домаБЕШЕБеше 25 февруари 2024

Беше 25 февруари 2024

25 февруари

Настани:

1930 во Кавадарци се одржал состанокот на Управниот одбор на пејачкото друштво „Братство“ за избор на Мис на Кавадарци. Се расправало за одржување на маскембал на 1 март истата година кога требало да се одржи и изборот на Мис на Кавадарци. Во записникот стои дека најубавата кавадарчанка добила на подарок комплет за ручек со 6 ножа, лажици и вилушки. Првата придружничка на Мис била наградена со шест филџани за чај а втортата придружничка како награда добила машина за мелење ореви.

1949 Со закон на Народното собрание на НР Македонија е основан Универзитетот во Скопје. Со одржувањето на првото Универзитетско собрание на 24.04.1949 година, е означено раѓањето на Универзитетот како највисока научна и образовна институција во Македонија. Во 1969 година, при одбележувањето на 20-годишнината од работата на Универзитетот, тој го доби името Универзитет „Кирил и Методиј“, а на 12.11.1992 година, со одлука на Универзитетскиот совет, Универзитетот „Кирил и Методиј“ пред името на словенските просветители го доби и епитетот свети, значи „Свети кирил и Методиј“.

1976 македонскиот фудбалски прволигаш Вардар, со резултат од 3-1 го совлада германскиот бундеслигаш Шалке 04, на пријателски натпревар одигран во Скопје.

1994 Во Брисел официјално започна да работи Амбасадата на Република Македонија.

1999 Народна Република Кина стави вето за продолжување на мандатот на УНПРЕДЕП уште шест месеци во Република Македонија. Од 1 март 1999 година УНПРЕДЕП ги прекина активностите во Република Македонија.

Родени:

1611 роден е славниот отомански патописец Евлија Челебија, чии патописи се особено значајни за историографијата на Македонија.

1888 Јордан Бадев е роден во Битола, тогаш во Отоманското Царство. Во 1906 година завршува Битолска машка гимназија. Студирал словенска филологија на Софискиот универзитет, а потоа учи во Лозана. Се враќа во Македонија и учителствува во Битола, Самоков и Софија. Во 1911 година Бадев ја поддржува иницијативата за создавање на легална политичка партија на Македонците – егзархисти во Отоманското Царство – проект кој пропаѓа поради зајакнувањето на политичките тензии и избувнувањето на Првата балканска војна. По Втората балканска војна во 1913 година се населува во Бугарија и станува учител во Софија. Еден од членовите-основачи на Македонскиот научен институт.

1923 Во Струмица е роден Александар Думов, доајен на Народниот театар во Струмица и еден од основоположниците на театарската култура во Македонија. Освен во театарот во Струмица, како артист и режисер, има работено и во театрите во Велес, во Битола и во Штип. Умре во Скопје, на 25 ноември 1989 година.

1930 Садик Садику е роден во тетовското село Пирок. Бил учител и наставник во основно училиште и во гимназија и референт за професионална ориентација во Заводот за вработување во Гостивар. Бил член на Извршниот одбор на Општинската конференција на ССРНМ, член на Претседателството на Општинскиот синдикален совет, претседател на Општинската конференција на СКМ во Гостивар, пратеник и претседател на Административната комисија на Собранието на СРМ и член на ЦК на СКМ на кој бил избран на Петтиот конгрес

1935 Родољуб Анастасов роден во Скопје. Во 1962 година дипломирал на Уметничката академија во Белград. Од 1963 до 1965 година бил на робија на Голи Оток. По враќањето во Скопје почнал да работи на полето на нефигуративната уметност. Од 1980 година до пензионирањето бил професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Во 2011 година, Анастасов на Музејот на Град Скопје му подарил колекција од вкупно 389 ликовни дела.

1944 во Велес роден е Боре Ангеловски актер, режисер, преведувач, сценограф, костимограф, театарски педагог, театарски теоретичар, бекетолог, основач и уметнички раководител на Младинско Драмско Студио – Велес, основач и уметнички раководител на Театар Чекори – Скопје, икона на драмскиот аматеризам и театарската алтернатива во Република Македонија и поранешна Југославија. Почина на 14 јуни 2009.

Починале:

1925 Во Свиленград, Бугарија, од ванчомихајловистите е убиен Георги Скрижовски (Георги Радев Иванов), македонски револуционер, учител и војвода и член на ВМРО. За време на Младотурската револуција беше еден од раководителите на НФП. Учесник е во Балканските војни и во Првата светска војна. Роден е во селото Скрижово, Драмско, во 1880 година.

1944 Кузман Јосифовски – Питу бил убиен под мошне неразјаснети околности. Претходно била опколена куќата во сегашната скопска населба Трнодол, каде што се наоѓал тој. Кузман успеал да се извлече, да побегне, но стигнал само некој километар подолу до денешна „Алумина“, каде што бил застрелан. За убиството на Кузман Јосифовски неговото семејство дознало дури после една година, кога на првиот митинг во ослободен Прилеп меѓу загинатите било прочитано и неговото име. Кузман бил член на Главниот штаб на ЦК КПМ и на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Роден е во Прилеп, на 23 јуни 1915 година.

Ден 18 април 2025

00:01:17