25 септември
Настани:
1689 Австриските војски го зазеле Скопје и неговата околина, по што го запалиле Скопје, наводно поради епидемија од колера.
1903 На врвовите Гандач и Гола Чука, на Пајак Планина, четите на македонските војводи Апостол Пeтков и И. Карасулијата водеа жестока борба против турската војска, нанесувајќи и загуби од 180 загинати, а тие самите дадоа само една жртва.
1946 Во Скопје е основано Работничко културно-уметничкото друштво „Кочо Рацин“. Друштвото го формирал Месниот синдикален совет на Скопје, со цел да ги обедини работниците и службениците заради развивање на културно-просветната дејност.
1960 Во Охрид почна снимањето на „Мирно лето“, прв долгометражен филм во режија на македонски автор, режисерот Димитрие Османли, а во продукција на „Вардар филм“. „Мирно лето“ истовремено е и првата и долго време единствена филмска комедија во Македонија
1999 Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија“ излегол првиот број
на весникот „Скок“.
2000 Во Скопје, првпат од отворањето на Центарот за трансплантација при Клиниката за хематологија, се изведени првите две пресадувања на коскена срцевина во Република Македонија.
Родени:
Радован Перчинковски (Башино Село – 4 јануари 1996, Скопје) интернист-кардиолог, редовен професор и основоположник на Клиниката за кардиологија во Скопје. Во 1956 година бил избран за универзитетски предавач по предметот „Интерна медицина“, а во 1970 година бил избран за редовен професор по Интерна медицина. Бил декан на Медицинскиот факултет во Скопје во периодот од 1974 до 1976 година, ја организиарл Клиниката за кардиологија и бил избран за нејзин прв директор во 1975 година, а придонел и за организацијата на Центарот за рехабилитација на кардиоваскуларни болести во Охрид. Извршувал бројни функции, бил член на повеќе организации, меѓу кои Централниот одбор на Црвениот крст на Југославија, претседател на Комисијата за борба против алкохолизмот, претседател на Здружението на кардиолози на Југославија, и друго. Објавил бројни научни и стручни трудови, а за своите залагања добил награди и признанија, меѓу кои: Орден на трудот со златен венец, почесна повелба и почесна плакета во злато на Баварскиот црвен крст, повелбата „Д-р Трифун Пановски“ и други.
1946 Бона Бајрактарова (моминско: Лазарова; Ново Село) македонски стоматолог, специјалист по детска и превентивна стоматологија и универзитетски професор на Стоматолошкиот факултет во Скопје. За својата севкупна дејност проф. д-р Бона Бајрактарова била повеќе пати наградувана. Добитник е на благодарница и значка од Црвениот крст на Македонија (1985), диплома (1986) и плакета (1993) од Македонското лекарско друштво, повелба од Стоматолошкиот факултет по повод одбележувањето на 30-годишнината (1989), 40-годишнината (2000) и 50-годишнината (2009) од неговото формирање. Проф. д-р Бајрактарова е добитник и на државната награда “Климент Охридски”, како општествено признание за особени остварувања во здравството од интерес на Република Македонија. Биографијата на проф.
1949 Дончо Методиев Донев македонски лекар, специјалист по социјална медицина, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје. Медицинските студии ги завршил во Скопје (1973), специјалистички испит по социјална медицина (1981) и докторирал на Медицинскиот факултет во Скопје (1993). Бил на усовршување во Атланта, САД (1993-1994, Хјуберт Хамфри програма), а потоа ја основал Македонско-американската алумни асоцијација во Скопје (2000). Основач е на Катедрата за социјална медицина (1994) и на Институтот за социјална медицина (1997). Од 2005 година бил именуван за национален соработник на СЗО за превенција и контрола на незаразните болести. Објавил 140 стручно-научни трудови и соработувал во 15 домашни и меѓународни стручни публикации.
1955 Соња Каранџуловска (р. Прилеп) македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Во 1971 година дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во првата генерација дипломирани глумци во класата на проф. Илија Милчин. Целиот свој работен век го минува во Македонскиот народен театар во Скопје.
1974 Нинослав Марина (Скопје), ректор на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле од Охрид. Професор Марина држел предавања на дваесет универзитети низ светот, вклучувајќи ги САД, Јапонија, Велика Британија, Израел, Русија, Бразил, Хонгконг, Норвешка, Финска, Португалија и Чешка. Марина бил ангажиран како експерт за евалуација и рецензент во рамките на 6-тата и 7-мата рамковна програма на Европската комисија. Марина е член на „Институтот за електро и електронички инженери“ (Institute of Electrical and Electronics Engineers – IEEE), и е еден од соосновачите на „Македонската секција на Друштвото за теорија на информации“ при Институтот за електро и електротехнички инженери.
Починале:
1943 Во Тирана умре Нико Нестор, еден од најголемите раководители и борец на народноослободителното движење во Струга и Струшко.
1976 Никола Бадев македонски пејач на народни песни, како и собирач на народни песни, роден на 8 август 1918, во кавадаречкото село Глишиќ, во земјоделско семејство. Во младоста, Бадев многу го сакал спортот особено фудбалот, а играл и во фудбалскиот клуб „Југославија како десно крило. Во 1948 година, Бадев го освоил првото место на Фолклорниот фестивал во Скопје, оставајќи голем впечаток кај етномузикологот Васил Хаџиманов по чија препорака во 1950 година ја започнал професионалната кариера како пејач и инструменталист на тамбура. Во текот на кариерата Бадев многупати ја обиколувал Македонија, а одржал и бројни концерти ширум светот. Ги испеал нашите најлирски песни, издал стотина плочи, неколку пати ја обиколил земјата и светот. За потребите на Радио Скопје, Бадев снимил над 500 песни, меѓу кои најпознати се: „Збогум, мајко, јас отидов“, „Ој, Јано, Јано“, „Параходот ми пристигна“, „Тешка беше нашата разделба“, „Билјана платно белеше“, „До три ми пушки пукнаа“, „Ферман дојде џанам од Стамбола“ итн.
1998 Во Скопје умре д-р Ангел Симов, редовен професор на Фармацевтскиот факултет во Скопје и еден од основачите на овој Факултет. Роден е во 1934 година.
2006 Петре М. Андреевски роден на 25 јуни 1934 во Слоештица, Демирхисарско, македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор. На 9 октомври 2007 Претседателот на Република Македонија – Бранко Црвенковски, постхумно му доделил Орден за заслуги за Македонија, за исклучителниот придонес во развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и националната самобитност.
