9 ноември
Настани:
На 9 Ноември 1923г е убиен Димитар Ацев македонски учител и комунистички деец кој делувал во редовите на Бугарската комунистичка партија во првите децении на XX век. Учествувал во подготовката и организирањето на Септемвриското востание. Бил убиен од страна на членовите на ВМРО[1][2]. Како причина за неговото убиство од страна на ВМРО било наведено непочитувањето на договорот помеѓу ВМРО и БКП од последната за неширење на востанието во Пиринска Македонија.
Беше тоа на 9 Ноември 1944 кога е ослободен Велес.
Беше тоа на 9 Ноември 1946г кога починал Александар Спиров Развигоров револуционер и учител. Роден е во 1874 во Штип. Завршува на Кустендилската педагогошка гимназија. Учителствува во село Гоешево, Кустендилско (1902-1904) и во Македонија. Активен функционер на ВМОРО, председател на револуционерен комитет во Кочани. Во 1913 е прогонет од српските власти во Бугарија и потоа е учител во Плевенското лозаро-винарско земјоделско училиште (1914-1928). Едeн од издавачите и редакторите на албум-алманахот “Македонија” (1933).
На 9 Ноември 1972 починал Елисие Поповски како припадник на прогресивното работничко станал член на КПЈ во 1936 година. Учествувал во Шпанската граѓанска војна, каде пристигнал од Југославија на 15 јули 1937 година. Во април 1943 година дошол во Македонија. Бил политички комесар на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ и член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Во август 1944 година бил учесник на Првото заседание на АСНОМ. По Ослободувањето бил на разни политички должности. Меѓу другото, бил раководител на УДБ-а во Македонија до 1952 година. Починал во Скопје.
На 9 Ноември 1996 во квалификациите за СП, македонската фудбалска репрезентација, во Вадуц, против Лихтенштајн постигна рекордна победа од 11-1.
Беше тоа на 9 Ноември 2000 кога политичката партија на Македонците од Егејска Македонија на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕСА), одржано на 9 и 10 ноември, е примена како полноправна членка.
На 9 Ноември 2001 Наставно-научниот совет на Правниот факултет во Скопје донесе одлука со која Правниот факултет се именува во Правен факултет „Јустинијан Први“
Беше тоа на 9 Ноември 2005 кога Европската комисија даде позитивно мислење за кандидатурата на Македонија за членство во Европската унија и му препорача на Европскиот совет да и даде статус кандидат.
