21 декември
На 21 Декември 1880 во Смилево родена е Донка Ставврева Ушлинова, македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и четник на Македонската револуционерна организација. Донка ја вознемирувал и следел еден Турчин, која таа го убила и го закопала со помошта на нејзината јатрва, Сребра Апостолова. По убиството двете жени пребегнале во блиската планина каде биле пресретнати од четата на ресенскиот војвода Славејко Арсов, кој им дал униформи. Така Ушлинова се вклучила во борбата на Македонската револуционерна ораганизација.
Беше тоа на 21 Декември 1990 кога подрачјето помеѓу Гевгелија и Гуменџа-Р. Грција го зафати висока сеизмичка активност, која се изрази со серија на земјотреси. Гевгелискиот земјотрес, беше со измерена магнитутуда од 5.5 степени според Рихтер.
Беше тоа на 21 Декември 1922 роден Мито Хаџивасилев – Јасмин македонски комунист и политичар и новинар, наречен „првото перо“ на македонското новинарство и публицистика. Студирал на Правниот факултет во Белград. Во 1940 година е примен во членство во КПЈ и бил член на МК на КПЈ, секретар на СКОЈ во Кавадарци, член на Вториот областен комитет на КПМ, заменик политички комесар на Третата оперативна зона и на Втората бригада и член на Обласниот комитет на НОО во Битола. По ослободувањето, од крајот на 1945 година до 1 јануари 1948 година е главен и одговорен уредник на „Нова Македонија“. Во 1962 година повторно е именуван за главен уредник на весникот „Нова Македонија“. На Основачкото собрание на Здружението на новинарите на Македонија, Хаџивасилев е избран за негов прв претседател. Учествува во издавањето на речиси сите централни весници во Македонија во 1944 година. Еден е од првите главни и одговорни уредници на весникот Нова Македонија. Во негова чест, во Македонија од 1969 година се доделува државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин“, со која се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството
Беше тоа на 21 Декември 1923 во Чаир- Скопје, родена е ВАСКА ИЛИЕВА – почина на 4 мај 2001 во Скопје) доајен на македонската народна песна и една од најпознатите македонски изведувачи на народна музика. Васка Илиева својата музичка кариера ја започнува пред 1950 г. во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“. Поради ненадминатиот стил на пеење и неповторливиот глас, Васка Илиева многу брзо станува многу популарна и настапува на безброј концерти, не само во татковинатa, туку и во тогашна Југославија, како и во Бугарија и секаде во светот каде што живеат Македонци. За време на долгата музичка кариера, во Република Македонија и насекаде по светот каде што живеат Македонци ја нарекуваа „Жива легенда“ на македонската народна песна, “Кралица на македонската народна песна”, како и „Амбасадор на македонската народна музика“. Васка Илиева умира на 4 мај 2001 г. во родното Скопје.
Беше тоа на 21 Декември 1924 роден Крум Томовски (Скопје, – Скопје, 8 јули 2010) — македонски академик, архитект и конзерватор. Тој бил основач на Заводот за заштита на спомениците на градот Скопје, бил претседател на Архитектонската академија од нејзиното основање во 1997 до 2000 г, шеф на архитектонскиот оддел на Архитектонскиот факултет и угледен член на МАНУ. Во научноистражувачката работа целосно се ориентирал на проучувањето на архитектурата во Македонија, односно својата активност ја концентрирал на проучувањето на средновековната и исламската архитектура, на народната архитектура и на цели урбанистички целини. Напишал голем број студии и статии отпечатени во стручни списанија и во дневниот печат , објавени во земјата и во странство.
Беше тоа на 21 Декември 1987 почина Виктор Аќимовиќ — југословенски и македонски публицист, новинар, филмски и фотографски автор. Познат е како „македонскиот Рихард Зорге“познат шпион од втората светска војна. Бил пријател со Кочо Рацин, Павел Шатев, Антон Панов и жесток критичар на „големците“ како Страхил Гигов и Боро Чушкар. Во 1939 година во Марибор го издал единствениот број на промакедонскиот весник на српски јазик, „Јужна Стварност“. Од 1944 година активно се вклучил во НОБ. Аќимовиќ е еден од првите фотодокументаристи во Главниот штаб на Македонија, а со своите фотографии учествувал и во првите броеви на весникот „Нова Македонија“. Подоцна поради јавниот судир со функционерите Гигов и Чушкар, Аќимовиќ работел како дописник на „Политика“ и Белградско радио, хрватскиот „Илустриран вјесник“ и љубљанскиот „Товариш“, но не и за македонските весници. Член е на Друштвото на ликовни уметници на применета уметност на Македонија, слободен телевизиски репортер во информативно–политичкиот сектор на Радио–телевизија Скопје. Аќимовиќ бил посветен и на филмот и фотографијата. На Меѓународниот филмски фестивал во Луксембург, во официјална конкуренција биле прикажани три негови филма, а за еден од нив, „Циганска молитва“ е награден со „Бронзена плакета“. Тој е еден и од основачите на скопскиот клуб „Камера 300“, учесник е на бројни меѓународни изложби на фотографија и еден од најпочитуваните сниматели и фотографи на Балканот, но и во Европа.
На 21 Декември 1993 Јапонија ја призна Република Македонија.
Беше тоа на 21 Декември 1994 Република Македонија и Ватикан воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.
Беше тоа на 21 Декември 2014 почина Васил Шишков — македонски глумец, син на глумецот Ристо Шишков. Почина од срцев удар. Шишков е роден на 30-ти јануари 1970. На 24 години дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Како професионален актер дебитирал, уште студент, на сцената на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп 1993, играјќи го Марко Крале во истоимената пиеса на Младен Србиновски. Веднаш по дипломирањето, 1994, станал член на драмскиот ансамбл на МНТ со кој, во текот на изминативе две децении, одиграл дваесеттина ролји. Гостувал и во театрите во Велес и Струмица. Играл во неколку македонски филмови и телевизиски драми. Својата последна ролја Васил Шишков ја одиграл во претставата „Вечната куќа“, со која на 7 ноември 2013-та беше отворена новата зграда на Македонски народен театар. По изборот на Јордан Плевнеш, автор на текстот, и на Дејан Пројковски, режисер на претставата, токму нему му било доверено да го игра митскиот македонски актер Ристо Шишков, неговиот татко кој починал 1986, на 46-годишна возраст.
На 21 Декември 1993 Јапонија ја призна Република Македонија.
Беше тоа на 21 Декември 1994 Република Македонија и Ватикан воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.
21 Декември е Краткодневица. Денот е долг само 8 часа, а ноќта 16.
