домаБЕШЕБеше 16 09 2023

Беше 16 09 2023

16 септември
Настани:
1833 e подигнат на две високи кули, Радев мост. На двете страни имало стражарници и се наплаќала мостарина со јајца, мед, сирење, урда… Но, околу 1820 мостот бил погоден од гром и уништен. Затоа, Дубровчаните и Сасите, кои живееле во Кратово, издејствувале средства од Дубровник и почнала изградбата на легендарниот Радин мост, непосредно над разурнатиот Радев мост од кој сè уште стојат остатоци. Мостот бил пуштен во употреба на 16 септември 1833 година од познатиот скопски Хавзи-паша.
1941 Хитлер му наредил на заповедникот на германските вооружени сили за југоисток, да го задуши востаничкото движење на Балканот. Според Хитлеровата наредба со крајна суровост мора да се оневозможат партизаните и за смртта на секој германски војник со смрт да се казнат 50 до 100 заложници.
1996 Градот Велес од овој датум е без додавката „Титов“. Името Титов Велес го носеше од 11 октомври 1946 година.
2010 НАСА и Меѓународниот астрономски сојуз решаваат едно од езерата на Сатурновата месечина Титан да го носи името „Охридско Езеро“, во чест на истоименото езеро во југозападна Македонија.
Родени:
1943 Петар Ангеловски е роден во селото Луково, Кратовско. За асистент на Покрај обемната наставна работа Ангеловски има постигнато значајни резултати и во научноистражувачката работа. Таа била насочена кон хидробиологијата на копнените води, особено кон таксономијата и екологијата на хирономидната фауна, поради што престојувал извесно време во хидробиолошката лабораторија во Загреб и во Институтот за биолошки истражувања “Синиша Станковиќ” во Белград. Како резултат на тоа, автор е на повеќе научни трудови и учесник на повеќе научни и стручни собири. Ангеловски починал во 1999 година.
1948 Санде Стојчевски роден во с. Студена Бара, Кумановско, македонски поет, есеист, книжевен критичар и преведувач. Бил новинар, а потоа уредник во образовната редакција во Радио Скопје, уредник, главен уредник и директор на книгоиздателството „Македонска книга“ Скопје, главен уредник на списанието „Стремеж“ Прилеп и претседател на Управниот одбор на балканската книжевна манифестација „Рацинови средби“ – Велес. Работи во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје и уредник е на списанијата „Стремеж“ – Прилеп и „Акт“ – Скопје. Член е на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија.
Починале:
1980 Драган Ташковски македонски историчар и публицист. Бил учесник во НОАВМ, а по Ослободувањето вршел разни општествено политички функции: наставник и директор на Политичката школа на ЦК на СКМ, професор по социологија на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, претседател на Друштвото на филолозите и социолозите на СР Македонија, претседател на Комисијата на Извршниот комитет на Претседателството на ЦК на СКМ за идеолошко-политичко оспособување на организациите и членовите на СКМ, директор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје.
Празници:
Светски ден на мирот.
Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка.

Ден 18 април 2025

00:01:17