16 февруари
Настани:
1949 Во Скопје излезе првиот број на „Студентски весник“, орган на Универзитетскиот комитет на Народната студентска младина.
1994 Република Грција ја затвори границата кон Република Македонија и воведе трговско ембарго кон Република Македонија, ги затвори грчкиот конзулат во Скопје и Солунското пристаниште за Република Македонија. Ембаргото е укинато на 15 октомври 1995 година.
1996 Европскиот парламент донесе одлука за пристапување на Република Македонија во Европската програма ФАРЕ за помош и развој на земјите од Централна и Источна Европа.
2001 Во селото Танушевци, во близина на македонско-косовската граница, дојде до вооружена престелка на органите за обезбедување на македонската граница со непознати вооружени лица со црни маскирни уни форми. При ова новинарска екипа на А1 телевизија беше заробена, а по одземањето на камерата новинарите биле ослободени
Родени:
1912 Во Прилеп роден е Крум Тошев ,,македонски славист, македонист и универзитетски професор. Коавтор е на првиот е на првиот „Македонски Правопис со правописен речник“. Автор е на многу учебници и читанки, како и поголем број научни и стручни трудови. Починал во Скопје во 1976.
1959 Благоја Маркоски е роден во с. Селце, Крушево, Република Македонија. Во високообразовниот процес реализира настава/вежби по предмети на сите три циклуси, односно на додипломски, постдипломски и докторски студии. Поточно држи настава по: Картографија; Дигитална картографија; Географски Информациски Системи; Тематска картографија; Регионална географија; Воена географија; Методи на на наставата по географија; Методологија на научно истражувачка работа во географија и др. Има објавено над 170 трудови, изработено над 50 карти. Учествувал на 13 научни конгреси, 14 меѓународни и 23 национални научни симпозиуми. Автор е на 8 универзитетски учебници и помагала, 1 средношколски и 3 учебници по географија за основни училишта. Има издадено 5 монографски изданија. Има работено во над 25 научно истражувачки проекти од кои на 12 е носител и раководител на проект. Бил член на тимот во два меѓународни проекти.
Починале:
1944 Андон Дуков македонски партизан во НОБ и сликар. На планината Бабуна, борци на Првата македонско-косовска НОУ бригада го пронајдоа смрзнат и босоног, со празен ранец на грбот и со пушка која ја држеше со згрчените раце, својот соборец и ликовен уметник Андон Дуков. Роден е во Охрид, на 20 декември 1909 година
1986 Во Скопје почина Стефан Таневски, македонски писател. Ги напиша историските трагедии „Иван“, „Владимир и Косара“ и „Рог“, како и збирката поезија „Ноќни бразди“. Роден е во Скопје, на 7 април 1918 година.
1986 Во Скопје почина Мирослава Ралева, македонски книжевен и научно-стручен преведувач, долгогодишен директор на Школата за странски јазици во Скопје. Родена е во Скопје, на 6 јуни 1932 година.
2014 Во Будимпешта умрел проф. д-р Гашпар Биро, поранешен ректор на Универзитетот „Американ колеџ“од Скопје. Тој беше посветен пријател на Македонија, посебно ќе се паметат неговите напори во раните фази на меѓународно признавање на Република Македонија, како и неговиот придонес за продлабочување на билатералните односи меѓу Унгарија и Македонија.
