домаБЕШЕБеше 15 декември 2023

Беше 15 декември 2023

15 декември
Беше тоа на 15 Декември 1025 кога почина Василиј II Порфирогенит, римски цар од Македонската династија. Оставил империја која се протегала од ерменските планини до Јадран и од Еуфрат до Дунав. Смртта на Василиј II претставува пресвртница во римската историја. Почнува времето на епигони кога Империјата, спрема надворешниот свет, живее од славата на претходната епоха, а во својот внатрешен развиток потпаѓа под силите на феудалната дезинтрегација.
Беше тоа на 15 Декември 1901 кога во с. Д’мбени, Костурско, е роден Атанас Близнаков, општественик и публицист. Атанас во 1920 емигрирал и извесен период живеел во САД каде членувал во Македоно-американскиот народен сојуз. Таму станува и еден од основачите на друштвата „Александар Македонски“ и „Лазар Поп Трајков”. Атанас исто така е и главен иницијатор за изградба на првата македонска православна црква во САД, „Свети Кирил и Методиј во Гери, Индијана. Бил претседател на Болничкиот комитет во Гери за собирање парични средства за изградба на Државната болница во Скопје. Во 1976 година се враќа во Македонија. Во 1977 година заедно со сопругата Славка ја основал фондацијата на негово име при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со цел да се стипендираат талентирани студенти. Почина на 10 јули 1998, Скопје

Беше тоа на 15 Декември 1910 Во селото Горно Борди, Серско, е роден Михаил Сматракалев (познат под псевдонимот како Ангел Жаров), македонски револуционер, публицист и писател, еден од основачите на Македонскиот литературен кружок во Софија (1938 – 1941), од 1992 година почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Во 1935 година од печат излезе неговата прва и единствена објавена поетска книга на македонска тема „Бура над родината“. Автор е и на делата „Македонскиот литературен кружок“, „Модрите широчини на татковината“ и „На македонски теми“. Умре во Софија, на 16 април 1998 година.
Беше тоа на 15 Декември 1944 Во Скопје почна Првата национална конференција на Антифашистичкиот фронт на жените на Македонија. Конференцијата ја отвори Мара Нацева, а политички реферат поднесе Веселинка Малинска. Притоа е избран Главен одбор на АФЖ на Македонија, а за претседател е избрана Васка Циривири.
Беше тоа на 15 Декември 1945 Во селото Нестрам, Костурско, грчките власти изведоа пред суд 61 Македонец, бидејќи своите деца ги учеа да пишуваат и да читаат на свој мајчин македонски јазик.
Беше тоа на 15 Декември 1945 Симфонискиот оркестар на денешната Македонска филхармонија го оддржал својот прв симфониски концерт.
Беше тоа на 15 Декември 1946 Во Скопје започнале првите предавања на Филозофскиот факултет — наследник на стариот скопски филозофски факултет (во склоп на Белградскиот) и прв факултет при Универзитетот во Скопје, денес „Св. Кирил и Методиј“.
Беше тоа на 15 Декември 1991 Во Скопје, во Гранд хотел „Скопје“, за првпат се одржа манифестацијата за избор на најубава Ромка во Република Македонија. Титулата најубава ја понесе Лиза Јашарова.
Беше тоа на 15 Декември 1999 Борис Трајковски ја презел должноста Претседател на Република Македонија.
Беше тоа на 15 Декември 2004 Гого Ивановски роден во Скопје на 18 јануари 1925, македонски поет и раскажувач. Работел како новинар во Радио Скопје, потоа како уредник во Македонската телевизија. Учествувал во уредувањето на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ и книжевниот весник „Хоризонт“. Од 1946 г. членувал во Друштвото на писателите на Македонија. Починал во Скопје.
Беше тоа на 15 Декември 2016 пуштени се во оптек книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари, а повлечени банкнотите од 5.000 денари. Постоечката апоенска структура на книжните пари што се во оптек од 8 септември 1996 година нема претрпено промени и воведувањето на овие два нови апоена претставува прва промена.

Ден 18 април 2025

00:01:17