домаБЕШЕБеше 22 февруари 2024

Беше 22 февруари 2024

22 февруари

Настани:

1994 Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Кралството Белгија. Во Брисел, со размена на дипломатски документи, Кралството Белгија воспостави дипломатски односи со Република Македонија.

Родени:

1874 роден е Васил Чакаларов во с. Смрдеж Костурско, македонски револуционер, војвода, учесник во Илинденското востание. Бил близок соработник и пријател со Гоце Делчев. Од 2 до 7 мај 1903 година, Васил Чакаларов и Пандо Кљашев учествуваат на Смилевскиот конгрес на кој е ставен крај на дилемата дали да се крене востание или не. Како член на Костурското горско начелство, Васил Чакаларов се залага за кревање на востание против османлиите. Со своите 700 востаници учествува во Илинденското Востание. Во Втора балканска војна Васил Чекаларов и Иван Попов повторно организираат голема чета, која навлезе и ја нападна во тилот грчката армија. Во борба со грчките војници на 20 јули 1913 година во месноста „Лакото“ (близина на Бел камен) на планината Вичо, Чакаларов бил убиен, а неговата глава отсечена. Отсечената глава била однесена во Лерин и преставена на народот со повикот: „Нема Чакаларов, нема Македонија.“ Под притисок на српски офицер, главата на еден од најголемите македонски легенди на Улинденското востание Васил Чакаларов му била дадена на епитропот на црквата „Св. Пантелјмон“ кој ја погребал на гробишта.

1878 Во Охрид е роден Христо Узунов, еден од плејадата големи македонски револуционери. Поради својата револуционерна дејност беше затворан од страна на османлиската власт. За време на Илинденското востание учествуваше во востаничките акции. И по задушувањето на востанието ја продолжи борбата за слобода се до неговата смрт кога со 11 соборци, за да не им се предадат живи на османлиите се самоубија, на 14 април 1905 година.

Починале:

1907 Митре Панџаров – Влаот (1873 – 1907) македонски револуционер, член и војвода на Македонската Револуцонерна Организација. Со појавата на комитските чети, влегува во нивните редови, прво како обичен борец, а потоа станува војвода на чета, од реонски до окружен. Учесник е во Илинденското востание, а потоа води борба против грчките андартски чети во Костурскиот регион. Во април 1904 година, со Георги Попхристов формирале нова чета, која набрзо се зголемила, а Битолскиот окружен комитет го назначил за околиски војвода на реонот Костенаријата. На 22 август 1907 година, многуброен турски аскер на чело со предавникот Христо, се упатиле кон селото со цел да го фатат војводата жив или мртов. Откако тројцата негови соборци биле тешко ранети, Митре ги убива, а потоа се самоубива. На 13 март 1907 година, костурската чета влегла во селото Жупаништа и ги казнила со смрт предавниците кои го предале војводата.

1988 Во Скопје умре Петар Богданов – Кочко, македонски композитор, оперски пејач (тенор) и организатор на музичкиот живот во Македонија. Учесник е во НОВ на Македонија, еден од основачите на Операта на Македонскиот народен театар и на првото музичко училиште, прв претседател на Друштвото на музичарите на Македонија. Како пејач остави низа значајни улоги. Роден е во Скопје, на 12 март 1913 година.

1998 Во Скопје умрел Димитар Ќостаров, еден од доајените на македонската театарска уметност. Роден бил во Ичера, Сливенско, Бугарија, на 25 август 1912 година.

2022 Радован Павловски македонски поет. Павловски потекнува од гостиварското село Железна Река. Студирал право и литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Живеел и творел во Загреб, Хрватска (1964-1982), во Белград, Србија (1982 – 1985), а во 1985 година се преселил во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на МАНУ и на Сојузите на писатели на Хрватска и на Србија. Павловски починал во Скопје. Автор на манифестите: Епското на гласање (соавтор, 1960) и Манифест на Поетска Република Железна Река (1990). За своето творештво, Павловски е добитник на наградите: „Браќа Миладиновци“, „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Повелба на печалбарите“, „Гоцева повелба“, „Ацо Шопов“,[3] на странските награди: „Младост“, „Златна струна“, „24 Дисова пролет“, „Ристо Ратковиќ“, стихозбирката „Зрна“ е прогласена за најдобра книга од Југословенската радио телевизија (ЈРТ, 1975), ракописот „Пир“ е награден за неговите високи уметнички вредности (Хрватска, 1972). Добитник е на светското признание за животно дело АБН-САД (1998), во Тринаесеттата едиција на меѓународното издание „Кој е кој меѓу интелектуалците“ (1999) на Меѓународниот биографски центар (Кембриџ, Англија) се објавени неговата биографија и библиографија. Посебни поетски книги му се објавени на повеќе јазици: англиски (две), француски, шведски, руски, чешки, романски, турски (три), српски (десет), словенечки и албански јазик. Неговата поезија е застапена во голем број антологии на македонската поезија.

Празници

Светски ден на извидниците

Ден 18 април 2025

00:01:17