домаБЕШЕБЕШЕ - 16 НОЕМВРИ 2023 ГОДИНА

БЕШЕ – 16 НОЕМВРИ 2023 ГОДИНА

16 ноември

Беше тоа на 16 Ноември 1912 кога почна Битолската битка во Првата балканска војна во која добро утврдената турска Вардарска армија на Зеки паша се повлече по поразот од Кумановската битка. По тридневни битки беше поразена од српската Прва армија на Александар Караѓорѓевиќ со што Јужна Србија (денешна Македонија) и Стара Србија (Косово и Метохија) конечно беа ослободени од Турците.

На 16 Ноември 1920 во Тетово е роден Тодор Циповски. Во 1940 година бил примен за член на СКОЈ. На 19 март 1943 година во неговата куќа е одржана првата седница на ЦК на КПМ. Во август 1944 година Циповски е делегат на Првото заседание на АСНОМ. Загинал херојски на 19 септември 1944 година при нападот на балистите над селото Беличица, Мавровско. За народен херој на Југославија бил прогласен на 11 октомври 1951 година.

Беше тоа на 16 Ноември 1923 кога во селото Никифорово, Гостиварско, е роден Чеде Филиповски-Даме, народен херој на Македонија. Во Народноослободителната војна учествуваше од 1941 година. За кусо време станува член на Месниот комитет за Гостивар, а во 1942 година, беше поставен за секретар на Околискиот комитет на КПМ за Гостивар. Првата воена функција му е заменик политички комесар во Мавровско-гостиварскиот НОПО, во 1943 година беше поставен за командат на батаљон и заменик командант на бригада , а во 1944 година беше поставен за заменик-командат и командант на 48 македонска дивизија на НОВЈ. По ослободувањето, во мај 1945 година беше испратен во Белград, каде со голем успех ја завршува Вишата воена академија. Почина на 26 јуни 1945 година, веднаш по сообраќајната несреќа што му се случи кај Радовиш, возејќи мотор од Штип кон Струмица. На 1 август 1949 година потсхумно беше прогласен за народен херој на Југославија. Носител беше на “Партизанска споменица 1941”, на “Партизанска ѕвезда” и на други одликувања.

На 16 Ноември 1962 Скопје, Охрид, Струга, Титов Велес, Ресен, Кичево, Битола, Новаци, Прилеп, Тетово, Крушево, Богомила и голем број села и населби во Западна Македонија, биле погодени од водената стихија, што била резултат на вонредно силни дождови на Шарпланинскиот слив од Бистра и од другите планини што гравитираат кон Треска. Во Скопје се урнати 1.050 куќи, 157 згради биле под вода, 4.445 граѓани без покрив; во Петровечко поплавени близу 4.000 хектари плодна земја. Водената стихија урнала три моста во Скопје и три во Ѓорче Петров. Во Охрид, биле урнати од поплавата 36 куќи, оштетени 57, а во 56 куќи не можело да се влезе. Од Неготино до Демир Капија, Вардар бил широк 400 метри во просек. Кај Гевгелија езеро широко 8 километри. Во гевгелиско урнати 5 мостови. На 2 километри до Гевгелија, возовите „пловат“ 200 метри низ вода. Во тетовско, поплавени 3.000 хектари, и однесени 8 мостови.

Беше тоа на 16 Ноември 1995 кога почина Македонската актерска легенда Петре Прличко. Ликовите на незаборавниот Мандана, Фезлие, стрико Тале, Диме грлатиот, дедо Дојчин, Арсо, Јеротие Пантиќ- на платното и театарските штици ги овековечи македонскиот актер Петре Прличко.Со право титулата за најголемиот меѓу актерите во историјата на македонската театарска и филмска уметност му е наменета на Петре Прличко. Во својата кариера Петре Прличко има одиграно 8.000 претстави, 32 филма, 6 драмски текста, 11 драматизации. Роден е во Велес, на 13 март 1907 година.

Беше тоа на 16 Ноември 2001 кога собранието на Република Македонија ги прогласи 15-те амандмани за промена на Уставот на Република Македонија, иницирани од Рамковниот охридски договор.

На 16 Ноември 2001 Македонскиот претседател Борис Трајковски го потпиша писмото со кое формално се потврдува амнестијата за поранешните членови на т.н. ОНА кои доброволно го предале оружјето.

На 16 Ноември 2020 почина Иван Бекјарев Родителите на Бекјарев потекнуваат од Македонија. Татко му Георги пред Втората светска војна дошол во Белград, а мајка му Радмила (со потекло од Гевгелија) во Белград дошла 1945 година. После завршетокот на основното училиште, се запишал во Шестата белградска гимназија, а потоа и на Факултет на драмски уметности. За приемен на факултет го спремале Миќа Томиќ и Оливера Марковиќ. Заедно со него студирале Јосиф Татиќ и Милан Гутовиќ.

Ден 18 април 2025

00:01:17