домаБЕШЕБЕШЕ - 14 НОЕМВРИ 2023 ГОДИНА

БЕШЕ – 14 НОЕМВРИ 2023 ГОДИНА

14 ноември

На 14 Ноември 565г. починал Јустинијан I византиски владетел од Македонија, цар на Источното Римско Царство (527 — 565 година), христијанин и православен теолог. Познат е по проширувањето на царството, првенствено со воените походи на Велизариј, како и по неговиот брак со царицата Теодора, која била сметана за негов корегент. Изградил голем број храмови, од кои најубав е Света Софија во Цариград. Ги собрал и ги спроведувал римските закони. Самиот издавал многу строги закони против неморал и распуштеност. Ја составил црковната песна „Јединородни Сине и Слове Божји“, којашто од 536 година почнала да се пее на литургија. Поради неговите заслуги за развојот на црквата и ширењето на верата, светиот цар Јустинијан се смета за светец во христијанството.

На 14 Ноември 1884 во Кривогаштани, роден е Милан Христов Ѓурулков. Добива прогимназиско образование во Прилеп и учителствува една година во своето родно село. За време на Илинденското востание е пунктовен началник во родниот крај. Со четата од 80 лица е под директна команда на Питу Гули, со која учествува во борбата за „Црниот врв“. По задушувањето на востанието Ѓурлуков останува во четата на Толе паша, а подоцна е уапсен и осуден на четири месеци затвор во Битола.

Беше тоа на 14 Ноември 1897 кога една разбојничка чета, составена од 26 луѓе и водена од Коте Голчев од Берово минува од Бугарија и располагајќи со јатаци во Виница, влегува по полноќ во селото, го убива месниот богат Турчин Ќазим-ага и еден полјак и крадат од неговиот дом околу 800 лири. По убиството четата ја мина границата и се скри во Бугарија. Полјакот беше работник на Организацијата. И, токму тоа убиство стана причина да се расплете и развие страшната Виничка афера. Другиот ден кочанскиот кајмакам се појавува со стражари и војска во Виница, ги подложува селаните на ќотек и ги откри соучесниците на бандата, осум души, меѓу нив и раководителот на комитетот, Георги Иванов, син на виничкиот кмет.

14 Ноември е ден на ослободувањето на Ѓорче Петров.

Беше тоа на 14 Ноември 1944 кога група македонски артисти организирани во полупрофесионалниот ансамбл „Кочо Рацин“ во Битола, на македонски јазик ја одиграле едночинката „Ѓоре Магаревски“, од современиот македонски писател Владо Малески. Со тоа било означено раѓањето на Народниот театар во Битола и раѓањето на драмската уметност во Македонија.

На 14 Ноември 1944 загинал Бошко Петров Чакалов македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. По ослободувањето на Скопје, заминал кон Ѓорче Петров, каде во непосредна близина биле концентрирани бројни балистички банди, со цел да извршат напад на Скопје. Во оваа борба против албанските балисти, храбро загинал кај селото Сарај. Неговите останки биле закопани на скопските гробишта.

Беше тоа на 14 Ноември 1944 кога загинал Ванчо Димков Хаџипанзов македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ, храбро загинал во борбата против концентрирањето на балистички сили во близина на Глумово. Посмртните останки му биле закопани на заедничките партизански гробишта, кај селото Глумово.

Беше тоа на 14 Ноември 1946 кога во Скопје е роден Денко Малески, македонски политички аналитичар и редовен професор на Правниот факултет во Скопје, предава меѓународна политика и право, како и современи политички системи. Во 1985 година е избран за декан на Интердисциплинарните студии по новинарство. Од 1991 до 1993 година, бил министер за надовршени работи на Македонија, а од 1993 до 1997 година постојан претставник на нашата земја во Обединетите нации.

Беше тоа на 14 Ноември 2001 кога пет републики наследнички на СФРЈ се договорија за наследство од 74,5 милиони долари монетарно злато. Првиот дел од останатиот имот на поранешната заедничка држава е проценет на околу две милијарди долари.

Ден 18 април 2025

00:01:17