23 септември
Настани:
1903 Над селото Цапари, на Пелистер се водела последната востаничка битка (Пелистерска битка) во битолско во времето на Илинденското востание. Во борбата против османлиската војска загинале 48 востаници.
1923 Под раководство на Комунистичката партија на Бугарија е кренато масовно антифашистичко востание во Бугарија и во Принска Македонија, познато во историјата како Септемвриско востание. Востанието беше резултат на изострената револуционерна криза во земјата и претставуваше отворен судир на бугарската реакција со работничката класа и потчинетиот народ во Пиринска Македонија.
1957 Грција го отфрли барањето на Букурешт Романија да се приклучи на Балканскиот сојуз, во кој со договорите склучени во 1953 во Анкара и во 1954 година на Блед влегоа Југославија, Грција и Турција
2011 Пијанистот Симон Трпчески е прогласен за прв „Национален уметник на Македонија“.
Родени:
1885 Иван Илиев Танев-Ајдински Ново Село (Струмичко) македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација и политичар во Бугарија. Учествува на првата балканска социалдемократска конференција 1909 година во Белград. Од 1913 година живее во Струмица, каде што работел како адвокат. Со доаѓањето на српската власт бил прогонет во Бугарија во 1919 година. Во Бугарија живее во Горна Џумаја. Бил главен организатор на БКП во овој реон и член на нејзиното раководство (1920-1923). Учествува во организирањето на Септемвриското востание, но поради тешко заболување не можел да се приклучи кон Горноџумајскиот востанички одред, што отишол како подкрепа на востаниците во Дупница. Од 23.09.1923 е под домашен притвор сѐ до 9 октомври 1923. Преку ноќта неизвесни лица (најверојатно терористи на ВМРО (Автономистичка) под раководство на Тодор Александров ја разоружуваале стражата, навлегле во куќата и го убиле Ајдински пред неговиот дом.
1914 Јован Трифуноски, македонски антрополог, роден во гостиварското село Вруток. Трифуноски е автор на многу дела. Има напишано книги како: Качаничка клисура, Горна Пчиња, Скопска котлина (6 книги), Кичевска Котлина, Кривопаланечка област, Горна Пчиња, Врањска котлина (2 книги), Скопска Црна Гора, Кумановска област, Струмички крај, Овчеполска долина, Областа на Бабуна и Тополка, Пиринскиот дел на Македонија и др.
1928 Томе Арсовски македонски поет. Завршил Филолошки факултет во Скопје, на насоката по славистика (руски јазик и литература). Работел над 30 години како драматург во Македонската радио-телевизија. Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија, каде членувал од 1959 година. Во еден мандат бил и претседател на Македонската писателска асоцијација. Арсовски е најпознат како драмски писател автор на повеќе од 20 драми.
Починале:
1904 кај с. Слатина Кичевско загинал Ѓурчин Наумов Пљакот. Роден е во с. Сланско, село во близина на Македонски Брод, во 1851. Еден од најстарите дејци во Револуционерната организација и борец против беговско-османското ропство. Во март 1901 заедно со Јордан Пиперката е вклучен во четата на војводата Никола Петров Русински, а потоа и во четата на Веле Марков. На 23 јули 1902 учествува во борбата кај селото Ракитница во која загинува војводата Веле Марков, заедно со шест негови четници, додека Ѓурчин Наумов и уште тројца четници успеале да ја пробијат турската заседа. На 30 јуни 1902 Окружниот комитет во Битола го назначи за крушевски војвода. За време на Илинденското востание, при ослободувањето на Крушево, Ѓурчин Наумов како стар и искусен војвода играл значајна улога во правењето на планот за борбата. Храбро загинал во борба со многуброен турски аскер кај с. Слатина, Кичевско.
1923 Георги Казепов роден во село Калиманци, Мелничко, со името Георги Ангелов Стојанов. Завршил педагошко училиште во Сер во 1900 г., кога и станал член на ТМОРО. Учествувал во Балканските војни, а после тоа станал книжар во Мелник. Во 1921 се преселил во Софија, а од 1922 година пак се вратил во Марикостиново. Бил убиен на 23 септември 1923 од страна на ВМРО (Автономистичка).
1984 Во Струга почина Владо Малески, македонски револуционер, општествено-политички. Тој е еден од најталентираните основоположници на младата македонска проза. Автор е на книгите раскази „Ѓурѓина алова“, „Бранувања“ и „Кажувања“, на романите „Она што беше небо“, „Војната, луѓе“, војната“, „Разбој“, „Записи на Езерко Дримски“ и „Јазли“. Автор е на сценариото за првиот македонски филм „Фросина“. Роден е во Струга, на 5 септември 1919 година.
2013 Почина Душан Љубисављевиќ, од популарното дуо „Дуле и Коки“. Штипјаните Дуле и Коки (Никола Јанков) пред дваесеттина години како студенти формираа дуо со кое на македонската забавна сцена донесоа многу песни меѓу кои и нивниот хит „Виолина и гитара“ со кој победија на Макфест 1997.
