домаБЕШЕБеше 18 декември 2023

Беше 18 декември 2023

18 декември
Беше тоа на 18 Декември 1882 кога е роден Петар Чаулев Мајски, македонски револуционер, учесник во Илинденското востание. Во Илинденското востание бил војвода и раководител на Охридскиот револуционерен комитет, во 1911 година бил член на ЦК на ВМОРО. Учествувал во Балканските војни, во Тиквешкото и во Охридско-дебарското востание. За време на бугарската окупација во Првата светска војна бил околиски началник на Охрид. По војната учествувал со Тодор Александров и Александар Протогеров во создавањето на ВМРО. Бил потписник на Мајскиот манифест. Бил убиен од страна на Димитар Стефанов, член на ВМРО.
На 18 Декември 1905 почина Тиквешкиот војвода Петар Христов Јуруков, како последица од тешките рани. Роден е во Карлово 1882 година. Се школувал во Карлово, Пловдив и Самоков. За тиквешки војвода е именуван во 1902 година. За време на Илинденското востание со неговата тиквешка чета водел две големи борби, едната на 3 август кај месноста “Дреновица“, близу Шешково, а другата кај с. Копришница. Во мај 1904 година како делегат од Тиквешијата учествува на Прилепскиот општ конгрес на Организацијата. Во летото 1905 е назначен за крушевски војвода со задача да ја обнови Организацијата која најмногу настрада во времето на Илинденското востание.

Беше тоа на 18 Декември 1934 кога е родена Нада Ицева-Салџиева падобранец и падобрански инструктор. Била член на аероклубот Јуриј Гагарин во Скопје од 1954 година. Ицева-Салџиева со падобран има скокнато 1150 пати. Првенството на Југославија го освоила пет пати, а како репрезентативка на Југославија учествувала во Светскиот јадрански куп во Тиват и Порторож, како и на државниот тримеч во Софија и во Букурешт. Ицева-Салџиева поставила неколку апсолутни републички и државни рекорди, а за најдобар спортист на Македонија била прогласена во 1956 година.

На 18 Декември 1941 во Вашингтон започна конференцијата на претставниците на 26 држави – сојузнички во Втората светска војна. Беше решено на 1 јануари 1942 година да се објави декларација на сојузниците за тоа дека ќе ја продолжат војната против силите на Оската и против нивните приврзаници сè до нивната капитулација и дека нема да се склучува примирје со непријателот.
Беше тоа на 18 Декември 1942 кога бугарската полиција ги открива и апси членовите на покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, народните херои Мирче Ацев и Страшо Пинџур. Во истата акција запленета и печатницата на ПК КПЈ за Македонија „Гоце Делчев“.

На 18 Декември 1971 во Битола е родена Наташа Петровска. Потекнува од семејство каде најзастапена како професија е учителствувањето и музиката. По втората светска војна нејзиниот дедо образувал низа возрасни лица кои станале наставници во Битола, а нејзина посебна гордост е брилјантната интерпретација на Битола Бабам Битола од нејзиниот чичко Добри Ставрески. Пред да стане градоначакник, Петровска била член на ИО на ОО Битола во два мандати, член на ИО на СДСМ Македонија 4 години и актуелен координатор на советничката група на СДСМ во Советот на општина Битола. На локалните избори 2017 година, избрана е за градоначалник на Општина Битола.

Ден 18 април 2025

00:01:17