11 септември
Настани:
1903 На планината Плавица, во близината на Кратово, здружените чети на војводите Славчо Ковачев и Атанас Бабата воделе еднодневна борба со турската војска.
1905 На битолскиот Ат-пазар бил јавно обесен војводата Александар Турунџиев.
1943 На патот Кичево-Охрид, баталјонот „Мирче Ацев“ урнал три моста и исекол 130 столбови, а во селото Сливово ја запалил жандармериската станица.
1943 по капитулацијата на Италија во Втората светска Војна, партизанските единици по жестоки борби го ослободуваат градот Кичево. Со тоа Кичево стана првоослободениот град во Македонија. Ова е првото ослободување на Кичево кое во наредните месеци уште неколку пати ќе биде окупирано и ослободувано
1944 Струмичкиот партизански одред ја ослободил Струмица и околните села.
1944 Ослободен бил Ресен.
1972 Во Кичево се одржаа првите Литературни средби „Курирче“. Во почетокот беа познати како „Копачки видувања“. Тоа е манифестација на македонските писатели и на младите творци од литературата и од ликовната уметност
1996 Република Македонија и Бахреин воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.
1997 Република Македонија станала полноправна членка на Централно и источноевропската регионална иницијатива за управување со воздушниот простор (ЦИЕРВИ).
2000 На привремената караула Кодра Фура на македонско-југословенската граница, кон Косово, дојде до серија инциденти во кои непознати вооружени лица пукаа кон македонските граничари
Родени:
1939 Сократ Лафазановски македонски сликар и балетски уметник. За време на Граѓанската војна во Грција со семејството пребегал во Романија. Во Букурешт завршил училиште за применета уметност – сликарство и балетско училиште, а дипломира ликовна уметност на Педагошката академија во Скопје. Покрај професионалната сликарска дејност, цели 14 години бил професионален балетски уметник во Операта во Брашов (Романија) и Македонскиот народен театар во Скопје. Како сценограф има изведено преку 25 оперски постави, оперети, класични балети и претстави за деца. Работел и како ликовен педагог. За 35 години уметничко творештво, Лафазановски има насликано околу 1200 уметнички дела изведени во масло, акварел и пастел. Од нив, 600 се наоѓаат во Скопје, 200 се подарени на установи, пријатели и љубители на убавата уметност, а останатите се во други земји: Србија, Црна Гора, Романија, Италија, Австрија, Германија, Франција, Данска, Австралија, Грција. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.
1979 Бујар Османи е роден во Скопје. Дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје во 2004 година. Дел од својата специјализација ја завршува во Лондон, Обединетото Кралство во периодот 2006-2007 година, додека од 2012 година се стекнува со звање специјалист хирург. Од 2014 е докторант на Школата за докторски студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде докторира во јули 2018 година. Од јуни 2017 година е назначен како Заменик претседател на Влада задолжен за европски прашања. Од јули 2018 година е назначен за Шеф на државната делегација и Главен преговарач со Европската Унија, под чија палка беше започнат, се водеше, и успешно беше завршен процесот на објаснувачки скрининг со Европската Унија.
Починале:
1794 Свети Анастасиј Радовишки или Свети Спасо Радовишки македонски христијански светец новомаченик. На дваесет години родителите го испратиле во Солун да учи занает. Таму го присилувале да прими ислам, но откако не се откажал од својата вера, бил измачуван, ги поднел сите страдања и одејќи кон бесилката измачениот Анастасиј паднал и ја предал својата душа на Господа. По неговата меченичка смрт, преподобниот Никодим Агиорит го напишал неговото житие. Македонската црква неговиот празник го слави на 8 август според јулијанскиот календар или 21 август според Грегоријанскиот календар.
1905 Александар Турунџев македонски војвода. Тој роден е во 1872 година во с. Горно Врбени), Леринско. Во редовите на ТМОРО се вклучил многу млад, најнапред како четник, а потоа како војвода. Станува популарен заради својата храброст и ревност кон природниот стремеж на сопствениот народ да извојува слобода со оружје во рацете. Кон крајот на 1904 година, во селото Ајтос, Леринско, бил предаден од шпионот Митре Гинков за 150 жолтици. Бил заробен и одведен во битолскиот истражен затвор. Таму бил подложен на големи измачувања и држан цела година. Турскиот суд во Битола на 29 август 1905 година го осудил на смрт, а казната била извршена со јавно бесење на битолскиот Ат-пазар, на 30 август 1905 година. Гробот на Турунџев се наоѓа на битолските гробишта Света Недела. Неговата смрт е опеана во народната песна „Црно му било пишано“.
1944 Во завршните борбени операции за ослободување на Струмица загина ВЕЛКОВСКИ АНГЕЛОВ ЉУБЕН, роден во 1922 година. Љубен, жител на тогашно Белимбегово потомок на родот Најдови, произлегувал од сиромашно селско семејство. Во 1943 година бил мобилизиран во бугарската војска. По нејзината капитулација, стапил во Отечественофронтовската армија, во 3 коњички полк, со кој заминал кон Македонија. Тогаш веќе се воделе завршните операции за целосното ослободување на Македонија. Со својата единица се борел против Германците и храбро загинал кај Струмица.
