домаБЕШЕБеше 1 февруари 2024

Беше 1 февруари 2024

1 февруари

Настани:

1944 Во близина на селото Мрежичко (мариовско) Втората македонска народноослободителна урадна бригада во текот на целиот ден води борба против бугарската гранична единица. Непријателот има 14 метви војници, 3 ранети и тројца исчезнати војници.

1945 Во велешката гимназија „Кочо Рацин“ првпат во слободна Македонија почна наставата на мајчин македонски јазик. Гимназијата е основана во 1857 година и е најстара гимназија во Македонија.

1994 Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Финска на ниво на амбасади.

1996 Советот за безбедност на ООН го прифати предлогот на генералниот секретар на ООН од овој датум силите за превентивно распоредување на ООН (УНПРЕДЕП), да останат целосно независна операција во Република Македонија.

Родени:

1834 Во Охрид е роден Кузман Шапкарев, еден од најзначајните собирачи, публикувачи, афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари. Ги објави делата “Зборник на народни умотворенија, наука и книжнина”, “Материјали за животописот на браќата Миладиновци Димитрија и Константин”, како и осум учебници што ги напиша за потребите на училиштата на Македонија. Умре во Софија, на 18 март 1909 година.

1872 Во селото Лактиње, Охридско, е роден Смиле Војданов, македонски револуционер, учител и војвода. Учесник е во Илинденското востание во својство како војвода во Дебарско и Охридско. Тој е првиот македонски лобист на просторот на цела Северна Америка, залагајќи се за македонска држава. Умре во Понтијак, САД, на 4 март 1958 година

1878 Атанас Даскалов – Таската Серски македонски револуционер, серски околиски војвода на ВМОРО. Работи како учител во село Шугово, Серско. Комита е во четата на Јане Сандански и близок соработник на Гоце Делчев, кај кого бил комита во 1902 година. Учесвува во Младотурската револуција и станува активист на Народната федеративна партија – во 1910 г. е избран за член на Централното раководство на партијата. Во Балканската војна е војвода на чета на Македоно-одринското ополчение, а покасно служи во штабот на 15 штипска дружина. По војните, во Софија е член на Привременото претставништво на поранешната ВМОРО. Убиен е од член на десницата во ВМРО во 1923 година, додека бил на операциja за слепо црево кај Александар Станишев од Кукуш.

1912 Во селото Буф, Леринско, е роден Трифун Пановски, борец во НОВ на Македонија. Загина во несреќен случај во близина на селото Буринец, Струшко (во несреќата загинаа уште тројца борци и едно дете), на 22 јуни 1944 година.

1920 Славка Фиданова македонски првоборец. Била припадничка на прогресивното младинско и студентско движење, организатор и учесник на Летната студентска колонија во Охрид (1939/40), член на КПЈ од 1940, учесник на Покраинската конференција на КПЈ во Македонија на 8 септември 1940 и секретар на МК на КПЈ за Тетово во 1941 година. По Ослободувањето била професор на Катедрата по историја на Филозофскиот факултет и проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Објавила повеќе трудови за поновата историја на Македонија. Носител е на Партизанска споменица 1941.

1926 во Прилеп родена е Тодорка Кондова-Зафировска македонска глумица и режисерка. Член на драмата во МНТ (1945-1964) и во Драмскиот театар од 1964 година до пензионирањето. На сцената е од првата претставата на македонски јазик во Македонскиот народен театар – „Платон Кречет“, одиграна на 3 април 1945 г. Таа се искажува како драмска, филмска, радио и телевизиска актерка, режисерка и професорка по актерско мајсторство на Факултетот за драмски уметности во Скопје, кое што и го потврди со објавениот учебник „Актерско мајсторство“. Починала на 29 мај 2003 во Скопје.

1928 Ѓорѓи Мавродиев македонски физичар. Роден во 1928 селото Крупник, Пиринска Македонија. 1960 докторирал на ПМФ со тема за исправувачките својства на Бунзеновиот пламен. Специјализирал во Љубљана и во Единбург. Од 1971 г. е редовен професор на ПМФ. Предавал механика, термодинамика и електромагнетизам, како и општа физика на останатите факултети. Објавил повеќе трудови за електричната спроводливост на гасовите и плазмата, за фазните дијаграми на тврдите тела и легурите, проучувани преку нивната дилатација, за тенките филмови и примената на сончевата енергија. Соавтор е на повеќе средношколски учебници. За периодот 1975-1976 бил декан на ПМФ.

1961 Антонио Митриќески роден во Скопје. Филмска режија завршува на Високата државна школа за филм и телевизија во Лоѓ, Полска. На филм започнува да работи во 1985 година. Вработен е како професор по предметот филмска и ТВ режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. За својата работа добитник е на повеќе награди и признанија. Докторира со темата „Теорија и практика на документарниот филм (Казимиеж Карабаш, Столе Попов, Мајкл Мур)“.

Починале:

1943 Кај селото Старо Градско, на Косово, во борба против италијанските фашисти и против балистите, загина Александар Урдаревски – Станко, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден е во селото Чучер, Скопско, на 18 февруари 1920 година.

1950 Илија Чулев умрел во затворот „Идризово“, по неколкумесечен престој во самица. За време на својот мандат во Белград, материјално ги помагал македонските студенти (Страхил Гигов, Кирил Миљовски, Ванчо Бурзевски и др.). Во 1941 година бил интерниран во затворот Ивањица како симпатизер на КП, а потоа бил ослободен и како лекар работел во Прешево. Кон крајот на 1944 година бил мобилизиран во македонските воени единици како санитарен лекар. Истовремено, во текот на 1945 година бил апсен на два наврати заради неговите демократски убедувања, а потоа суден како припадник на организацијата “Демократски фронт на Македонија – Илинден 1903“.

2016 Рафаил Колевски, академски сликар. Најмногу сликал актови, портрети и пејзажи, а последно на што најмногу се концентрирал биле апстрактните дела. Бил љубител на аналогната фотографија и поседувал сопствена лабораторија за развивање фотографии од негатив. Рафаил Коловски бил внук на познатиот зограф Крсте Коловски, кој ги изработил фреските во скопската црква „Св. Димитрија“ кои се самопрочистија на Велигден во 2012 година.

Ден 18 април 2025

00:01:17