25 декември
Беше тоа на 25 Декември 1741 кога шведскиот физичар Андерс Целзиус ја создал скалата од 100 степени за мерење на температурата — Целзиусовата скала.
На 25 Декември 1854е роден Антон Лазов Јанев–Ќосето, македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа во 1901 година на мисионерката Мис Стон, како и во Илинденското востание во 1903 г. Починал на 10 октомври 1953г.
Беше тоа на 25 Декември 1877 кога во селото Мачуково, Гевгелиско, е роден Сава Михаилов – Савата, неуморен револуционер, организатор и доследен борец на македонското националноослободително движење кон крајот на 19. и почетокот на 20. vек. На 1 март 1905 година, во близина на Смол, на местото Голема Рудина, Гевгелиско, Михаилов го имал последниот оружен судир против турската војска. Откако му привршила муницијата, за да не падне жив во рацете на непријателот, се отрул.
На 25 Декември 1882 во Битола е родена Рајна Алексова е македонски фармацевт. Таа е прва жена фармацевт во Македонија и на Балканот. Работела во фамилијарната аптека лоцирана на „Широк сокак“ во Битола се до пензионирањето во 1944 година. По завршувањето на француската гимназија во Солун, таа со својот постар брат Ристо Алексов, кој бил трговец и воедно ја имал првата апотека во Битола, заминала со воз за Швајцарија каде во 1902 година се запишала на Фармацевскиот факултет во Лозана. Четири години потоа, дипломирала на 17 јули 1906 година, и станала првата Македонка дипломирана фармацевтка, воедно и прва жена фармацевтка на Балканот.
Беше тоа на 25 Декември 1903 кога во Софија излезе од печат книгата „За македонцките работи“ од македонскиот револуционер, публицист и јазичар Крсте Петков Мисирков. Во неа Мисирков ја истакнува и ја заштитува националната индивидуалност на македонскиот народ и неговото право на самостоен културен и национален развој. На едно место во книгата пишува: „Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и несловенски народи, си имаат сопствена национална историја и култура“.
На 25 Декември 1920 во Скопје е роден Јован Бошковски, македонски писател, книжевен и филмски критичар, преведувач и сценарист. Неговата збирка “Растрел” (1947) е прва македонска книга раскази. Други негови познати дела се: “Бегалци”, “Блокада”, “Луѓе и птици”, “Солунските атентатори”, и други. Автор е на сценаријата за филмовите “Солунските атентатори” и “Под исто небо”, а се појавува и како соработник на сценаријата за филмовите “Мементо”, и “Републиката во пламен”.
Беше тоа на 25 Декември 1923 кога во Битола е родена Естреја Овадија – Мара, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Основно и средно образование завршила во родниот град. Била истакнат припадник на македонското националноослободително движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонијa. Кога била формирана Третата македонска народноослободителна ударна бригада н а 26 февруари 1944 г. била поставена за политички комесар на чета. Во август 1944 г. била поставена за политички комесар на баталјон во Седмата македонска ударна бригада. Загинала во борба со бугарските војници од пограничната караула на Кајмакчалан на 26 август 1944 г. За народен херој била прогласена на 11 октомври 1953 г.
Беше тоа на 25 Декември 1943 Во Кавадарци е роден Зафир Хаџиманов – актер, поет, музички композитор и пејач. Поетски книги: „Шансони на хартија“, „Азил“, „Народен пејач“, „Пес-Пејачка“ и „Брат“, објавени на македонски и на српски јазик. Играл главна улога во култниот македонски филм „Македонска крвава свадба“. Од бројните песни што ги испеал, најпознати се: „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, Од љубов не се бега“ итн. Во 2007 година, Зафир Хаџиманов бил промовиран во почесен амбасадор на културата на Република Македонија во Република Србија.
Беше тоа на 25 Декември 1952 кога е роден Павле Трајанов македонски политичар Павле Трајанов е член на Светската академија на науките за комплексна безбедност, пишувал колумни во „Дневник“, дал над 280 интервјуа, учествувал во повеќе дебати. Од 1998 до 1999 година бил министер за внатрешни работи. Претседател е на партијата Демократски сојуз. Бил пратеник во Собранието на Македонија во периодот 2006 до 2016 г. Од 2017 година во Владата на Република Македонија е именуван за Национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Македонија.
Беше тоа на 25 Декември 1991 кога во Штип, во издание на Културно-просветната зедница на Штип, излезе првиот број на весникот „Опсерватор“.
Беше тоа на 25 Декември 1993 кога е роден Столе Димитриевски, голман на Рајо Валјекано и на македонската фудбалска репрезентација. Откако ја започнал кариерата во Работнички во 2010 година, тој го поминал најголемиот дел од својата кариера во Шпанија. Димитриевски има 50 настапи за македонската репрезентација, за која дебитирал во 2015 година. Во 2021 година ја претставувал Македонија на Европското првенство 2020.
Беше тоа на 25 Декември Божиќ, денот на Христовото раѓање, го прославуваат сите цркви со католичка, протестантска и православна вероисповед кои го користат грегоријанскиот календар. Празник во многу земји во светот.
