домаБЕШЕБеше 15 февруари 2024

Беше 15 февруари 2024

15 февруари

Настани:

1922 Во Хаг се одржа првата седница на Меѓународниот суд основан во 1920 од страна на Друштвото на народите.

1936 со закон за народни училишта се вовело осумгодишно основно училиште, кој на важел за Вардарска Бановина, тука се задржало четиригодишното школување.

1994 Министерот за надворешни работи на Австралија, сенаторот Герет Еванс, соопшти дека Австралија ја призна Република Македонија.

1995 Во Мала Речица е основан Тетовскиот парауниверзитет.

2001 Заедничката дипломатско-експертска комисија за утврдување и опис на државната граница меѓу Репубилка Македонија и СР Југославија ја заврши својата четиригодишна работа.

Родени:

1839 Во Велес е роден Рајко Жинзифов, македонски писател, преродбеник и публицист. Во своите песни го опеа славното и тешко минато на македонскиот народ. Најпознато негово дело е поемата “Крвава кошула”. Умре во Москва, на 15 февруари 1877 година.

1912 Во селото Чука, Костурско, е роден Паскал Митревски, учесник во НОВ против фашизмот и во Граѓанската војна во Грција. Умре во Скопје, на 10 февруари 1978 година.

1950 Благоја Георгиевски-Буштур-Кошаркар, долгогодишен член на КК„Работнички“од Скопје. За својот Работнички одиграл повеќе од 600 натпревари, за младинската репрезентација на Југославија одиграл 60 натпревари за сениорската репрезентација на Југославија одиграл 129 натпревари, учествувал на 7 балкански првенства, на две медитерански игри, на 2 олимписки игри. Од сите нив носител е на златни, 2 сребрени и еден бронзен мадал.

1957 Азис Положани македонски политичар. Од 1998 до 2002 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Автор е и соавтор на повеќе од двесте научни и професионални студии од областа на медицината. Функцијата Министер за образование и наука ја извршувал од 1 ноември 2002 до 6 јули 2006 година.

1962 Иван Стоилковиќ македонски политичар роден во српско семејство во Куманово. Пред да стане професионален политичар 1992-2002, бил основач и директор на приватното градежно претпријатие, “LAMAX CO”, Куманово .

Починале:

1877 Во Велес е роден Рајко Жинзифов, македонски писател, преродбеник и публицист. Умре во Москва, на 15 февруари 1877 година.

1923 Иван Мазов македонски раскажувач. Работел како театарски критичар во весникот „Нова Македонија“. Член на ДПМ од 1972 година. Автор е на книгите: Додека топовите пукаат (раскази, 1958), По трагите на Евлија Челебија (патописна проза, 1978), а неговите Избрани дела во шест книги се објавени во 1982 година. Добитник на наградите: „Мито Хаџивасилев – Јасмин“, „Крсте Мисирков“.

1967 Симеон Радев истакнат македонски новинар и виден публицист, историчар и дипломат во Бугарија. Бил близок до Централниот комитет на Македонската револуционерна организација и Македонскиот комитет на Борис Сарафов, во Женева го издава (француски јазик) весникот “L’ Effort” (1900 — 1901), а по дипломирањето во Париз го редактира весникот „Le Mouvement Macedonien” (Македонско движење) (1902 — 1903). Роден е во Ресен. Бил истакнат член на Македонскиот научен институт. Умира во Софија во 1967.

1984 Во Скопје почина акдемик Харалампие Поленаковиќ, еден од основоположниците на историјата на македонската литература, истакнат македонски научен и културен работник, долгогодишен редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје и еден од првите членови на Македонската акедемија на науките и уметностите. Тој е автор на голем број трудови од областа на македонската уметничка и народна литература, како и од областа на другите словенски народи. Неговиот научен опус опфаќа повеќе од 1.000 библиографски единици. Роден е во Гостивар, на 30 јануари 1909 година

1994 Во Скопје умре Љубомир Белогаски, академски сликар, графичар и педагог, еден од основоположниците на македонското современо сликарство. Роден е во Делчево, на 15 април 1911 година.

2018 По тешко боледување почина Абдилаќим Адеми, кој извршуваше и високи државни функции. Од 2008 година Адеми беше вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор, од 2011 до 2014 година беше министер за животна средина и просторно планирање, а од 2014 до 2016 година ја извршуваше функцијата министер за образование и наука. Од 2002 до 2006 беше пратеник во Собранието на Република Македонија. Адеми беше оженет и татко на еден син. Роден е на 20 декември 1969 година во тетовското село Шемшево.

Ден 18 април 2025

00:01:17