24 октомври
На 24 Октомври 1909 кога во Охрид е роден Никола Јонков Вапцаров (Банско, Пиринскиот дел на Македонија, македонски поет и револуционер. Релативно млад започнува да се пројавува како литерат. Во 1938 година, заедно со Антон Попов и Михаил Сматракалев (Ангел Жаров) во Софија го основаат Македонскиот литературен кружок. Почина на 23 јули 1942.
Беше тоа на 24 Октомври 1912 кога со победата на Првата српска армија под команда на Александар Караѓорѓевиќ над турската Вардарска армија, заврши дводневната Кумановска битка, клучна во Првата балканска војна.
1945 Стапи во сила Повелбата на Организацијата на обединетите нации, која заедно со Статутот на Меѓународниот суд, претставува темелен документ за устројството и дејствувањето на оваа светска организација. Тој ден се одбележува како „Ден на ООН“.
Беше тоа на 24 Октомври 1920 кога во Охрид е роден Димче Протуѓер, македонски сликар и графичар, еден од основоположниците на македонското сликарство по ослободувањето и еден од основачите на ликовната група „Денес“. Работеше пејзажи, мртви природи, дрворези, таписерии, илустрации за книги и друго. Умре на 30 март 1995 година.
На 24 Октомври 1932 во Скопје е роден Воислав (Војче) Синадиновски, македонски спортист, ракометар, гимнастичар, кошаркар, еден од пионерите на современата одбојка во Македонија. Умре во Скопје, во 2000 година.
Беше тоа на 24 Октомври 1945 кога стапи во сила Повелбата на Организацијата на обединетите нации, која заедно со Статутот на Меѓународниот суд, претставува темелен документ за устројството и дејствувањето на оваа светска организација. Тој ден се одбележува како „Ден на ООН“.
Беше тоа на 24 Октомври 1947 кога во Прилеп е роден Марин Бабиќ- македонски глумец. Повозрасните генерации сé уште со носталгија се сеќаваат на неговата култна Ноќна програма на Радио Скопје. Радио кариерата ја заокружи со популарната радио-емисија за готвење во некогашниот радио Равел. Бабиќ бил идеен творец на култната манифестација „Глумците пеат“ и на поетскиот серијал „Бебули“, каде ги имаше неговите маестрални интерпретации на современата македонска и странска поезија. Во 2023 година во негова чест повторно се враќа манифестацијата “Глумците пеат”, кои ја организираа неговите ќерки Маја и Ира Бабиќ.
На 24 Октомври 1960 Љубе Бошкоски — македонски политичар. Бошкоски дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1985 година. По дипломирањето работел како приправник во суд, а потоа како правник на Фондот за здравствено осигурување во Ровињ — Хрватска. По Парламентарните избори во 1998 година и победата на ВМРО-ДПМНЕ, Бошкоски бил именуван за заменик на директорот на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање (ДБК) во Министерството за внатрешни работи на Македонија. На 31 јануари 2001 година, бил именуван за државен секретар во МВР. За време на Вооружен конфликт од 2001, на 13 мај 2001 година бил назначен за Министер за внатрешни работи на Македонија во широката владина коалиција. По Парламентарните избори на 15 септември 2002 година, бил разрешен од функцијата Министер и станал пратеник во Собранието на Република Македонија. Бошкоски е автор на делото Мојата борба за Македонија.
Беше тоа на 24 Октомври 2020 кога почина Амди Бајрам- македонски политичар и претседател на политичката партија Сојуз на Ромите од Македонија (СРМ) роден во Скопје и има завршено средно трговско училиште, а извесно време бил генерален директор на текстилното претпријатие „Шутекс“. Бајрам во 1994 станал пратеник во Собранието на Република Македонија како член на Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), но до крајот на мандатот работел како независен пратеник. Во периодот 1998–2002 ја поддржувал владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Љубчо Георгиевски. На локалните избори во 2005, додека пресудата уште не била правосилна, се кандидирал за градоначалник на Шуто Оризари. Иако победил, бил градоначалник нецел месец, бидејќи бил однесен на издржување затворска казна во затворот во Штип. По напуштање на затворот повторно влегол во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Никола Груевски. Бајрам ја прекинал коалиција со ВМРО-ДПМНЕ откако партијата заминала во опозиција по парламентарните избори во 2016 и изразил желба да премине во парламентарното мнозинство предводено од СДСМ на премиерот Зоран Заев. Починал на 64-годишна возраст како последица на срцеви проблеми.
24 Октомври е Ден на ООН
