16 декември
Беше тоа на 16 Декември 1869 кога е роден Христо Татарчев — основоположник и претседател на Македонската револуционерна организација. Христо Татарчев, еден од основачите на Македонската револуционерна организација, член на првиот Централен комитет и негов прв претседател. Завршил медицина во Цирих и Берлин, а потоа се вработил како лекар во Солунската егзархиска гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Бил уапсен во Солунската провала во 1901 година и осуден на пет години затвор. Умре на 5 јануари 1952 година, во Торино, Италија.
На 16 Декември 1912 во селото Војница, Велешко, е роден Коле Неделковски, истакнат македонски поет и револуционер. Во 1940 година ја објави првата стихозбирка “М’лскавици”, а во 1941 година и втората збирка “Пеш во светот”. Умирел на 2 септември 1941 година во Софија, при обид на бугарската полиција да го уапси во станот во кој живеел. Останува неразјаснето дали бил фрлен од полицајците или самиот скокнал преку прозорецот на неговата соба.
Беше тоа на 16 Декември 1922 кога двајцата Чеси инженерот Виктор Цајс и банкарот Карел Хусник, од тогашното Министерство за трговија и индустрија го добиваат одобрението за градба на првата пиварница, на истата локација на која и денес се наоѓа Пивара Скопје. Во 1922 година било купено земјиште од 32.347 м2, покрај железничката линија Скопје – Ниш, два километра источно од Скопје и почнала изградбата на фабриката. Истата година е основано индустриското претпријатие Парна пиварница во Скопје. Тие инвестирале сума од три милиони тогашни динари, која веќе наредната година била удвоена, а во 1924 година изнесувала девет милиони динари. Во периодот пред војната, годишниот производствен капацитет на пиварницата бил: 35.000 хектолитри пиво, 720 тони слад за пиво, 1.500 тони мраз.
На 16 Декември 1942 загина Невена Георгиева –Дуња, борец на Скопскиот партизански одред По расформирањето на Одредот во ноември 1941, таа заминала во Велес, а во потоа во Струмица. Помагала во подготовките за излегувањето на Струмичкиот партизански одред од летото во 1942година. Во мај 1942, во отсуство, таа била осудена на 7 години строг затвор. Во септември 1942 година станала борец на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. Загинала во судир со бугарската полиција и велешката контрачета (во други документи на 12 декември) во велешко Нежилово. Откако тешко ја раниле, ѝ ја отсекле главата и ја набиле на кол и така ја шетале низ велешките села за да се заплаши востанатиот народ. За страв пак на граѓаните на Велес, нејзината глава ја ставија во еден централен излог.
Беше тоа на 16 Декември 1945 кога во Костур, Егејска Македонија, започна судскиот процес против 106 Македонци од гратчето Хрупишта, Костурско, обвинети за соработка со окупаторот и покрај тоа што повеќето од нив беа борци на ЕЛАС. Некои од нив беа осудени на казна доживотен затвор, а други на временски казни.
На 16 Декември 1946 започнал со работа новиот Филозофски факултет во Скопје — првиот факултет во Македонија на македонски јазик и првата високошколска установа на на идниот Скопски универзитет.
Беше тоа на 16 Декември 1969 кога почина Васил Хаџиманов — македонски етномузиколог и педагог (татко на Зафир Хаџиманов), македонски етномузиколог и педагог. Меѓу најзначајните негови дела се вбројуваат “Зборникот на македонски народни песни”, “Соборски народни песни”, “Македонски борбени народни песни” и “Моми тиквешанки”. Роден е во Кавадарци, на 14 јануари 1906 година.
На 16 Декември 1993 Со размена на официјални документи, во Скопје, шест земји членки на ЕУ — Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Холандија и Данска – воспоставиле целосни дипломатски односи со Република Македонија.
Беше тоа на 16 Декември 1969 кога почина Васил Хаџиманов — македонски етномузиколог и педагог (татко на Зафир Хаџиманов), македонски етномузиколог и педагог. Меѓу најзначајните негови дела се вбројуваат “Зборникот на македонски народни песни”, “Соборски народни песни”, “Македонски борбени народни песни” и “Моми тиквешанки”. Роден е во Кавадарци, на 14 јануари 1906 година.
