14 септември
Настани:
Родени:
1918 Во Прилеп е роден Димко Кепески, еден од основачите на Клиниката за ортопедски болести во Скопје. Умре во Скопје, на 27 ноември 1996 година.
1928 Во Прилеп е роден Димитар Гешоски, еден од најпознатите македонски артисти. Во својата богата артистичка дејност оствари над стотина театарски, телевизиски и филмски ликови. Умрел во Скопје, на 29 октомври 1989 година.
1935 Олга Милосавлева е родена во Тетово. Ѝ припаѓа на првата балетска генерација во современа Македонија. Била член на Балетот при МНТ (1949-1976). Имала изразит танцов темперамент, сценски шарм и смисла за драматуршко оформување на улогата. Со кореографија почнала да се занимава од 1958 година. Таа е една од најплодните македонски кореографи. Најмногу работела врз домашното музичко-балетско творештво со национален, современ и модерен израз.
1942 Боро Пејчинов е роден во егејското село Баница во близина на Лерин. За време на граѓанската војна во Грција ја напушта земјата како дете бегалец и се населува во СР Македонија. Во 1961 година се запишува на архитектонскиот факултет во Скопје. Од 1967 до 1969 година работи како карикатурист-илустратор и новинар за магазинот „Журнал“, а од 1970 година во редакцијата „Остен“ како карикатурист. Во 1972 година заминува на студиски престој во Загреб филм во „Загрепската школа за анимиран филм“, под менторство на Душан Вукотиќ. Во периодот од 1964 до 1977 година е хонорарен соработник во РТВ Скопје. Од 1977 година работи во продуцентската куќа Вардар филм, во студиото за анимиран филм, најпрво како карикатурист и илустратор, а потоа режисер, сценарист и сценограф на анимирани филмови. Освен на анимирани работи и на рекламни филмови, а се занимава и со графички дизајн. За својата работа е добитник на повеќе награди и признанија. Починал 2011.
1959 Трајче Кацаров е роден во Штип на 14 септември 1959 година. Завршил Академија за филм и театар во Софија, Бугарија. Работи како драматург во Народниот театар во Штип. Во 1993 година го основа Списанието за уметност ,,СУМ. Член е на ДПМ од 1991 година. Автор е на книгите: Во подмишките на будилникот (поезија, 1986), Го следите ли Хорхе (поезија, 1991), Дискретниот шарм на Кус де Ру (поезија, 1993), Да не беше дождот (драма, 1993), Сулиндари (пиеса за деца, 1995), Цартаровата чичитра (раскази, 1996), Фалцот на змијата (комедија, 1996), Ректајмот на господинот Налче (поезија, 1997), Времето во театарот (есеи, 1997), Ети ја спасува Тера (проза за деца, 1997), Дневникот на Омир (проза, 1999), Ноќта во која светилката не треба да згасне (три драми, 1999), Времето на моментот (театрски есеи, 2001), Белиот слон (есеи, 2003) Емигрантот Цвик (поезија, 2003), Гард (драмска пиеса, 2003), Чалик Чамак (избор пиеси) Татко и отец (роман во раскази, 2008), АКО (поема, 2011), Другото е помалку важно (избор пиеси за деца, 2011), Форма на молкот (поезија, 2011), Ојле брада во животинска балада (2013), Единство на лицата (тетарски есеи, 2013), Двонасочна релација театар-публика (театаролошка студија, 2013). Неговите дела се преведени и на неколку јазици (Англиски, руски, украински, албански, бугарски, српски, хрватски и словенски),a неговите татарски пиеси се одиграни низ поевеќе театри во регеионот и пошироко. Добитник е на повеќе награди од областа на литаратурата: Татко и отец 2009 г. добитник на наградата ,,Кочо Рацин. За пиесите На клупата и Шешири добитник е на нагадата ,,Мајстори на прозата. За збриката од поезија Формата на молкот добитник е на наградата ,,Јован Котевски. За поемата ,,АКO добитник е на наградата ,,Глигор Прличев. Во 2004 г. Кацаров е прогласен за личност на годината во Општина Штип и истата таа година добива признание ,,Деец во културата. Во 2009 г. Општина Штип му доделува 8-мо Ноемврско признание. Колумнист е во неколку весници: Нова Македонија, Утрински и Штипски глас.
Починале:
1924 Во познатите септемвриски горно-џумајски колежи е убиен Арсениј Јовков, македонски револуционаер и публицист. Своите духовни сили ги посвети на повеќе области во културата, меѓу кои најмногу на журналистиката. Учествуваше во Илинденското востание. Тој е првиот македонски филмски сценарист, според чие сценарио е снимен документарниот филм „Македонија на филм“ во 1923 година. Роден е во селото Селци, Струшко на 25 март 1184г.
1942 загинал Борка Велески Горанов , македонски национален деец, учесник во НОБ и народен херој од НОАВМ. Во 1938 година, како синдикален активист бил организатор на едномесечен штрајк на монополските и на занаетчиските работници во Прилеп. За време на Втората светска војна, како член на КПЈ бил еден од организаторите на НОАВМ во Прилепско и командир на чета на НОПО “Димитар Влахов“.
1971 Во Скопје умре Томо Владимириски, македонски академски сликар и сценограф. Во сликарството мотиви му се луѓето, историјата и пејзажите на Македонија. Роден е во Скопје, на 26 август 1904 година
1996 Пеце Атанасовски е роден 1925 во селото Долнени. Неговите први музички настапи започнале на Радио Скопје во 1946 година, како и во ансамблот „Танец“ во 1950 година. Во 1973 година го основал и бил директор на Долненскиот фестивал. Како светски признат народен инструменталист држел часови на повеќе универзитети низ светот, меѓу кои и во Лос Анџелес и Токио. Атанасовски бил носител на 19 меѓународни награди на светските фестивали во Ланголен, Англија, Брно, Чешка итн. Во конкуренција на 1.800 гајдаџии од целиот свет, тој го освоил првото место и наградата „Златна гајда“ на фестивалот во Ериче, Италија во 1968 година. Во текот на својата кариера, Атанасовски собрал фолклорна збирка од околу 20.000 народни песни и ора. Освен нив, компонирал и новосоздадени фолклорни песни, меѓу кои се издвојуваат „Ајде чудо, чудо“ и „Като, Като, Катерино“. Долненскиот фестивал по смртта на Пеце Атанасовски бил именуван во негова чест и го добил името Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Споменици во негова чест се подигнати во родното село Долнени и во Прилеп.
2005.- Во Скопје почина најуспешната македонска падобранка во женска конкуренција Нада Ицева Салџиева. Таа има изведено преку илјада падобрански скокови и беше членка на женската падобранска репрезентација на Југославија. Победник е на повеќе меѓународни падобрански купови и е републички рекордер во женска конкуренција во сите падобрански дисциплини. Добитник е на највисокото признание на ФАИ Меѓународна воздухопловна федерација „Златна мечка со три дијаманти“. Македонскиот Олимписки Комитет во 1998 година, кога го изведе својот последен скок ја прогласи за Македонски спортски великан. Родена е во 1934 година во село Павлешенци, Свети Николе
2009 Ристо Давчевски е роден е во с. Долни Дисан, Неготинско на 6 март 1935 година. Работел како уредник во Македонското радио. Член на ДПМ од 1971 година. Автор е на книгите: Дождовни капки (поезија за деца, 1964), Далечна прошетка (раскази за деца, 1965), Дремко и Спанко (едночинки, 1970), Бескрајна приказна (раскази, 1972), Мустаќите на генералот Рококајко (комедија, 1972), Сказна за притвореното чудовиште (повест, 1973), Граѓаните од Јадиград (приказни, 1980), Поход на сончогледите (едночинки, 1985), Важно е другите што ќе речат (басни, 1985), Собир на враните (басни, 1988), Волшебна сликовница (сказна, 1989), Изедени прогнози (поезија, 1990), Раните на љубовта (роман, 1991), Која е добрата мајка (роман, 1992), Внукот на Итар Пејо (роман, 1993), Старецот со дамкаво лице (роман, 1994), Дворец на опачини (драмска трилогија, 1995), Мачори на панаѓур (радиодрами, 1995), Весела сцена (едночинки, 1995), Сонети за мама (поезија, 1996), Авантурите на дедо Мраз (сказна, 1997), Принцот Кристијан (роман, 1998), Маршот на зелените (роман, 2000). По тешко боледување починал во Скопје
2012 Драган Тумановски, Дипломирал на Правниот факултет во Скопје како најдобар студент на генерацијата за што е добитник na наградата на универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во 1997 година беше избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија. Тумановски беше непосреден учесник во изработката на повеќе закони од областа на судството, ги водеше експертизите пред Советот на Европа за Законот за судовите, за Кривичниот законик, за Законот за кривичната постапка и за Законот за парничната постапка. Има објавено преку 100 трудови во повеќе стручни списанија: „Судска ревија“, „Правник“, „Безбедност“, „Ревија за кривично право и криминологија“. Во 2005 година Тумановски беше добитник на награда на градот Струмица. Носител е на Орден на трудот со сребрен венец. Роден е на 18.11.1951 година во Струмица.
