домаБЕШЕБеше 12 09 2023

Беше 12 09 2023

12 септември
Настани:
1885 Србија и објавила војна на Бугарија во која учествувала доброволна чета на Димитар Беровски и Иљо Маљешевски, во битката кај Долна Љубата –Босилеград.
1916 на Kајмакчалан се воделе најжестоките борби на Солунскиот фронт во Првата светска војна. Загинале над 4.600 војници од српската и околу 3.200 војници од бугарската, а голем број од нив биле Македонци кои биле ангажирани како српски или како бугарски војници.
1941 Во Населба Илинден (тогаш Белимбегово) во приватна куќа за прв пат е отворено основно училиште а учител бил Ѓероги В’члов од Бугарија.
1944 Во Војница, Велешко, беше формирана Дванаесеттата македонска НО бригада (Скопска). Во почетокот броеше 450 борци од Скопје и Скопско, а подоцна и се приклучи и Скопскиот НОП одред со 370 борци. Раководители: командант Трајко Стојковски-Бузо, политички комесар Методија Котевски-Слободан.
1954 Во Скопје е отворено првото Уролошко одделение под раководство на д-р Сотир Ставридис. Првата уролошка амбуланта е формирана во 1947 година во рамките на Медицинскиот факултет.
1994 „Пред дождот“ го освои Златниот лав во Венеција и уште 9 други награди на истиот фестивал. “Њујорк тајмс” го вклучи филмот “Пред дождот” во листата 1.000 Најдобри филмови во историјата. Потоа нанижа триесетина награди на светската фестивалска мапа, а филмот освои и номинација за Оскар во категоријата најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, станувајќи најнаградуван филм во историјата на македонската кинематографија.
Родени:
1912 Tодор Арсов во Виница) македонски партизан, партиски и воен раководител во НОВ. Априлската војна (1941 година) го затекнала на отслужување на воениот рок во авто-единица во Охрид, а по брзиот слом на кралската војска се вратил во Штип и станал член на обновениот МК на КПЈ (јуни 1941 година). Како истакнат организатор на НОВ, бил назначен за политички комесар на штабот на Четвртата оперативна зона на НОВ и ПОМ. Загинал во судир со бугарската војска и полиција како политички комесар на Вториот плачковички (штипски) НОПО „Гоце Делчев“. Во знак на сеќавање во Штип е откриена спомен биста и спомен плоча. Неговата куќа е ставена под заштита на Законот за културно наследство.
Починале:
1942 Во месноста Долец, во Болнската Планина во нерамномерна борба против бугарската војска и полиција не сакајќи живи да паднат во рацете на окупаторот, сами си го одзедоа животот Стефан Наумов-Стив и Димитар Богоевски-Мите, народни херои на Македонија. Потоа, бугарската војска ги изложила нивните тела во селото Болно за да ги распознаат роднините на Мите, при што, двете тела биле фотографирани од страна на бугарската војска. Потоа, двајцата биле закопани во близина на местото каде што загинале, но бидејќи локалното население започнало да ги посетува гробиштата, бугарските војници ги откопале телата, ги оставиле покрај реката за да се распаднат, а потоа ги однеле во непозната насока.
1986 Во Скопје умре Драгутин Аврамовски-Гуте, истакнат македонски академски сликар и графичар. Тој е еден од првите македонски апстракни сликари и има посебен придонес за развитокот на современиот графички израз во Македонија. Се занимаваше и со сценографија и со илустрација. Роден е во Куманово, на 11 март 1931 година.
1996 На островот Зларин, кај Шибеник, во Хрватска, умре Тома Прошев, македонски композитор, еден од најнадарените македонски музички творци од втората половина на 20. век. Основач е на Ансамблот за современа музика „Света Софија“. Напиша 11 симфонии, неколку концерти за виолини и оркестар, за виолончело и оркестар и други дела. Роден е во Скопје, на 10 ноември 1931 година.

Ден 18 април 2025

00:01:17