19 февруари
Настани:
1878 По завршувањето на Руско-турската војна (1877-1878), во гратчето Сан Стефано, кај Цариград, бил склучен мировен договор (познат како Санстефански мир). Било создадено и автономно кнежевство во вазален однос спрема Турција – Голема Бугарија. Покрај другите делови, во кнежевството било предвидено да влезе цела Македонија. Но, поради несогласување на Австро-Унгарија, Германија и на другите големи сили со превласта на Русија во Источна Европа, на Берлинскиот конгрес (13 јуни до 13 јули 1878 година), договорот бил ревидиран. Одредбите на Санстефанскиот договор и на Берлинскиот конгрес, неповолно се одразиле врз понатамошните односи на Балканот.
1905 Во Париз излезе првиот број на весникот „Македонија“. Излегуваше до јули 1906 година (објавени се 40 броеви). Целта на весникот беше да се запознае француската и воопшто европската јавност со положбата, настаните и судбината на Македонија. Главен и одговорен уредник беше францускиот новинар и публицист Жорж Голи.
1994 Во Скопје е основано Македонско-американско здружение за пријателство и соработка.
1983 за време на зимската пауза, екипата на Вардар предводена од Вукашин Вишњевац на традиционалниот турнир во Скопје им оддржа лекција на белградски клубови Црвена Звезда (2:1) и Партизан (4:2) и го освои трофејот.
1994 Во Скопје е основано Македонско-американско здружение за пријателство и соработка.
1996 Во Њујорк официјално започна со работа генералниот конзулат на Република Македонија.
1996 Советот на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ донесе одлука оваа манифестација во иднина да се одржува под името „Македонски театарски фестивал“.
Родени:
1875 Роден е Димо Хаџи Димов, македонски социјал-анархист, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација, истакнат претставник и идеолог на Серската група, еден од основачите на Народната федеративна партија и деец на македонската група во Бугарската работничка партија(тесни социјалисти). Во судирот помеѓу Внатрешната организација и Врховниот комитет Хаџи Димов застанува категорично на страната на Внатрешната организација.
1895 Во Кукуш е родена Лика Чопова – Јуркова, истакнат македонски педагошки работник и публицист. Потекнува од револуционерните македонски семејства на Делчеви и на Чопови, од мајка Руша Делчева, сестра на Гоце Делчев, и татко Андон Чопов. Умре во Скопје, на 5 септември 1983 година.
1922 Тодор Димитровски — македонски лингвист. Работел како преведувач во Македонската редакција на ТАНЈУГ, неколку години во весникот „Трудбеник“ (1945-1949), а потоа бил лектор во книгоиздателствата „Ново поколение“ и „Кочо Рацин“ (1950-1953). Работел како научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Бил претседател на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија (1982-1989). Почесен член на ДПМ. Добитник на наградите: „11 Октомври“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Златно перо“, „Григор Прличев“.
1951 Трајан Мартиноски е роден во с. Нерези, Струшко. Починал на 4 мај 1999 година во Охрид. Член на ДПМ од 1989 година. Автор е на книгите Премолчано време (поезија, 1982), Дулбија (поезија, 1988), Голтки (поезија, 1990), Христовиот син (поезија, 1994), Гробот на Чинго (есеј, 1995), Говорот на цвеќето (есеј, 1995), Писмото на сликата (оглед за пејзажот на сликарот Јордан Манасиевски, 1995), Одговор на писмото (есеј, 1996), Петнаесет пеења за Карванот на цвеќето на мирот (1998), Брезоњо – биографија на каменот и цветот (патопис, 1998), Еригон петнаесет години потоа (кон драмската претстава Еригон од Јордан Плевнеш, 1999), Кон културното наследство (Наум Целаковски, трудови, толкувања, приопштувања, 1999), Златен венец на спомените (сеќавања, 1999).
1979 Игор Митрески — македонски фудбалер. Митрески дебитирал за македонската репрезентација во 2001 година на пријателски натпревар против Чешка и има стекнато 70 натпревари во кои постигнал гол еден гол. Неговиот последен репрезентативен натпревар бил во октомври 2011 година за време на Квалификациите за европското првенство 2012 против Ерменија.
Починале:
1980 Рудолф Горник Сремска Митровица, инженер-агроном, основоположник на тутунската наука во Македонија и во Југославија, посебно во областа на селекцијата. Избран за член на МАНУ надвор од работниот состав (25.12.1979). На негова иницијатива во 1924 година била основана првата експериментална станица за истражување на тутун во Прилеп, која била единствена од таков тип на Балканот. Во 1928 година станал нејзин управник, а кога во 1936 година експерименталната станица прераснала во Институт за тутун, раководел со него сè до 1939 година, кога станал началник на Државниот тутунски монопол во Белград. Од 1946 до 1954 година повторно бил директор на Институтот за тутун во Прилеп. Во овој период дал особен придонес во осовременувањето на производството на тутун и во истражувањето на нови тутунски сорти подобни за македонското поднебје. Како резултат на неговата научноистражувачка дејност, добиени се ориенталните сорти на тутун: Прилеп 10-3/2, Прилеп 12-2/1, Јака Кире-чилер и Отља. Исто така се занимавал со интродукција на нови сорти на тутун од типот „Вирџинија“ и создавање на нови хибридни сорти на тутун отпорни на пероноспората на тутунот. Рудолф Горник од 1952 до 1954 година бил уредник на списанието „Тутун“. Во 1964 година станал почесен граѓанин на градот Прилеп, а во 1979 година бил избран за член на Македонската академија на науките и уметностите. Автор е на повеќе од 60 научни и стручни дела од областа на селекцијата, одгледувањето, производството и преработката на тутунот. Починал на 19 февруари 1980 година во Загреб.
