Нобеловата награда.
Беше тоа на 25 Ноември 1920 За скопски митрополит е избран епископот Варнава, дојден од Црна Гора, а според кажувања на постари лица тој потекнува од нашиве краишта и како мало дете бил посинет во Црна Гора.
Беше тоа на 25 Ноември 1920 Во Скопје избувнал штрајк на 120 кројачки работници, кои барале осумчасовен работен ден и зголемување на платата за 10%. Штрајкот завршил со делумен успех.
Беше тоа на 25 Ноември 1925 во селото Долнени, Прилепско, роден е Пеце Атанасовски. Неговите први музички ангажмани започнале со националната радио станица. Тој бил професионално ангажиран во Радио Скопје од 1946 година и во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“ од Скопје, почнувајќи од 1950 година. Починал на 14 септември 1996 година, во Скопје. Долги години беше и раководител-кореограф на КУД Илинден.
Беше тоа на 25 Ноември 1935 Миле Неделкоски роден е во Прилеп, македонски поет, романописец, раскажувач и драмски писател. Бил уредник во издавачката куќа „Култура“. Член бил на ДПМ од 1963 година. Добитник е на наградите: „Браќа Миладиновци“, „Кочо Рацин“, „Рациново признание“. Починал на 21 јуни 2020 година во Скопје.
Беше тоа на 25 Ноември 1939 Во Самобор, Хрватска, во печатницата на Драгутин Шпулер, излезе од печат збирката песни „Бели мугри“ од македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин. Таа претставуваше стремеж за афирмација на македонската национална култура и на современата македонска поезија.
Беше тоа на 25 Ноември 1947 Наум Попески, новинар, писател, поет, преведувач, публицист и филолог, роден во Вевчани. Студирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Долгогодишен новинар и уредник на додатокот за деца „Колибри“ на „Нова Македонија“.Член на ДПМ од 2000 година. За своето долгогодишно – плодно поетско творештво за деца, добитник е на повеќе награди и признанија, како и Наградата Гран при и Награда за животно дело.
Беше тоа на 25 Ноември 1948 кога е роден Тодор Бојаџиев, македонски композитор. Своето композиторско деби го имал на фестивалот во Суботица, Младина ’72. Напишал музика за неколку театарски претстави. На полето на класичната музика создал десетина композиции, главно, во периодот 1997–2006 година. Во 2005 го издал авторскиот албум „Ѕвездени ноќи“, со 15 инструментални композиции содадени во изминатиот период. По кусо и тешко боледување Бојаџиев починал на 30 декември 2009 во Скопје.
Беше тоа на 25 Ноември 1964 кога е роден Павле Воскопулос — македонски политичар во Република Грција.
Беше тоа на 25 Ноември 1974 Умре У Тант, бурмански дипломат, трипати по ред генерален секретар на ООН (1962 до 1971). У Тант е прогласен за почесен граѓанин на Скопје. На 30 август 1970 година присаствувал и на прогласувањето на мостот Обединети нации, мост кој ја премостува реката Вардар и ги поврзува населбите Влае и Карпош 4. Сегашната форма мостот ја добил во средината на шеесеттите години од минатиот век, кога се градел булеварот Партизански одреди. Официјално мостот е пуштен во употреба во 1967 година.
Беше тоа на 25 Ноември 1990 ВМРО-ДПМНЕ победи на првите повеќепартиски избори во Македонија со 37 места во Парламентот. Сојузот на Комунистите на Македонија добива само 31 место.
Беше тоа на 25 Ноември 1993 Весникот “Нова Македонија”, освен со текст, присутен е и со фотографии во сите делови на Европа и светот. Со вклучувањето преку сателитска врска во фото-сервисот на ЕПА (Европска фото агенција), “Нова Македонија” визуелно ги покрива сите значајни дневни настани во светот.
Беше тоа на 25 Ноември 1995 Во Скопје умре Панчо Давчев, македонски академик, еден од основачите на Клиниката за гастроентерологија во Скопје. Роден е во Велес, на 15 јуни 1922 година.
Беше тоа на 25 Ноември 2018 умре Мите Грозданов.Веднаш по дипломирањето на Театарската академија во Белград на отсекот за глума во 1967 год се вработува во Драмскиот театар кој ќе остане негова матична сцена сѐ до пензионирањето во 2008 година. На самиот почеток да се вивне во уметничкте височини закитувајќи се со Златниот ловоров венец на престижниот сараевски фестивал МЕСС за насловната улога во Партитурата за еден Митрон. Помеѓу оваа претстава и Историската хроника, монодрама која тој ја одигра по повод официјалното заминување во пензија се врамени уште многу улоги, награди, монодрами, но и поетски збирки, приватниот театар Македонија, а на крајот секако не помалку значајно за неговата кариера и творечко кредо тука се подразбира и неговата боемштина која лично ја смета за составен дел на деликатната и тешка професија
25 Ноември е Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените
