13 декември
Беше тоа на 13 Декември 1951 кога во Битола е родена Слободанка Марковска. Дипломирала, магистрирала и докторирала на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Работела на Катедрата за основи на марксизмот на Филозофскиот факултет и во својство на асистент држела вежби на повеќе факултети во Скопје. Од 2008 година ја извршува функцијата раководител на Институтот за родови студии. Била прв претседател на Комитетот на Хелсиншкиот парламент на граѓаните, а како невладина активистка учествувала во многу проекти и меѓународни собири посветени на граѓанското општество. Била претседател на Управниот одбор на Фондацијата „Институт отворено општество – Македонија“. Марковска има објавено голем број текстови и поговори на книги, преводи, прикази, реагирања на актуелни теми; автор е на книгата „Човекот и надежта“ , соуредник е на првата антрополошка хрестоматија во Македонија „Антропологија – зборник текстови“ и соавторка на две монографии.
На 13 Декември 1961 е роден Наум Струмички сегашен митрополит на Струмичката епархија. Монашкиот подвиг го започна во мај 1987 година во манастирот Григоријат на Света Гора. Во 1991 година е замонашен во Голема схима од архимандритот Георгиј Капсанис, игумен на манастирот Григоријат. Три години подоцна, во 1993 година, е ракоположен за јероѓакон од митрополитот на Трикала, г. Алексиос од Грчката православна црква. На 15 август 1995 година од Романската православна црква е ракоположен за јеромонах. За епископ на Македонската православна црква е хиротонисан на 27 август 1995 година. На 28 август истата година од Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква е востоличен за надлежен архијереј на Струмичката епархија, како Митрополит Струмички. Во 2000 година е добитник на наградата „Архиепископот Гаврил“ за превод од грчки јазик на делото „Исихастички сведоштва“ во издание на манастирот Свети Леонтиј, с. Водоча, која ја доделува Сојузот на литературните преведувачи на Македонија за најуспешен превод на дела од духовната литература. Почесен член е на Друштвото на писатели на Р. Македонија. До денес се објавени дваесет книги со пастирски посланија, писма, беседи, интервјуа и аскетско-исихастички есеи. Со негово залагање и иницијатива од 2000 година се подготвува и се објавува православното периодично списание „Премин”.
Беше тоа на 13 Декември 1992 кога на границата меѓу Република Македонија и Албанија беа отворени три нови гранични премини.
На 13 Декември 1993 починал Јон Исаја — македонски глумец, роден во Тетово. Тој потекнува од печалбарско семејство, па годините на детството и младоста ги поминал во Романија каде ја завршил и Театарска академија во Букурешт во 1942 година. Станува член на Драмата на МНТ од 1951 па до 1964 година. Кариерата ја продолжува во Драмскиот театар во Скопје. Настапувал на филм и телевизија. Го негувал сценскиот говор и се залагал за строго психолошко обликување на ликовите.
Беше тоа на 13 Декември 2017 кога во Бразил свечено е отворена македонската амбасада, Амбасадата ја отвори македонскиот претседател Ѓорге Иванов, амбасадорот Боцевски и многу дипломати беше отоврено првото македонско претставништво во Латинска Америка.
На 13 Декември 2017 поранешниот голман на Вардар, Арпад Штербик беше прогласен за најдобар ракометар на месецот во светот во изборот на популарната интернет страница „хендбол-планет“. Во изборот гласаше жири составено од 30 новинари од 27 земји, како и посетителите на интернет страницата, а Штербик доби најмногу гласови од 32-цата номинирани ракометари.
Беше тоа на 13 Декември 2018 кога уставниот суд на Македонија на триесет и прва седница ја отфрли иницијативата за поништување на Одлуката за пристапување кон измена на Уставот, заради примена на Спогодбата Димитров-Коѕиас за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, донесена од Собранието на седницата одржана на 19 октомври 2018 година. Шест од девет уставни судии гласаа за отфрлање на иницијативата поднесена од Светскиот Македонски Конгрес и адвокатот Томе Тодоровски од Свети Николе.
