домаБЕШЕБеше 18 09 2023

Беше 18 09 2023

18 септември
Настани:
1927 отворена е руска детска градинка во Скопје.
1944 Германските единици кои се повлекуваа од Грција упаднаа во Струмица, но не успеаја да воспостават окупаторска власт, ниту да ги оневозможат органите на народната власт да ја извршуваат својата должност.
18 септември – 13 октомври 1972 година. Во Скопје се одржа 20 јубилејна Шаховска олимпијадаа , Скопје првпат ги обедини и машката и женската олимпијада (играа на исто место). Кај мажите учествуваа 373 шахисти (35 велемајстори и 68 интернационални мајстори) од 63 држави, а се одиграа вкупно 2.728 партии на четири табли со две резерви. Кај жените, пак, настапиле 23 селекции со 69 шахистки (2 плус 1 резерва), а одиграа вкупно 264 партии.
Родени:
1912 Во Истанбул е роден Густав Влахов, македонски револуционер, политички работник, дипломат и носител на „Партизанска споменица 1941“. Тој е син на македонскиот револуцонер Димитар Влахов, кој имаше големо влијание Густав рано да се вклучи во револуционерното движење. Член е на КПЈ од 1933 година. Густав Влахов учествуваше во редовите на Црвената армија при одбраната на Москва, вршејќи разни одговорни воени должности. По ослободувањето вршеше одговорни должности во Македонија и во федералните органи на СФРЈ. Умре во Белград, на 16 јануари 1991 година.
1929 Во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, еден од најпознатите политички емигранти борец за самостална обединета Македонија , кој поголемиот живот го поминува во прогон и затвор. Во 1977 киднапиран е од тајните служби на СФРЈ набрзо е осуден е на 13 годишна робија од кои одлежал 10. По излегување од затвор заминува за Шведска. Тој е идеен творец и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Умре во Копенхаген- Данска, на 31 мај, 1998 година . Погребен е во Куманово.
1938 Во селото Модрич, Дебарско, е роден Бошко Смаќоски, македонски писател. Дело: „Мајски ѕвончиња“, „Додека роси“, „Модричка тетратка“, „Големи и мали“, „Животот занает најтежок“ и последното негово дело „Лето господово, лето ѓаволово“. Умре во Скопје, на 13 март 1998 година.
1978 Миле Јанакиевски роден во Прилеп македонски политичар. Во периодот од 28 август 2006 до 13 мај 2015 ја извршувал функцијата Министер за транспорт и врски на Република Македонија.
1988 Фатљум Жута е роден во Струга. Напоредно со образованието, Жута тренира и класичен бокс.. Тој е член на струшкиот боксерски клуб „Синди“. Жута до 2010 година има учествувано во 35 натпревари од кои во 27 освојува победи и тоа: 4 пати шампион во бокс во Македонија, 3 пати шампион во бокс на меѓународни натпревари итн.
Починале:
1753 Во Москва умре Христофер Жефарович, еден од најраните македонски преродбеници, свештеник, писател, ликовен уметник. Зборуваше речиси на сите балкански јазици, а го познаваше и латинскиот јазик. Беше еден од најдобрите и највлијателните ликовни уметници на Балканот. Автор е на книгата „Поучение свјатителское и новопостановленому језику“ и „Описание светога божија града Јерусалима“, како и на книгата со световна содржина „Стематографија“, која има посебно значење за хералдиката. Роден е во Дојран, околу 1800 година.
1943 Величко Велјанов наречен Чичето, револуционер, скопски окружен војвода на ВМОРО. Велјанов е роден во 1874 година во скопското село Црешево, тогаш во Османската империја. Во 1899 година влегува во ВМОРО. Велјанов како долгогодишен реонски војвода во Скопско води упорна борба со српската вооружена пропаганда во Македонија. После поразот во Првата светска војна на Бугарија, Велјанов е уапсен од српските власти и е затворен во Скопскиот затвор, но успева да избега и се вклучува во возобновувањето на ВМРО.Од 1922 до 1934 година одново е скопски окружен војвода. Група, раководена од Велјанов го извршува убиството на Александар Стамболиски во 1923 година. После ослободувањето на Вардарска Македонија, Велјанов се враќа во Скопје, каде што умира во 1943 година
1996 Во Ереван, Ерменија умре Ристо Ничевски, македонски интернационален шаховски мајстор. Роден е во Битола, на 28 јуни 1945 година
1987 Умре Драги Крстевски Амфи, еден од најпознатите македонски артисти, член на „Драмата“ при Македонскиот народен театар. Роден е во 1929 година.
2014 Во родното село Вевчани, по долго боледување, почина писателот Милутин Бебекоски. Член на Друштвото на писателите на Македонија беше од 1973 година. Како поет и писател за деца Милутин Бебекоски остави богат опус со вредности кои се вградени во развојните процеси на современата македонската литература. Автор е на десетина поетски книги, меѓу кои „Нишалки под виножитото“, „Ѕвездена труба“, „Копче од ѕвезда“, „Воденици“ и „Дреноцут“. За своето творештво е добитник на наградата на РТВ Скопје. Бебекоски е роден во 1941 година.
Празници:
Меѓународен ден на геолозите

Ден 18 април 2025

00:01:17