домаБЕШЕБЕШЕ - 11 НОЕМВРИ 2023 ГОДИНА

БЕШЕ – 11 НОЕМВРИ 2023 ГОДИНА

11 ноември

Настани:

На 11-от ден, 11-от месец, во 11 часот во 1918 година, заврши Првата светска војна.

Беше тоа на 11 Ноември 1934 кога е отворен првиот скијачко –планинарски дом Попова Шапка

На 11 Ноември 1943 во селото Сливово, Охридско, формирана е Првата македонско-косовска ударна бригада. Таа била формирана од баталјонот „Мирче Ацев“, Кичевскиот баталјон, Првиот косовски баталјон „Рамиз Садику“, Вториот косовски баталјон „Борис Вукмировиќ“ и од четата на придружните баталјони на Главниот штаб на Македонија. При формирањето, бригадата имала 700 борци и го добила називот ударна.

Беше тоа на 11 Ноември 1943 кога во селото Винени, Леринско, Егејски дел на Македонија, е формиран НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИОТ БАТАЛЈОН „СТИВ НАУМОВ“. Бил формиран од делови на Битолскиот партизански одред “Гоце Делчев” и Партизанскиот одред “Даме Груев”. Штабот на баталјонот при формирањето бил составен од: командант и заменик-командант Васко Карангелевски, политички-комесар Ѓоре Велковски-Коста, заменик-политички комесар Илија Спировски-Панде.

На 11 Ноември 1944 Ослободено е Куманово.

Беше тоа на 11 Ноември 1944 кога во центарот на Гостивар албанските балисти стрелале шестмина македонски приврзаници на народно-ослободителното движење: Киро Ристовски – Дрнц, Васил Пејчиновски, Баренко Георгиевски, Изре Зафировски, Сократ Павловски и Павле Петрески.

На 11 Ноември 1944 борците на 42та дивизија се приближиле кон Каршијак и почнале со напади на надворешната германска одбрана на Скопје. Третата македонска ударна бригада со главните сили напаѓала преку селото Сопиште на Кисела Вода, а другиот баталјон во реонот на Лисиче. Дванаесеттата бригада со главните сили напаѓала на Крстовар, еден баталјон напаѓал на Бел Камен и со тоа до доцна вечерта македонските партизани успеале да завладеат целата линија Лисиче-Кисела Вода-Крстовар-Бел Камен. 50та дивизија и 8та бригада на 42та дивизија, истиот ден извршиле напад на реката Пчиња, го зазеле Катланово, каде Германците успеале да го срушат мостот на реката. Македонските партизани до ноќта пробиле до селата Петровец – Катланово, спремни да го продолжат ослободителниот марш кон градот Скопје.

Беше тоа на 11 Ноември 1963 кога во Скопје излегол првиот број на дневниот весник „Вечер“.

На 11 Ноември 1990 Во Социјалистичка Република Македонија се одржале првите слободни повеќепартиски избори.

Беше тоа на 11 Ноември 1995 кога во Брисел, шеснаесетте земји членки на НАТО му дадоа „зелено светло“ на предлогот на Политичкиот комитет Република Македонија да биде 27 потписничка на програмата „Партнерство за мир“.

На 11 Ноември 1998 Во Скопје, во црквата „Света Петка“ е отворена првата црковна народна кујна.

Беше тоа на 11 Ноември 1980г кога е роден Раде Врчаковски-Врчак македонски пејач, почнал да се занимава со музика откако се вратил од САД, во 1999 излегува неговата прва песна, „И повторно сам“. Наскоро излегува и првот албум, „Како да побегнам од се“. Но наскоро се откажува од музиката сакајќи да се посвети на медицинскиот факултет. 2006 ја напиша песната „Нинанајна“ со која Елена Ристевска ја претставуваше Македонија на „Евровизија 2006“ во Атина и го освои 12. место. Во 2008 пишува песна за изборот за песна на Евровизија „Во име на љубовта“, ја пее со Тамара Тодевска и Адријан Гаџа.

Беше тоа на 11 Ноември 2001г кога при обезбедување на ископувањето на масовната гробница кај Требош, Тетовско, подмолно и кукавички од заседа беа убиени тројца Бранители: ДРАГО МАНЕВСКИ (†35) од с. Марино, Скопско. БОБАН ТРПКОВ (†33) од Драчево, Скопско. ОЛИВЕР ПЕТРУШЕВСКИ (†23) од Куманово.

На 11 Ноември 2006 во Малме, Шведска, е востоличен Владиката Пимен, осми по ред член на Синодот на МПЦ, на кого му е доделена Европската епархија.

Беше тоа на 11 Ноември 1980г кога е роден Раде Врчаковски-Врчак македонски пејач, почнал да се занимава со музика откако се вратил од САД, во 1999 излегува неговата прва песна, „И повторно сам“. Наскоро излегува и првот албум, „Како да побегнам од се“. Но наскоро се откажува од музиката сакајќи да се посвети на медицинскиот факултет. 2006 ја напиша песната „Нинанајна“ со која Елена Ристевска ја претставуваше Македонија на „Евровизија 2006“ во Атина и го освои 12. место. Во 2008 пишува песна за изборот за песна на Евровизија „Во име на љубовта“, ја пее со Тамара Тодевска и Адријан Гаџа.

Беше тоа на 11 Ноември 2007 кога почина Ристо Гелевски првиот полициски генерал. Во 2001 година беше назначен за прв човек на македонската полиција, а за неговите заслуги во работењето му беше доделен чинот генерал на полиција. До последниот ден тој работеше на функцијата помошник-министер на Секторот за Европска унија при Министерството за внатрешни работи. Галевски во текот на својот работен век извршуваше повеќе значајни функции. Починува ненајдено на 50-годишна возраст во Скопје.

Ден 18 април 2025

00:01:17