20 февруари
Настани:
1970 Почнала изградбата на големиот мост преку теснецот Босфор, кој денес е прва директна копнена врска меѓу Балканот и Мала Азија.
1987 Излегува од печат словенечкиот месечник „Нова ревија 57“ во која се пренесени Прилозите за словенечката национална програма кои претставуваат еден вид одговор на словенечките интелектуалци на Меморандумот на САНУ.
1990 на плоштадот во Скопје се одржа најголемиот протестен митинг во Македонија (присутни околу 150 илјади граѓани) на кој се бараше заштита на основните и национални права на Македонците во Бугарија, Грција и Албанија.
Родени:
1790 македонскиот учител, просветител, преродбеник Даскал Камче. Роден е во с. Корешница, меѓутоа во 1800 година неговиот татко со семејството се преселил во Ваташа. Се образувал самоуко, бидејќи имал голем афинитет кон пишаниот збор и образованието. Во 1830 го отворил првото световно училиште во Тиквешијата во селото Ваташа. Додека престојувал на Св Гора го напишал “Краток опис на дваесетте Светогорски манастири“. Со подршка на богатиот кавадаречки трговец Јовко Марков во 1838 година ја отворил првата печатница во Македонија. Се претпоставува дека во ваташката печатница на Даскал Камче била отпечатена “Таблица перваја“ на Јордан Хаџи Константинов Џинот, како и книгата “Служение еврејско“. Даскал Камче починал во 1855 година.
1949 Васе Манчев македонски писател. Бил уредник на списанието „Разгледи“, а работел и во Радио Телевизија Скопје. Исто така, бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Член е на Македонскиот ПЕН центар, а во Друштвото на писателите на Македонија членува од 1980 година. Од 1987 до 1993 година бил директор на Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Добитник е на наградите: „Рациново признание“ и „Стале Попов“.
Починале:
1898 Во Софија, од најмени терористи, е убиен Димитар Васил Македонски, македонски преродбеник, учебникар и адвокат. Роден е во селото Емборе, Кајларско, во 1847 година.
1908 Кај селото Долна Рибница, Петричко, во борба против турската војска загина Мануш Георгиев – Турновски, македонски револуционер и војвода, член на ВМРО. Роден е во селото Ново Село, Струмичко, во 1880 година.
1943 Во Скопје, во судир со бугарската полиција загина Раде Јовчевски – Корчагин, народен херој на Македонија. Роден е во Скопје, на 14 август 1919 година.
2000.- Во Скопје умре Игор Маџиров, македонски актер. Роден е во 1970 година. познат македонски актер. Тој беше еден најпознат по улогите во серијалот „Во светот на бајките“. Меѓу 60-ина кандидати режисерот Милчо Манчевски му ја доделил улогата на Естој во најнаградуваниот македонски филм „Пред дождот“, кандидат за највисоката холивудска филмска награда Оскар. Јавноста го памети Маџиров како актерот со црвена коса, Могли – детето од џунглата, а првата улога како седумгодишно дете ја добил во филмскиот серијал „Белото циганче“. Претставата „Убавицата и ѕверот“ во Театарот за деца и млади беше последна за него, кога својата улога ја одиграл само осум часа пред неговата смрт. Во Театарот за деца и младинци во периодот од 1993 до 2000 година Маџиров одиграл над 500 претстави. Роден е во 1970 година во Струмица.
2016 Лепша Пиперковска, основоположник на македонската пијанистичка педагогија. Првиот јавен настап на пијано го имала на осумгодишна возраст. Како Лепша Бојаџиева завршила Средната музичка школа во Скопје а дипломирала на Музичката академија во Белград. Лепша Пиперковска е автор на осум учебници за наставата по пијанои на повеќе стручни трудови од областа на пијанистичката педагогија, теорија и практика. Лепша Пиперковска е родена на 1 ноември 1932 година, во Скопје.
Празници
Меѓународен ден на мајчиниот јазик — ден на кој се одбележува мајчиниот јазик во земјите. Прогласен е на XXX седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1999 г, именувајќи го 21 февруари — ден на кој се одржани драматичните протести за бенгалскиот јазик. Во 2000 г, овој датум е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазичност.
