14 февруари
Настани:
1996 Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Бангладеш.
2001 Во Скопје, во населбата Тафталиџе, е отворена Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мала Богородица“ на „Систина медикал“, прва приватна гинеколошка болница во Република Македонија.
Родени:
1877 Дамјан Касапов македонски револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринско револуционерна организација. Во Илинденското востание бил војвода на чета која броела 26 комити и земал учество во ослободувањето на неговото родно село. При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година бил доброволец во македонско-одринските доброволни чети и служел во Штабот на I бригада. Во Првата светска војна бил подофицер во 11. дивизија.
1904 Вангел Коџоман македонски ликовен уметник, академик и еден од основоположниците на македонската современа уметност. Името и ликовното дело на Вангел Коџоман е вградено во темелите на модерната уметност во Македонија. Личниот придонес на Коџоман, изграден врз искуствата на постимпресионзмот, фовистичките и експресионистичките искуства во ликовната уметност, едновремено настојувал во својата постапка да ги вклучи сталожените искуства на модерната уметност. Неговото дело е од големо значење особено поради тоа што се смета за еден од основачите на Средното уметничко училиште во Скопје, Друштвото на ликовните уметници на Македонија и како учесник во народно-ослободителната и антифашистичката војна на територијата на Македонија.
1971 Томи Стефановски роден во Скопје, македонски пливач во далечинско (маратонско) пливање. Светски првак во маратонско пливање за 2016 година. Томи Стефановски добил заслужено место во Куќата на славните во овој спорт, и тоа како прв пливач од Македонија. Свечената церемонија на приемот на новите членови се одржала на 4 ноември 2016 година во Сан Педро, Калифорнија, (САД). Исто така, како признание на остварените успеси, во 2016 година Стефановски ја добил наградата „13 Ноември“, која ја доделува Сојузот на спортови на град Скопје.
Починале:
869 Во Рим починал Константин, познат под името Кирил Солунски, еден од творците на првата словенска азбука. Тој и неговиот постар брат Методиј, двајцата родени во Солун, преведуваа библиски текстови и книги од грчки јазик на дијалектот на солунските Македонци. Творците на првата словенска азбука, Кирил и Методиј, водеа жестока борба против застапниците на тезата дека постојат само три “светски јазици” кои можат да се употребуваат при вршење на верските обреди: хебрејскиот, грчкиот и латинскиот. Роден е во 826 (827) година.
1908 Марко Бошнаков, гемиџијата –револуционер. Марко Бошнаков најмува дуќан во близина на Отоманската банка, од кој е ископан подземен тунел до банката и потоа сo динамит е крената во воздух. Бошнаков од специјалниот воен суд е осуден на смрт, заедно со Павел Шатев, Милан Арсов и Георги Богданов, за потоа пресудата им биде преиначена во доживотен затвор, испратени на отслужување во Мурзук, либиската провинција Фезан. Главата на Бошнаков е донесена во Охрид и е предадена на неговото семејство, а потоа сместена во украсно дрвено ковчеже и погребана на гробиштата во црквата „Св. Богородица Перивлепта“, а оттаму е положена во црквата „Св. Никола Болнички“, во заедничка гробница со останатите мошти.
1943 Во селото Русиново починал Никола Петров Русински, еден од истакнатите личности на националната историја на македонскиот народ, социјалист и револуционер, близок соработник на Гоце Делчев, Васил Главинов и на други истакнати македонски револуционери. Автор е на книгата “Прилог кон историјата на Внатрешната македонско одринска револуционерна организација”. Роден е во селото Русиново, на 21 ноември 1875 година.
1977 Во Рогошка Слатина, во Словенија, несреќно го загуби животот Иван (Диме) Мазов – Климе, македонски писател, револуционер, борец во НОВ на Македонија, театарски критичар и новинар. Познати се неговите прозни дела „Додека топовите пукаат“ и „По трагите на Евлија Челебија“. Роден е во Кавадарци, на 7 јануари 1923 година.
2015 Во Кавадарци почина македонскиот ликовен уметник Ристо Соколов Сокол. Заврши средно уметничко училиште и Факултет за ликовни уметности во Скопје, отсек графика во класата на проф. Димитар Малиданов и графички дизајн во класата на проф. Костадин Танчев Динка. Последната негова изложба насловена како „Ретро Арт – Нови моменти“ (12 декември 2014
2015 почина директорот на Државниот архив на Република Македонија, Зоран Тодоровски. Работел во Републичкиот комитет за култура 1975-1990 година како советник за споменици на културата и музејска дејност и во Институтот за национална историја во Одделението за историја на македонскиот народ (1913-1941), како асистент, научен соработник, виш научен соработник и научен советник (1990-2003). Тодоровски во ИНИ бил професор по предметот „Историја на Македонија 1913-1941 година“. Автор е на бројни публикувани историски трудови и зборници на документи. Тој беше претседател на научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“. Роден е на 3 март 1950 година во Скопје.
