домаБЕШЕБеше 24 февруари 2024

Беше 24 февруари 2024

24 февруари

Настани:

1582 Воведен е грегоријанскиот календар.

1946 Во Скопје, на иницијатива на македонските уметници Никола Мартиновски, Лазар Личеноски, Димо Тодоровски, Здравко Блажевиќ, Борко Лазески и на други е формирано Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ).

1969 во Скопје се одржа Светското првенство во хокеј на мраз. Во нашиот главен град се играа натпреварите од Ц групата. На турнирот учествуваа селекцијата на Јапонија, Швајцарија, Унгарија, Холандија, Бугарија и Данска. За потребите на првенството почна изградбата на лизгалиштето под Кале. Со тоа почна и раѓањето на квалитетниот македонски хокеј, кој имаше свое златно доба во следните две децении, со кулминација во средината на 80-тите години.

2003 Поради штрајк на вработените во НИП „Нова Македонија“ не излегуваа весниците „Нова Македонија“, „Вечер“ и „Бирлик“. Весниците почнаа да излегуваат на 5 март 2003 година.

Родени:

1939 роден е Дики Бојаџи-маратонско пливање, има освоено многу републички трофеи, медаљи и награди. Во 1956 прво место на трката Горица-Охрид. Во 1960 во Италија на трката Капри-Неапал, прво место, што преставуваше чудо-сензација во пливачкиот спорт, на истиот турнир во 1961-3 место, во 1963 -4 место, во 1966 -4 место и многу други 2,3 и 4 места на многу меѓународни турнири во Сад, Канада и други. Добитник на многу државни признанијаа и награди.

1967 Љупчо Марковски македонски фудбалер. Тој го имал своето деби за сениорската репрезентација на Македонија на пријателскиот натпревар во октомври 1993 година на гостувањето против Словенија, кој беше прв службен натпревар за неговата земја во историјата, и има стекнато вкупно 30 натпревари. Неговиот последен меѓународен натпревар бил пријателскиот натпревар во јуни 1998 година против Босна и Херцеговина

1992 Стефан Ашковски македонски фудбалер, роден во Скопје. Играл за младинските екипи на Металург и Вардар. Во 2010 преминал во екипата на Телеоптик во Србија. За тој тим настапил на 57 натпревари. Во 2012 година преминал во екипата на Партизан од Белград. Во 2016 година настапувајќи за екипата на Кајсери од Турција, настапил на 12 натпревари. Од 2016 до 2018 година играл во Холандија за екипата на Фортуна Ситарт, настапил на 49 натпревари. Во сезоната 2018/2019 година настапувал во екипата на Славија Софија во Бугарија, и забележал 16 настапи. Од 2019 до 2021 година играл во Романија во екипата на Ботошани, забележувајќи 56 настапи. Во сезоната 2021/2022 настапувал за екипата на Шепши ОШК во Романија, при тоа забележал 37 настапи. Во 2022 преминал во екипата на Ламиа во Грција и досега настапил на 15 средби.

1995 Игор Алексовски македонски фудбалер. Го направил своето деби на 4 август 2013 година на 18-годишна возраст, играјќи го целиот натпревар за Македонија Ѓорче Петров 1932 против Вардар во првото коло од Првата фудбалска лига на Македонија 2013/2014. Таа сезона, тој продолжил да одигра 31 натпревар. Од 2012 година, Алексовски е редовен во повеќето младински репрезентации на Македонија. Тој го имал своето деби за фудбалската репрезентација на Македонија на 22 октомври 2022 година на пријателски натпревар против Саудиска Арабија.

Починале:

1952 Во Торино, Италија умре Христо Татарчев, еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација во Солун од 1893 година. Беше претседател од нејзиното основање, па се до 1901 година. Роден е во Ресен, на 16 декември 1869 година.

1976 Во Охрид умре Димитар Митрев, македонски литературен критичар и есеист, публицист, академик, професор на Филолошкиот факултет во Скопје. Негови познати дела се “Пиринска Македонија во борба за национално ослободување”, “Вапцаров”, “Критики и огледи”. Роден е во Деде Агач, на 4 октомври 1919 година.

2006 Во Скопје на 70-годишна возраст почина спикерот Томе Саздов, еден од дојаените на спикерската професија. Слушателите го паметат по препознатливиот глас со кој 40 години непрекинато помина пред микрофоните на Радио Скопје. Саздов беше и еден од првите водители на многу манифестации на македонската естрада, а се занимаваше и со проучување на говорот и правоговорот на Македонското радио.

2013 почина писателот Петар Костов. Беше член на ДПМ од 1971 година. Роден е во Битола во 1928 година. Работел во Македонската радио-телевизија. Зад себе има богат прозен и драмски опус. Автор е на книгите „Бог да го прости Чарли“, „Пак кукуригаат црвените петли“, „Кулата“, „Црвен дожд“, „За виното, водата и Анѓелија“ и други.

2014 почина познатиот македонски фоторепортер Чедомир Ненковиќ. Професионално се занимава со фотографија од 1980 година кога почнал да работи како фото-дописник за загрепски „Вјесник“, а подоцна работел во македонските дневни весници „Вечер“, „Дневник“ и во неделниците „Пулс“ и „Дневник 7“. Соработувал и со странските новински агенции Танјуг, Ројтерс, Асосиед прес и ЕПА. Дипломираниот историчар на уметност за својата фоторепортерска работа има добиено награди меѓу кои Гран при на Годишната изложба на Здружението на фоторепортерите на Македонија во 2002 година и награда од ОН за серија фотографии од косовската бегалска криза во 1999 година. Роден 1958 година во Битола.

2022 Луан Старова македонски писател роден на 14 август 1941 година во Поградец, Албанија, а од 1943 година семејството се преселило во Струга, во Тетово и од 1945 година во Скопје. За време на студиите работел како новинар, и како главен и одговорен уредник на весникот „Млад борец“. По дипломирањето, во 1967 година, се вработил во Радио Скопје како новинар, а наредната година станал главен и одговорен уредник на емисиите на албански јазик на Телевизија Скопје. Во 1979 година бил избран за потпретседател на Републичката комисија за културни врски со странство, бил прв главен и одговорен уредник на македонското издание на Гласникот на УНЕСКО, и член на редакцијата на меѓународното списание „Балкан – Форум“. Во 1985 година бил избран за вонреден и ополномоштен амбасадор на СФРЈ во Тунис. Во 1994 бил именуван за прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Франција, прв постојан претставник во УНЕСКО и нерезидентен амбасадор во Шпанија и Португалија. Редовен член е на МАНУ од 2003 година. Луан Старова е автор на над 200 библиографски единици на разни стручни и научни трудови во земјата и во странство, како и на преводи на дела од Жан-Пол Сартр, Ѓерѓ Лукач, Исмаил Кадаре и други. Автор е на книгата „Француски книжевни идеи на XX век“, како и на „Балканска сага“, составена од 17 романи.

Ден 18 април 2025

00:01:17