10 декември
Беше тоа на 10 Декември 1868 кога биле поставени првите семафори во Лондон. Ноќе биле осветлувани со зелена и црвена гасна ламба.
На 10 Декември 1901 доделени се првите Нобелови награди.
Беше тоа на 10 Декември 1948 Генералното собрание на ОН ја усвоило Универзалната декларација за правата на човекот. По тој повод, овој ден се смета за Ден на човековите права.
На 10 Декември 1954 е роден Љубомир Михајловски — македонски политичар и правник. Во периодот од 17 декември 2004 до 26 август 2006 бил Министер за внатрешни работи на Република Македонија. Во периодот од 2000 до 2002 година работел како адвокат, а од 2 декември 2002 ја обавувал функцијата директор на Царинска управа. Познат под прекарот Џанго, во 2006 година бил избран за личност на годината од страна на неделникот “Форум плус”
Беше тоа на 10 Декември 1955 кога е роден Ким Мехмети, романсиер, раскажувач, есеист, полемичар, публицист и преведувач. Пишува и публикува на мајчиниот албански и на македонски јазик. Попознати негови дела се: „Седум ноќи тага”, „Начек”, „Рибата екстасис”, „Селото на проколнатите деца”, „Село без гробишта”, „Ритуалите на Нишане”, „Куќата на крајот од селото”. Неговите творби се преведени на германски, англиски, француски, турски, хрватски и други јазици. Застапен е во повеќе антологии и добитник е на значајни меѓународни награди.
На 10 Декември 1962 во Скопје умре Василие Поповиќ – Цицо, сликар, карикатурист и сценограф, еден од основоположниците на сценографијата во Македонскиот народен театар. Роден е во Скадар на 12 февруари 1914 година. Тој е дизајнер на грбот на Народна Република Македонија, врз кој во голема мера се темели и денешниот грб.
Беше тоа на 10 Декември 1979 Мајка Тереза ја доби Нобеловата награда за мир.
На 10 Декември 1998 Во Скопје е отворен постојан конзулат на Канада во Македонија.
10 Декември е Меѓународен ден на правата на човекот
