17 септември
Настани:
1918 Пробиен Солунскиот фронт, период кога на тлото на Македонија се води еден од најголемите фронтови во првата светска војна, фронт кој учествувале повеќе стотици илјади војници од сите Балкански и повеќе европски земји, по тридневна офанзива, Првата и Втората српска армија го пробија фронтот со што беа скршени централните сили во Првата светска војна. Четириесет дена по офанзивата капитулира Австро-Унгарија, а набрзо и Германија.
1943 Во селото Подвис, кичевско почнало да работи првото училиште на македонски јазик.
1944 Во селото Митрашинци, Беровско, се формирани Тринаесеттата и Четиринаесеттата македонска бигада и Педесеттата дивизија на НОВ и ПОЈ.
1987 Во Скопје е формирано Здружение на електроенергетичарите на СР Македонија.
1991 Собранието на Република Македонија донесе Декларација во која се истакнува дека граѓаните на Република Македонија на 8 септември 1991 година плебисцитарно ја потврдија државноста и сувереноста на Република Македонија и ја изразија својата волја таа да биде конституирана како суверена и независна држава.
1996 Во Пекинг, на Конференцијата на Интерпарламентарната унија, Република Македонија е примена во Групацијата медитерански земји.
1998 Во Скопје, во издание на НИК „Денес“, излезе првиот број на дневниот весник „Македонија денес“, весник на демократската јавност.
1998 Во Скопје почна со работа телевизијата Канал 5.
Родени:
1956 Владимир Димов роден во Скопје македонски лекар и политичар. Во периодот од 15 ноември 2004 до 27 август 2006 година бил Министер за здравство на Република Македонија. По крајот на мандатот, Димов бил осомничен за повеќе набавки преку Фондот за здравство и за затајување данок во висина од 790 илајди денари. На Димов во 2007 година му бил замрзнат имотот. Во текот на овој период, Димов најпрвин бил на специјализација во Истанбул, Турција, а подоцна, кога добил бугарско државјанство, се преселил да живее во Софија, Бугарија.
Починале:
1901 Загинал Мирче Ацев – Оровчанецот бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Народниот херој од НОВ Мирче Ацев бил внук на војводата Мирче Ацев, чие име и го носел. Во 1899 година со своја чета заминал за Неврокопско, каде неколку пати имал успешни судири со турската власт. Во 1901 на пат за Прилепско, кај селото Уланци (Тиквешко) Турците ја откриле неговата чета, ја опколиле и по тешка борба ја разбиле, при што загинал и самиот војвода. Мирче Ацев роден во 1859 во с .Ореовец Прилепско.
