21 септември
Настани:
1994 Во Скопје почна да работи Телевизија Сител.
Родени:
1927 Во Дојран е роден Христо Андонов Полјански, македонски историчар, ректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, долгогодишен професор на катедрата по историја на Филозофско-историскиот факултет, признат научник, проучувач на историјата на македонскиот народ. Автор е на 463 библиографски единици, од кои 36 се книги. Од неговите трудови посебно се издвојуваат шесте томови за Гоце Делчев. „Британската библиографија за Македонија“, „Странскиот печат за Илинденското востание“, „Британски документи за историјата на македонскиот народ“ и други. Умре во Скопје, на 7 октомври 1985 година.
1948 Кирил Кангов е роден во Гевгелија. Завршил Правен факултет во Скопје. Работи во АД „Трансбалкан“ во Гевгелија. Член на ДПМ од 1994 година. Автор е на книгите: Вардариум (1990), Вардарско време (1994).
Починале:
1901 Во Велес, во Џајково Маало, во борба против турската полиција, откако снема муниција, се самоуби Миле Поп Јорданов (брат на Орце Поп Јорданов, организатор на кружокот од Солунските атентатори) македонски револуционер. Миле загинал во борба, долго време неговото тело било изложена на улица и никој не смеел да го земе. Миле е загинат во заседа кога со кочанскиот војвода Караџов се повлекувале преку Вардар и држел отстапка кога е убиен.
1903 Тодор Христов офицерчето, роден во Велес во 1878 година. На смилевскиот конгрес бил избран за воен специјалист при Штабот на Илинденското востание. Бил раководител на леарниците за бомби во Крушевско. За време на Илинденското востание, при напад на Крушево командувал со седмиот востанички одред од селата Селце, Обршани и Вранче. По ослободувањето на градот ја координирал градбата на фортификациските објекти за одбрана и ги дал нацртите за изработка на црешовото топче. На крајот на востанието на 21 септември 1903 година заедно со 18 четници води борба во планината Bиљач, Скопско-Прешевската околина во која Тодор Христов и 11 четници загинуваат.
1903 Трпен Марков е роден во 1879 година во селото Вишени, Костурско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Егејска Македонија, Грција. Учел во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а подоцна завршил Битолската машка егзархиска гимназија. Во Битола застанал на чело на револуционерен кружок во кој влегувале Георги Баждаров, Андреј Кезепов, Георги Христов и Георги Тодоров. Умрел во Пловдив во 1903 година.
1908 Атанас Бадев (Прилеп, 14 јануари 1860 – Ќустендил, 21 септември 1908) македонски композитор, хорски и музички теоретичар и педагог, еден од првите професионално школувани македонски композитори. 1879 г. основал црковно-училиштен хор во Прилеп. Музика најпрвин студирал во Синодалната школа за црковно пеење во Москва, потоа кај Милиј Балакирев и Николај Римски-Корсаков при Дворската пејачка капела во Санкт Петербург. По завршените студии ја истражувал и собирал македонската народна музика, бил наставник по музика и хорски диригент во Солун.
Празници:
Светски ден на мирот
