домаБЕШЕБЕШЕ - 17 НОЕМВРИ 2023 ГОДИНА

БЕШЕ – 17 НОЕМВРИ 2023 ГОДИНА

17 ноември

Беше тоа на 17 Ноември 1921 кога е роден Димитар Николовски – Таки Даскало (роден во Битола) македонски партизан, комунист, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. Во битката на 3 мај 1942 покрај Таки Даскало загинале и Јоска Јорданоски-Сандански, Ордан Михајлоски, Елпида Караманди, Мара Јосифовска и Димче Хаџипоповски. Таки Даскало е опеан во познатата народна песна „Таму ле, мајко, близу Битола“, напишана од Ајри Демировски (1950). Во негова чест, едно средно училиште во Битола го носи неговото име. На кејот покрај реката Драгор крај старите касарни, кон старата гимназија (во која и тој се школувал), поставен е споменик-биста со неговиот лик.

На 17 Ноември 1971 Во Скопје, во Македонскиот народен театар е изведена првата опера на македонскиот композитор Трајко Прокопиев „Разделба“, напишана според драмата „Печалбари“ од македонскиот писател Антон Панов. По диригенство на авторот, а во режија на Васил Ќортошев, во главните улоги настапија Георги Божиков, Евдокија Доброхотова, Анастасија Димитрова, Ана Липша – Тофовиќ и Никола Гаго

На 17 Ноември 1974 во Љубанци е роден Јохан Тарчуловски, македонски бранител, поранешен инспектор за придружба во Службата за обезбедување на претседателот на Македонија Борис Трајковски и во војната во Македонија во 2001 година. Тарчуловски бил екстрадиран во Хаг на 16 март 2005 година. На судењето, Тарчуловски бил осуден на затворска казна во тарење од 12 години, отслужил шест години во затворот во Шевенинген, а останатите две години во градот Диц, Германија. На 10 април 2013 година, Тарчуловски бил ослободен од затворот. По враќањето во Македонија, Тарчуловски станал организациски секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Беше тоа на 17 Ноември 1991 кога е усвоен Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на сувереност и самостојност.

На 17 Ноември 1991 Основана е Европската ракометна федерација (ЕХФ).

На 17 Ноември 1996 во Република Македонија се одржаа првите локални избори по осамостојувањето на земјата за градоначалници и за совети на 123 општини, односно 124 со градоначалникот и Советот на Град Скопје.

Беше тоа на 17 Ноември 2006 кога Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција во корист на приемот на Македонија, Хрватска, Албанија и Грузија во НАТО.

На 17 Ноември 2008 Поради попречувањето на приемот во НАТО, Македонија покрена тужба против Грција за прекршување на Привремената спогодба од 1995.

17 Ноември е Светски ден на непушењето.

Ден 18 април 2025

00:01:17