домаБЕШЕБеше 19 09 2023

Беше 19 09 2023

19 септември
Настани:
1992 Во селото Стајковци, скопско, е поставен и посветен камен-темелник на нова црква „Свети Кирил и Методиј“.
1994 Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Општата спогодба за царини и трговија (ГАТТ).
1996 Република Македонија пристапи кон трите конвенции на Меѓународната агенција за атомска енергија.
Родени:
1970 Игор Исаковски е роден во Скопје. Работел како радио и ТВ водител од 1991 до 1999 годинаи потоа од 2001 од 2003 година, на различни честоти. Тој бил основач и директор на културната установа „Блесок“, а работел и како главен и одговорен уредник и веб-мастерот на истоименото списание. Исто така бил уредник на списанието на Независните писатели на Македонија, „Наше писмо“. Дипломирал на катедрата за Општа и компаративна книжевност во Скопје, а магистрирал на Средноевропскиот универзитет во Будимпешта (Родови и културолошки студии). Починал на 15 декември 2014 во Скопје
Починале:
1929 Георги Баждаров е роден во серското село Горно Броди, тогаш во Отоманското Царство. Образование добива во Солунската машка гимназија (1896 – 1899) и Битолската гимназија (1899 – 1900), каде што заедно со Трпен Марков, Андреј Кезепов, Ѓорѓи Христов и Георги Тодоров формира ученички револуционерен кружок на Бугарското тајно револуционерно братство, на чело со Марков. Баждаров е еден од основачите на Македонскиот научен институт и неговиот потпретседател. Уредник е на списанието „Македонски преглед“. Во 1929 година ја издава книгата „Горно Броди“. Баждаров станува жртва на братоубиствената борба во ВМРО. Убиен е од страна по наредба на бугароманот Иван (Ванчо) Михајлов, како поддржувач на Александар Протогеров на 19 септември 1929 година во Варна, а во текот на атентатот еден од телохранителите загинува, а двајца се ранети. Според Георги Поп Христов организатор на убиството е Пандил Шишков, поради што и тој бил ликвидиран во знак на одмазда.
1941 Аце Дорев е роден во селото Пателе, Леринско, тогаш во Отоманското Царство, денес Агиос Пантелејмонас, Грција. Станал член на Организацијата во 1897 година. Во 1900 година влегол во Битолскиот окружен револуционерен комитет, заедно со Георги Поп Христов, Васил Пасков, Георги Пешков и Неделко Дамјанов. Од 1907 до 1908 година е член на Задграничното претставништво на Организацијата во Софија. Во 1910 година е уапсен од младотурците и бил заточен во Мала Азија. За време на Првата светска војна од 1915 до 1918 година е член на Битолската окружна постојана комисија. По навлегувањето на бугарските војски во Вардарска Македонија во 1941 година, се преселил во Битола каде што починал 19 септември истата година
1942 Рампо Левков Левката Рампо е роден во Прилеп. На 14 септември 1942 година, по разбивањето на партизанскиот одред на планината Мукос, бугарската војска го уапсила заедно со уште дваесетмина. По долгото мачење, осумнаесетмина биле стрелани од страна на бугарскиот окупатор, кај селото Дабница, прилепско. Овој масакр е познат под името Дабнички маскар. За народен херој бил прогласен на 11 октомври 1951 година. Во негова чест, едно основно училиште во Прилеп го носи неговото име.
1944 Ѓоце Стојчевски Амбарче е роден во Тетово на 26 ноември 1919 година во повеќечлено занаетчиско семејство. Бил библиотекар во локалната библиотека, секретар на Месниот комитет на КПЈ и учесник во НОД во 1941 година. Во борбата со балистички сили кај с. Шипковица во 1943 бил ранет, заробен и спроведен во затворот во Тирана. По капитулацијата на Италија избегал, се вратил во Македонија и се приклучил на партизански одред. Загинал во борбата кај селото Беличица и бил прогласен за Народен херој на Југославија на 11 октомври 1953 година. Во негов спомен тетовскиот хемиско-текстилен училиштен центар го носи неговото име. Спомен-куќата на Стојчевски е прогласена за значајно културно наследство на Македонија
1944 Тодор Циповски Мерџан Роден во Тетово. Заради тешката економска состојба морал да го напушти својот дом на дванаесет години и да појде на печалба во Белград. Тешкотиите и неприликите на тогашниот живот го изградиле како силна и борбена личност. Во 1940 година бил примен за член на СКОЈ. Во текот на 1942-43 година Околискиот комитет на КПЈ за Тетово бил долго време без врска со Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. На 19 март 1943 година во неговата куќа е одржана првата седница на ЦК на КПМ. Во август 1944 година Циповски е делегат на Првото заседание на АСНОМ. Загинал херојски на 19 септември 1944 година при нападот на балистите над селото Беличица, Мавровско. За народен херој на Југославија бил прогласен на 11 октомври 1951 година.

Ден 18 април 2025

00:01:17