22 ноември
Беше тоа на 22 Ноември 1908 кога во Битола е усвоена албанската азбука.
На 22 Ноември 1942 во с. Подмочани, Преспа, предаден од домашните слуги, после тешко мачење, пред насила собрани селани, беше стрелан првоборецот Косте Кусаковски, од италијаните.
Беше тоа на 22 Ноември 1977 кога е родена Ана Стојаноска (родена е воПрилеп) македонска писателка, есеистка и професорка. Од март 2002 г. работи како хонорарен соработник – истражувач во Институтот за театрологија, при Факултетот за драмски уметности – Скопје. Пишувала и рецензии за театарски претстави во дневниот весник „Дневник Архивирано на 2 јули 2017 г.“ (2004г.). Приредувач на книгата “Драми” од Дејан Дуковски, Скопје: ПроАртс (2002). Еден од авторите на Поимникот на книжевна теорија, Скопје: МАНУ Архивирано на 31 март 2014 г. (2007). Автор на монодрамата Стаклен лампион, праизведена Театра, 16 јуни 2013 г. Автор е на книгата “Македонски постмодерен театар Архивирано на 16 март 2014 г.”, Скопје, ФДУ, (2006). Иницијатор, координатор и еден од главните уредници на списанието „Ars Academica“. Соработувала во многу научно-истражувачки проекти од областа на театрологијата.
На 22 Ноември 1994 Во Скопје е формирано Друштвото за македонско-украинско пријателство и соработка
