10 септември
Настани:
1925 Во Париз излезе првиот број на весникот „Македонско дело“, орган на ВМРО (Обединета). Излегуваше и во Берлин и во Виена. Главен уредник беше Владимир Поп Томов, а во редакцијата беа Димитар Влахов, Јордан Атанасов, Дино Косев, Т. Рилски и други. Ги спроведуваше идеите што беа во основата на Мајскиот манифест – борба против режимите на Бугарија, Југославија и Грција, а за независна Македонија во федерација на слободните балкански народи
1943 Албанската партизански одред „Хаџи Љеш“ и Малесиската партизанска чета на народноослободителната војска на Југославија ја разоружале италијанската дивизија „Фиренца“ во Дебар и го ослободиле градот. Запленети се поголемо количество оружје и една радиостаница.
1944 Во Софија, на заседанието на Организациониот комитет на Светскиот рударски конгрес, Националниот организационен комитет на Република Македонија ,е примен за полноправен член.
1991 Регистирано е политичкото здружение Македонски совет за европско движење со седиште во Скопје.
1994 Во селото Арачиново, Скопско е осветен камен-темелникот на новата црква „Св. Маченик Талалеј“.
2000 Во Република Македонија се одржаа вторите локални избори (по осамостојувањето) за градоначалник и за членови на општинските совети на 123 општини, односно 124 со градоначалникот и Советот на град Скопје. Родени:
1905 Алексо Демниевски – Бауман (Велес, 10 септември 1905 – Белград, 5 септември 1961) македонски комунист. Во Шпанската граѓанска војна беше командант на баталјонот “Ѓуро Ѓаковиќ”, а потоа откако беше унапреден во чин мајор стана командант на интернационалната бригада “Георги Димитров”. Во НОВ на Македонија беше командант на Петнаесеттиот македонски ударен корпус. Умрел во Белград, на 5 септември 1961 година.
1910 Во Прилеп е роден Мирче Стојанов (Димче Мире), учесник во националноослободителното движење, член на Президиумот на АСНОМ, претседател на Народното собрание на НР Македонија, еден од основачите на архивистичката служба во Македонија. Умрел во Скопје, на 4 септември 1991 година
1917 Во Скопје е роден Драган Ташковски, истакнат македонски историчар, публицист и општествено-политички работник. Умрел на Хвар, на 16 септември 1980 година.
1947 Иван Василевски е роден во с. Босилово, Струмичко. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работи како новинар во Македонското радио. Член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1991 година. Во 2008 година, ја добил наградата Ацо Шопов (награда), за Утки. За поемата “Азбукословецот”, на традиционалната манифестација “Прличеви беседи”, во февруари 2014 година, Василевски ја добил наградата “Григор Прличев”, која се доделува за најдобра поема. Починал на 28 март 2015 во Струмица.
1949 Мирослав Спироски, Србјани, Кичевско македонски новинар и публицист. Започнува со првите вести објавени на Радио Кичево (1968-1969), и набргу станува дописник на МРТВ, а повремено соработува и со „Млад Борец“, „Студентски збор“, „Просвета“, „Вечер“ и „Нова Македонија“. Од февруари 1970 година станува соработник на „Нова Македонија“, каде кариерата ја започнува во Скопската рубрика. Спироски беше член на Обединети за Македонија, член на претседателство на оваа партија и близок соработник на Љубе Бошкоски. По кратко и тешко боледување почина на 65 годишна возраст во Скопје.
1963 Вујадин Станојковиќ роден во Куманово македонски и поранешен југословенски фудбалер и тренер. Како дефанзивец настапувал 21 пат (во период помеѓу 1988 и 1992) за фудбалската репрезентација на Југославија и два настапи на Светското првенство во фудбал во 1990 година. Помеѓу 1994 и 1995 година тој настапил 7 пати за ново создадената репрезентација на Македонија. По повлекувањето од фудбалот, Вујадин Станојковиќ бил директор на ФК Македонија Ѓорче Петров. Тој исто така бил помошен тренер на македонската фудбалска репрезентација. Во 2004 бил именуван за тренер на ФК Вардар.
Починале:
1943 во селото Љубојно, Преспанско е убиен Крстин ЧУЛАКОВСКИ-Кичо, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден бил во селото Бистрица, Битолско, во 1920 година. Од почетокот на окупацијата во април 1941 бил меѓу најактивните членови на антиокупаторското движење. Бил во Партизанскиот одред „Гоце Делчев“ од неговото формирање на 20 мај 1943 г., и тука заедно со Фана Кочовска, бил одговорен за санитетскиот оддел на првата чета. Во август 1943 г. станал член на Околискиот комитет на КПМ во Битола. Загинал во судир на Партизанскиот одред „Гоце Делчев“ со германската војска во времето на разоружување на италијанскиот граничен гарнизон.
1944 Данаил Василев Крапчев македонски новинар, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација. Роден е во Прилеп 1906 започнал со новинарската активност во неделното списание „Македонско-одрински преглед“, по што станува нелегален четник на Организација. Во 1907 година заедно со Пејо Јаворов и Васил Пасков го редактирал весникот „Илинден“ во Софија. Следната 1908 година го уредува истовремено весникот „Татковина“ и весникот „Роднина“ во Солун. Во периодот меѓу 1909-1912 го издавал весникот „Вардар“ во Софија и последователно го преименувал на други реки “Места”, “Струма”, “Марица”, “Брегалница”. Во 1919 година создаал независен информативен весник “Зора”, на кој е директор до крајот на својот живот. Член е и еден од основачите на Македонскиот научен институт. Во 1928 година е во раководството на Сојузот на македонските младински организации. По превратот од 19 мај 1934 година поради своите демократските позиции е протеран во Карлово. Починал при неразјаснети околности на 10 септември истата година во полициската станица на Горна Џумаја.
1953 Антон Лазов Јанев македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета.
1988 Александар Гаревски роден во Гостивар. Бил учесник во НОБ, делегат на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година. Дипломирал на Техничкиот факултет во Белград. По Втората светска војна бил заменик-министер за градежништво на Македонија, по што успешно завршил одговорна задача во „Хидроелектропроект“ реализација на ХС „Маврово“. На Техничкиот факултет во Скопје работел од основањето. Одиграл пионерска улога во развојот на хидротехниката во СР Македонија, водејќи ја реализацијата на значајни хидротехнички објекти. Бил проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од 1965 до 1967 година. Од 1965 до пензионирањето во 1979 бил редовен професор на Градежниот факултет во Скопје по предметите хидраулика, хидрологија, речна хидротехника и водни патишта. Бил еден од доајените на хидротехниката во Македонија
1989 Јордан Ѓорѓевски роден во Тетово. Основно училиште завршил во Тетово, а Земјоделско-шумарски факултет во Земун – Србија во 1934 година. Работел во опитните станици во Сараево, Топчидер – Белград и во Скопје. Специјализирал една година во Грција за селекција на памукот. Во 1948 година доаѓа на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, како предавач по индустриски култури, каде и се пензионирал како професор. Учествувал во работата на повеќе тела и комисии. Објавил повеќе научни и стручни трудови од областа на индустриските култури, посебно за памукот. Автор е и на учебникот по индустриски култури
2011 Почина познатиот македонски писател Бранко Пендовски. Драмскиот писател Бранко Пендовски како раскажувач и романсиер зад себе остави опус кој има свое место во развојните процеси на современата македонска литература. Долги години беше главен уредник и директор на издавачката куќа “Култура”, а извесен период и уредник на книгоиздателството “Кочо Рацин”. Учествувал и во уредувањето на литературното списание “Разгледи”. Еден мандат беше претседател на Друштвото на писателите на Македонија.Автор е на повеќе збиркиски разкази, романи драми и др.
2013 На 93-годишна возраст во Охрид почина Вангел Деребан, еден од најпознатите македонски кујунџии. Деребан е роден во 1920 година во Струга од каде ја продолжува неколкувековната семејна кујунџиска традиција и го развива охридското филигранство. За Вангел Деребан се презентирани информации и репортажи од многу домашни и странски новинари и публицисти. Тој е многу често застапуван во проспектите и други публикации за промоција на Охрид и Македонија. Добитник е и на престижната Св. Климентова награда во Охрид.
